Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

Музика: Фил Колинс

Ретроподарок од срце

Еден од најдобрите светски хитмејкери и поп-рок ветерани Фил Колинс со нов кавер-албум

Александар Митевски

Конечно, повторно се активира стариот музички волк и ветеран на светската сцена, Фил Колинс, за кого јавноста веќе и се откажа дека тој повторно ќе ги земе палките од тапаните и микрофонот во своите раце. По осумгодишна пауза и музички хиатус, Фил се враќа нов проект, иако не е нов оригинален авторски албум (се работи за албум со кавери), но, сепак, предизвика голем интерес со самото негово појавување деновиве. Тој во сите свои интервјуа изјавуваше дека конечно му се остварил сонот со овој албум, со што ги собрал сите неговите омилени нумери кои го потсетуваат на младоста и ги преработил во свој стил. На овој албум со преработки се најдоа и неговите стари хитови hitovi „You Can't Hurry Love“, „A Groovy Kind Of Love“, „Tomorrow Never Knows“ и многу други, а самиот наслов на албумот Going back ја отсликува тенденцијата да се врати кон минатото и едни убави времиња со музиката со која израснал. Овој висококласен музичар, автор и тапанар, кој го знаеме по огромниот хит Another day in Paradise и многу други вонвременски нумери е добитник на седум Греми награди, два Златни глобуса и Оскар за својата музичка дејност. Како што се објави, тој е и еден од групата автори што се дел од годинешните номинирани на таканаречените Songwriters Hall of Fame, или еден од најдобрите автори на музика на денешницата. Тој се закити со престижната награда Џони Мерсер (легендарен автор на песни и основач на ова престижно доделување) и според Фил, оваа награда во животот многу повеќе му значи и има поголемо музичко влијание одошто да се добие Оскар или Греми. Покрај него, годинава со ова престижно признание се закитија и легендарните Earth Wind и Fire, Леонард Коен, Дејвид Фостер и неколкумина други.

Полнокрвната кариера на овој мултиталентиран британец е според сите мерки една од најпрофилираните и креативни, па би рекле и една од најимпресивните во модерната музичка историја. Подобро би рекле дека тоа се повеќе кариери вметнати во една генерална кариера и тоа мора да го споменеме неговиот кариеристички ефект како инструменталист-тапанар, вокалист, композитор и, секако, продуцент, кој продуцираше многу познати музички парчиња од областа на поп-музиката, па беше водач на биг бенд оркестар и еден од главните играчи што пишуваат филмска музика. Во неговите три декади посветени на музиката, Фил има импресивна бројка од продадени стотина милиони соло-албуми, или 250 заедно со оние од „Џенезис“ и има голем каталог на свои светски хитови.

Во одредени пикови од својата кариера Колинс беше и еден од најистурените играчи на естрадата и силно доминантен на сцената во времето на хитовите, како што се In The Air Tonight, Against All Odds, Another Day In Paradisе, Sussudio, You Can't Hurry Love и Two Hearts, кои се негов заштитен знак.

Тој направи огромен чекор напред со неговиот проект од 2004 година Testify, кој по шестгодишна пауза претставуваше вистинско негово повторно созревање и уникатен звук што беше студиозно сработен. Тој со својот препознатлив вокал и својата типична музичка обвивка претставува вистинска реликвија во денешната модерна музика во која тој ја зачува неговата посебност и стил, а, сепак, звучи во денешните норми.

Неговата љубов кон филмската музика, исто така, му го промени музичкиот пат и одигра главна улога во последната декада од неговата музичка дејност. Сите верувам го паметат неговото деби со музиката за филмската сторија за Тарзан од каде што произлезе вечната тема You'll Be In My Heart. Потоа следуваа уште многу Дизниеви проекти, како што се продолжението на Тарзан и Брадер Беар.

Од неговиот интересен животен пат и големиот музички бекграунд вредно е да се спомене и неговото учество на традиционалниот и спектакуларен кралски јубилеен концерт што го организираше кралицата Елизабета Втора во 2003 каде што сите ги воодушеви со своите тапани во Бекингемската палата. Како позадински играч, тој со своите тапани ги следел големите легенди и свои блиски пријатели, тргнувајќи од Ози Озборн, па се' до Ерик Клептон, со кого го врзува и вистинско трајно пријателство.

Овој инспиративен и секогаш ведар 59-годишен Британец летово бил на одмор со своите два најмали сина и ја остварил својата дамнешна желба да отиде во славното Аламо и да ја разгори својата страст кон собирањето артефакти од славната битка од 1836 година. Тој ги брифираше новинарите во врска со својата нова плоча со кавери Going Back, која е вистинска лектира со стари блуз и соул кавери, голема и вредна Мотаун читанка во која активно учествуваа и некои инструменталисти од таа ера.

Ова е инаку негов осми студиски албум што се појави во целиот свет оваа недела и во својата основа ги има најголемите соул класици од 60-тите од ерата на Мотаун. Албумот настана по цели 8 години пауза од неговата кариера затоа што Фил работеше повеќе на продуцирање проекти за други изведувачи, филмска музика и секако своја соло-турнеја и онаа што ја имаа со членовите на „Џенезис“. Ова не е нова идеја на Фил, кој веќе на неколку наврати имаше преработки на стари класици, како што се You Can't Hurry Love, кој го оживеа во 1982 година. Сепак, за разлика од новите трендови во кои ветераните на музиката со сите сили се трудат што ќе направи повеќе албуми со стари кавери од Род Стјуарт, па се' до Бери Манилоу, се чини дека оваа творевина на Фил е работена многу студиозно, со многу љубов и посветеност што се слуша во песните.

Тој мисли дека овој албум не е изненадување за никого затоа што тој јавно посакува овој албум да му случи и тоа со години и тие песни, со некои на Дасти Спрингфилд, некои од „Ронетс“ или „Импрешнс“ ја создаваат музичката ткаенина на која израснал во текот на тинејџерските години. Како дете, тој ги гледал легендарните Д Ху или Екшн како ги изведуваат тие класици за кои сонувал дека еден ден можеби ќе ги врами во своја музичка рамка.

Се чини дека оваа нова опсесија на Фил полека му го излади ентузијазмот кон музицирањето со другарите од бендот „Џенезис“, кои ги рестартираше пред неколку години. Со новата колекција на блуз и соул класици некако како чин тој според критичарите и' стави точка на кариерата врзана со „Џензис3 и некако стави до знаење дека таа прикаска за него е затворена. Тој и изјави дека за него тие ќе останат во убаво сеќавање и не се гледа себеси во некои следни шоу-концерти врзани со овој бенд. Некако Фил се чувствува дека повеќе сака да му се посвети на овој личен албум, да поминува повеќе време со своето семејство и, секако, да ја исполни неговата одамнешна желба да напише книга за славното Аламо.

Приватно, Колинс е многу затворен и не сака многу да зборува или, пак, да ги отвора вратите на неговиот приватен живот. Во жолтиот печат осамна веста некаде во 2007 кога тој и неговата екссопруга ставија крај на нивниот брак. Рокерот и неговата екссопруга Оријана Сејви велат дека се одлични пријатели по разводот, иако тој мораше да и исплати вртоглава сума од 37,5 милиони долари, со што е еден од најскапите разводи во музичката индустрија. Искрен е или не, сепак, Фил изјавува дека тој е многу близок пријател со неа и и' дава совети во врска со ситуациите што таа ги има со новиот маж. Тој вели дека таа е и негова главна потпора и знае да помине во студио кога снима некои нови материјали, а посебно му биле драги нејзините совети додека го снимал новиот албум со кавери.




#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Има ли синдикалци во Синдикатот?
Тиквешански
Џулија Робертс со награда за животно дело
Распродажба на уметничките дела на актерот
Сто бели бумбари за претседателот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Ни на крај памет дека ќе бидам презентер
Сиромаштија во сто чекори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist