Жени од пред две дена владеат со Швајцарија откако на последните избори четири од седумте министерски места ги добија жени. Трансферот на власта кон првата „женска влада“ во историјата на Швајцарија, но и во историјата на „машкиот“ свет каде што „женските човеци“ секогаш биле третирани како несакано или како нужно зло се случи откако пратеничката Симонета Сомаруга стана министер за животна средина, за транспорт и за енергија.
Светот не ја поздрави на „големи ѕвона“ победата на женската демократија во Швајцарија. Веста повеќе беше толкувана како куриозитет во смисла: жени – мнозинство во влада.
Но, швајцарскиот упад на жените во машките работи, како што е власта, има своја специфична политичка тежина. Токму Швајцарија до втората половина на минатиот век беше најзаостаната земја во поглед на женските права. Дури во 1971 година и децении по бунтот на Клара Цеткин и Роза Луксембург во раните години на минатиот век, во Швајцарија, која отсекогаш се идентификувала со рај лоциран под Алпите, жените добија право на глас.
Во тоа време, жени во политиката беа веќе апсолвирана категорија низ ликовите на Сиримаво Бадеренаике од Шри Ланка, Индира Ганди од Индија, Мегавати Сукарнопутри, ќерка на соборениот претседател на Индонезија...
Швајцарија не е исклучок во Европа, првата влада на сегашниот шпански премиер Хозе Луис Запатеро имаше повеќе жени-министри; во Финска и во Шведска ресорите се рамноправно поделени. Амазонките во Швајцарија можеби задоцнија, но нивото на комуникација меѓу мажите и жените наведува на размислување.
Mojot komentar moze da se tolkuva kako sakate no jas ke bidam iskren i ke kazam deka dolgo vreme se mislam da zapisam parula i da izlezam na centarot na Skopje za da protestiram za moite prava kako maz protiv zenite. Svesno dozvoluvame da trgneme protiv majkata priroda! Pa zarem nie mazite ragjame deca ili zienite da mu se snevidi? Pa mene mi fali seks lugjem siguren sum deka i golem procent na mazite imat isti problem! Zosto? zatoa sto zenata saka da raboti, da bide ni pomalku ni poveke ednakvaso mazot! E pa ne e mozno i ne e tocno, zenite imaat poveke prava nego mazite, zatoa GI BARAM MOITE PRAVA KAKO MAZ. odkako zenite pocnaa da vladeat, svetot pocna naopaku da odi, treba da se zapre ovoj trend, dosta veke aman.