Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

Интервју: Борислав Тноковски

Ни на крај памет дека ќе бидам презентер

Ентузијазмот, ведрината и енергијата на Борислав Тноковски ги прават вестите на Канал 5 попривлечни за аудиториумот

Бојан Шашевски

Прилично свежо лице од телевизиските екрани, но не и непознато. Младешката ведрина и енергија на битолчанецот Борислав Тноковски ги прават вестите на Канал 5 погледливи и привлечни за аудиториумот, а неговиот ентузијазам се чувствува и на брановите на радио Метрополис каде што, исто така, е ангажиран околу подготовката и водењето на радиовестите.



Зад себе го имаш Филолошкиот факултет, односно групата Француски и шпански јазик. Оттука и прашањето зошто се одлучи за ТВ-презентерство? Имаше ли одамна амбиции да работиш во медиум?

„Во медиум – да, но пред камера – не. Во почетокот немав доволно храброст да излезам пред камера, но, најверојатно, потсвесно желба постоела. Адреналинот и динамиката со кои се работи во медиум беа мамецот од јадицата за кој се фатив. А, по некое непишано правило, пак, јазичарите многу често завршуваат во медиуми“.



Во конкурсот за нови презентерски и новинарски лица, кој го правеше националниот ТВ-сервис во 2007 година беше избран како најмлад, но и како единствено момче од петорката што продолжи со активностите во МРТВ. Како се најде во целава оваа приказна?

„Иако е излитена фраза за сите оние што кажуваат како ја започнале кариерата, мојот одговор е – случајно. Бев при крај со студиите, го видов огласот и се пријавив. Огласот беше многу општ, па ни на крај памет не ми паѓаше дека ќе бидам избран за презентер на вести со 22 години, ама со поддршката од екипата која беше задолжена за наша обука и дел од дамите од петорката, успеав да се снајдам“.



Моментално си презентер на вестите на Канал 5 телевизија. Имаш ли некои посебни подготовки пред почетокот или, пак, како што многумина милуваат да кажат - се работи за „обично читање од идиотот“?

„Само тој што седнал пред идиотот може да каже колку е тоа „обично“. Вестите се една огромна машинерија каде што презентерот го носи на свој грб сето она што го сработила една масовна екипа. Презентерот, всушност, е последен филтер низ кој поминуваат вестите. Од еден мал хаос што се случува зад камерите, да се направи еден одлично скроен финален производ сервиран пред гледачите и не е мала работа. Потребна е максимална концентрација, да се заборави на смеа и нервоза и смирено да се седне на жешкото столче пред идиотот. Често знам да кажам на шега: „Само да знаат гледачите што се случувало пред да биде пуштена најавната шпица, е тоа би било интересно“.



За време на емитувањето на вестите постои интеракција меѓу презентерите и новинарите. Колку ви е дозволено да разговарате меѓусебно и дали надоврзувањата се спонтани или се планираат претходно...

„Во вестите и во најголемите светски ТВ-куќи ништо не е оставено на случајност, но секогаш постои простор или нужност за моментална интервенција. А искрената комуникација со новинарите за време на директно вклучување можеби е резултат на тоа што тие се колегите што секојдневно ги среќаваш во деск, се шегуваш за време на пауза, па мислам дека и неприродно би било некое премногу официјално обраќање, на крај и за самиот гледач е многу подостапно така“.



Освен ангажманот во телевизијата, дел си и од радиото Метрополис. Како се снаоѓаш на радиобрановите?

„Таму сум по моја желба. Откако ја открив таа долго озборувана „магија“ на камерата, сакав да го истражам и радиотеренот. Коцките се наредија и ме ангажираа за подготовка и водење радиовести“.



Компаративно гледано, можеш ли да посочиш кој медиум повеќе ти одговара?

„Кога ќе ја направиш комбинацијата радио – ТВ, тешко е да се одлучиш каде ти е подобро. Но, може вака да кажам: кога ме мрзи да се средувам, повеќе ми одговара радиото, а кога ме мрзи наутро да зборувам повеќе, - ми одговараат ТВ-вестите попладне“.



Малку за себе... Кој е, всушност, Борислав Тноковски? Може ли да ми дадеш едноставен, незашеќерен и нашминкан опис?

„Најобичен човек, кој е далеку поолабавен и понеформален од она што го гледаат на вести. Помладолик – барем така велат тие што ќе ме видат првпат во живо. Човек што работи за да живее и ужива во заработеното, а не обратно. За останатите квалитети и мани не ми е природно да зборувам самиот“.



При презентирањето на вестите може да се почувствува твојата ведрина и свеж, позитивен дух. Од каде ја црпиш оваа енергија? Имаш ли можеби некоја посебна личност покрај себе?

„Хм... Убаво си го оформил прашањево за да дојдеш до посакуваниот одговор. Не се сведува се' на една личност покрај мене – енергијата доаѓа од повеќе личности. А ако мислиш на поубава или понежна половина, како што некои милуваат да кажат – постои, да, и таа заедно со мајка ми можеби се и најголемите мои фанови“.



Што е со слободното време? Како се забавува Борче (како што нагалено го викаат пријателите) кога не е вклучена камерата?

„Во тој случај е вклучено домашното озвучување со квалитетна музика, пуштен е телевизорот – најчесто на француски или на шпански канали за да останам во тек со јазиците, вклучен ми е мозокот со кој седам и пијам кафе, се' до оној момент кога ќе се решам да се релаксирам вистински– најчесто тоа е во вода. Е тогаш – се' исклучувам“.

Беше водител и на неколку манифестации, меѓу кои и на македонскиот избор на песна за Евровизија „Скопје 2008“. Бидејќи кај нас многу пејачи станаа водители, а водителите запееја, може ли да очекуваме нешто такво и од тебе?

„Со оглед на тоа дека имам завршено основно музичко образование отсек – пијано, па и не ми е толку непознато тоа поле. Па ако препознава некој автор квалитети и на тоа поле, нека ми понуди песна, па ќе видиме. Се надевам дека нема да има потоа коментари од типот: „И овој стана пејач“ (ха,ха,ха)“.



Правиш ли долгорочни планови?

„Kojа би била смислата на животот доколку немаш постојано цели кон кои би се стремел. Секако дека да, но тоа би се сведило на се' она што еден млад човек може да посака. За почеток да сум здрав, жив и успешен, како на професионален, така и на приватен план“.


#
Статијата е прочитана 1116 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Има ли синдикалци во Синдикатот?
Тиквешански
Џулија Робертс со награда за животно дело
Распродажба на уметничките дела на актерот
Сто бели бумбари за претседателот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Сиромаштија во сто чекори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Ретроподарок од срце
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist