Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Има ли синдикалци во Синдикатот?

Маја Томиќ

Kонфузија и во синдикализмот во Македонија. Го дочекавме денот кога стечајците дојдоа да протестираат пред Синдикатот. Колку и да звучеше чудно, тие завчера извикуваа дека се незадоволни што ја немаат поддршката од ССМ за нивните барања и обвинуваа дека Синдикатот ја изгубил независноста и станал продолжена рака на власта. Зарем стечајците и синдикалците не држеа досега иста страна, контра власта?

Сите се прашуваат кој ги наговори прв пат да дојдат пред синдикалната зграда, ако се знае дека секогаш протестирале пред Собранието или пред Владата, од кои се бара прифаќање на нивните барања за 100 евра месечно, до пензионирање или до вработување.

Настрана колку и дали се реални стечајните барања и какви се шансите за нивно реализирање ако се знае дека власта цела година е глува на нивните повици, тие заслужија внимание од Синдикатот. Но, никој од ССМ не излезе да одговори на упатените провокации од стечајците. Се појави само Драге Јовановски, противкандидатот на Живко Митревски за нов претседател на ССМ. Тој ја искористи револтираната стечајна маса за да каже дека е спремен да продолжи да ги поддржува стечајците како порано, но дека сегашното ново раководство на чело со в.д. претседателот Митревски ги суспендирало неговите намери.

Иако без позитивни повратни ефекти, факт е дека Јовановски во времето кога на чело на ССМ беше Ванчо Муратовски учествуваше во речиси сите протести на стечајците и одеше на преговори во Владата во нивно име. Факт е дека и Муратовски беше еднаш да ги посети стечајците од Куманово кога штрајкуваа со глад. Како што е факт дека Митревски вчера го игнорираше нивниот протест.

Најголем факт е дека од почетокот на годинава па досега Синдикатот најмногу енергија потроши занимавајќи се самиот со себе. Се' се вртеше околу релацијата Муратовски - Митревски и нивната битка за главната позиција, небаре ССМ е политичка партија.

Сега, пак, течат интензивните подготовки за вонредниот конгрес на ССМ за избор на претседател. Можеби затоа завчера кога стечајците протестираа, ССМ потроши енергија само за писменото соопштение до медиумите. Во него тие се оградија од изјавите на Јовановски, кои биле контра статутот на ССМ. Напишаа дека проблемот со стечајците не го игнорираат, туку дека тој треба да се решава низ институциите на системот, пред се', Економско-социјалниот совет, каде што Владата, работодавците и Синдикатот ќе преговараат и ќе носат решенија за сите социјални проблеми.

Значи во иднина да не очекуваме протести и штрајкови, туку дебати меѓу Синдикатот и власта за излез од економските проблеми. Добро звучи. Но, таква идилична соработка меѓу социјалните партнери нема никаде.

А, дали некој се сеќава кога последен пат Синдикатот масовно излегол на протести поради некоја владина реформа или одлука на штета на работниците. Нема ли за што да се штрајкува во земјава? Толку ли ни е убаво? Иако Владата ни пласира розови информации дека ни е супер, дека платите се зголемуваат, невработеноста се намалува, има странски инвестиции, расте БДП и така натаму, сите добро знаеме како ни е.

Чуствуваме како се топи стандардот, цените растат, а платите стојат. На дното сме во Европа со просечна плата од 320 евра, статистиката пресмета процент на сиромаштија од 31,1 отсто, се намали бројот на вработените во индустријата за над 13 илјади, стапката на невработеност изнесува 33,5 отсто, има над 340 илјади невработени и околу 50.000 социјални домаќинства, три проценти од вработените не земаат плата има илјадници стечајци, а постојано се менува Законот за работни односи и се' повеќе ги дерогираат работничките права... Во вакви услови, нема ли причина за реакција од страна на Синдикатот.

За овие проблеми многу тешко ќе се најде решение со штрајкови и со протести, а уште потешко со фин, социјален дијалог на каков што претендира новиот состав на ССМ.


#
Статијата е прочитана 524 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 24.09.2010 12:46:12
Да веруваш во ССМ ,исто е како да веруваш во денешните попови.Синдикалните лидери се продолжена рака на власта исто како поповите што премина во политичари.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2010 19:22:18
Авторката на текстот треба да се запраша попрецизно,,Дали воопшто некогаш како и сега имало синдикалци во синдикатот,,.Сегашниов е зависник од власта а неговиот предходник беше чудо од синдикалец кога побара да синдикатот има министерско место во владата.Барање раритетно во светски размери.

Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Тиквешански
Џулија Робертс со награда за животно дело
Распродажба на уметничките дела на актерот
Сто бели бумбари за претседателот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Ни на крај памет дека ќе бидам презентер
Сиромаштија во сто чекори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Ретроподарок од срце
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist