Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

ТВ-серија

„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи

Првата домашна ТВ-серија, која доаѓа по 15-годишна пауза, ќе почне да се емитува кон крајот на септември или во почетокот на октомври, вели нејзиниот главен идеен творец и режисер, Иво Лауренчиќ

Катерина Шекеровска

Македонските обожаватели на ТВ-сапуници, конечно, може да здивнат. По пауза од петнаесеттина години, на повидок е стартот на новата домашна играна серија, насловена „Од денес за утре“, во која на хумористичен начин ќе бидат претставени случки од секојдневниот живот на едно просечно семејство од средната класа, составено од неколку генерации што живеат под еден покрив. Семејството се соочува со сите проблеми и предизвици на новото време, но серијата има намера да ги прикаже од духовитата, посветла страна на животот. Главниот виновник за оваа доза на ведрина, смеа и растоварување од секојдневните обврски е првиот човек на маркетинг-агенцијата „Идеја плус“, Иво Лауренчиќ, кој се јавува како идеен творец и режисер на серијата, која има цел да ги помине и границите на нашата земја.



Каква беше атмосферата за време на снимањето на првиот циклус епизоди од серијата „Од денес за утре“?

„Во почетокот, почнувајќи од мене, кај сите владееше страв од одговорноста пред еден исклучително голем проект. Како што изминуваше времето, атмосферата стануваше се' поолабавена, бидејќи екипата се увери дека сме на вистинскиот пат. Знаете како е, по секој одделен предизвик, луѓето гледаат дека она што го работат е добро и со тоа расте и самодовербата и атмосферата“.

Телевизиската серија „Од денес за утре“ првенствено имаше план да се направи во 13 епизоди, меѓутоа, во текот на работењето постојано се раѓаа нови и свежи идеи, па така стасавме до серија од 16 епизоди со просечно траење од 45 минути. Снимањето се одвиваше на неколку локации во Скопје“.



Се знае ли прецизниот тајминг и деновите кога ќе се емитува на ТВ Сител?

„Моментално ја финализираме постпродукцијата, која треба да го даде конечниот визуелен и тонски изглед на серијата. Извесно е дека емитувањето ќе започне наскоро, согласно со предвидениот тајминг, крајот на септември или почетокот на октомври“.



Колку вие како режисер сте задоволен од ангажираноста на целата екипа, пред се', од актерската?

„Презадоволен сум од ангажманот на целата екипа, вклучително и техничкиот дел на екипата - би сакал да ги издвојам луѓето од Сител, кои со најмодерна техника и со 5 камери учествуваа во реализацијата на серијата. Она што беше вистинско задоволство, беше соработката со исклучителните македонски актери: Сенко Велинов, Билјана Беличанец-Алексиќ, Диме Илиев, Ленче Делова, Влатко Илиевски, Ана Стојановска, Звездана Ангеловска, Митко С. Апостоловски, Јасмина Поповска, Јовица Михајловски. Актерската поделба се покажа како идеална и секој од нив го даде својот максимум – изградија ликови на кои им се верува, природни и автентични“.



Серијата доаѓа по долгогодишен пост во домашниот ТВ-етер, а надежите се дека ќе ги надмине нашите граници. Има ли реално шанси за излез надвор? Како една македонска ТВ-серија да се наметне на ТВ-програмите во Хрватска, Србијаи во другите земји од соседството, па и пошироко?

„Серијата доаѓа можеби по 15 години пост, и мислам дека ќе биде вистинско освежување за македонските гледачи и гледачите од регионот. Се надеваме дека ќе има шанси за емитување и во регионот. Веќе влеговме во преговори со Словенија, Хрватска и Србија и веруваме дека ќе завршат успешно, бидејќи луѓето со кои разговараме се многу позитивно изненадени од актерската екипа и од техничката реализација на серијата“.



Мало потсетување, околу што се врти дејството во хумористичната серија и кои се главните ликови - носители?

„Во серијата станува збор за класично семејство во кое живеат три генерации, се случува во денешно време и опишува обични приказни од секојдневниот живот, во кои може да се препознаат нашите идни гледачи. Низ серијата провејува суптилен хумор, кој понекогаш предизвикува солзи од смеа, а на моменти и од емоции. ТОМЧЕ БРОЗ, или Томче Трикотажа, е главниот машки лик во серијата, а го толкува актерот Сенко Велинов. ЦВЕТАНКА – или за блиските ЦЕЦЕ, е сопруга на Томче Броз, а ја толкува актерката Билјана Беличанец-Алексиќ. БОГЕ е брат-близнак на Томче Броз, а го толкува актерот Диме Илиев. РУЖИЦА е мајка на Цветанка, ја толкува актерката Ленче Делова. Комшијата САЈО го толкува актерот Митко С. Апостоловски. БОЈАН е син на Томче и на Цветанка, а ликот го толкува актерот Влатко Илиевски. КАЛИНА е ќерка на Томче и на Цветанка и сестра на Бојан, а ја толкува младата актерка, Ана Стојановска. СОФИ е секретарка на Томче, ја толкува актерката Звездана Ангеловска“.



Какви се првичните реакции на оние што имале можност претпремиерно да погледнат дел од епизодите?

„Серијата досега ја виделе повеќе луѓе, од актерите, потенцијалните купувачи од регионот, моите пријатели... Реакциите се изненадувачки во позитивна смисла. Досега добивме многу комплименти, кои за мене се збунувачки и неочекувани во толкава мера“.



Најавивте и специјални гости. Кои ќе ги видиме во серијата?“

„Во серијата како гости ќе се појават исклучителните македонски актери Бранко Ѓорчев и Александар Микиќ. Бата Живоиновиќ, кој беше најавуван дека ќе се појави во серијата, за жал, не беше во можност поради здравствени проблеми“.



Ќе се снимаат ли продолженија? Какви се натамошните планови?

„Во секој случај, ќе се снимаат продолженија, бројот на новите епизоди ќе зависи од тоа како публиката ќе ја прифаќа серијата во Македонија и надвор“.



За крај, чувствувате ли трема пред прикажувањето на првата епизода?

„Да, чувствувам голема трема и одговорност, посебно поради тоа што станува збор за проект во кој многумина ја вложија својата доверба, екипата се вложи себеси со многу енергија, знаење, желба да се направи најдоброто, а од друга страна, гледалиштето исто така, има свои очекувања. Би сакал сите тие да бидат задоволни, а, пред се', нашите идни гледачи“.


#
Статијата е прочитана 1013 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Има ли синдикалци во Синдикатот?
Тиквешански
Џулија Робертс со награда за животно дело
Распродажба на уметничките дела на актерот
Сто бели бумбари за претседателот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Ни на крај памет дека ќе бидам презентер
Сиромаштија во сто чекори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Ретроподарок од срце
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist