Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

Си велам

Сто бели бумбари за претседателот

Ерол Ризаов

Нашата стратегија во односите со Грција не дава резултати

Претседателот Ѓорге Иванов, конечно, може да си го измери рејтингот без да има уплав. Сигурно му е рипнат за едно десет пати. Сега веројатно има цели 11 проценти. Стана херој. Влезе во историјата. Им плесна в очи и на Грците и на Европа, и на целиот свет кој е виновен за сите наши несреќи, нашата сиромаштија, блокадите на развојот и безработицата и на нашиот затворен пат кон Европа и НАТО. Браво, претседателе. Светската политичка елита занеме. Остана без зборови. Се затресе зградата на ОН на Ист Ривер во Њујорк од тежината и острината на говорот на нашиот Ѓорге. Така треба да се бранат интересите на Македонија. Нашиот ни претседател ќе си дојде од Америка во татковината како голем јунак. Тоа што тој го направи само јунак може да го направи. Затоа доби сто бели бумбари во онаа антологиска ТВ-емисија со разнобојни инсекти што претставува гордост на македонското новинарство. Мислам дека е добро на аеродромот „Александар Велики“ лично да го пречека премиерот Никола Груевски.

Ете така се станува патриот со тапија во Македонија. Тоа е големиот успех на македонската дипломатија. И што мислите сега до каде сме. Дали на светот успеавме да му кажеме дека Грција лаже кога вели дека сака заеднички прифатливо решение. Или и ние лажеме кога велиме дека сме подготвени за разумен компромис. Преговарачот на ОН, искусниот Метју Нимиц, кога дипломатски вели нема нов предлог, а има оптимизам, тоа значи лажат двете страни. Дали по говорот на претседателот Иванов сме поблиску до решение или подалеку.

Го слушам ехото на контрапрашањето, а што ни прави Грција. Дали не е вистина дека не' блокира, кон Европа и НАТО, дали тоа драматично не се одразува на нашиот развој, нели е тоа уцена од позиција на моќ и сила, какво е тоа барање некој кој веќе 70 години се вика Република Македонија да си го смени уставното име, дали Грција не ги злоупотребува основачките акти на ЕУ и на НАТО, дали евидентно не ја почитува привремената спогодба чиј гарант е токму ОН, дали Грција не го крши меѓународното право. Да, сето тоа е точно. И не е само тоа. Грција навистина ја блокираше Македонија на очиглед на светот со трговското ембарго невидено и нечуено досега во поновата историја на Европа. Со притисок и со помош на Франција, која ја злоупотреби својата позиција во Советот за безбедност на ОН и со закана дека ќе стави вето оневозможи да станеме членка на ОН со уставното име. Грција успеа да изврши срамен притисок врз мирољубивиот сосед да си го смени уставниот член каде што се предвидува грижа за своите малцинства во соседните земји, а ист таков член има во својот Устав. Што мислите каков скандал би избил некој да побара од Грција или од која било европска земја да си го смени Уставот. Грција го проблематизира македонскиот национален идентитет, јазикот, историјата, географијата, топонимијата.... Да, и тоа е точно. Но, кој го знае тоа во светот, освен ние. Се разбира, понешто знаат и владини функционери на многу земји и извесен број политичари. Но, тоа е капка во океанот. Светската јавност за ова не знае речиси ништо. Политичките и интелектуалните елити во светот не вршат никаков притисок врз сопствените влади да се заземат за исправање на неправдата кон Македонија. А, како да го направат тоа ако никој не ги анимирал. Македонската политички врв, дипломатија, новинарство, интелектуални елити, не успееја да го информираат и заинтригираат светот за она што се случува во односите меѓу Грција и Македонија . Напротив, постојано влечеме погрешни потези кои и одат во прилог на Грција. Ја губиме драматично дипломатската војна. Влечеме потези кои Грција, всушност, ги посакува. Тоа се грешките со антиквизацијата, изградбата на антички споменици, преименувањето на аеродроми, стадиони, автостради. Тоа беа грчките тројански коњи што ги прифативме. Треба да си признаеме дека не успеавме ниту една голема сила да придобиеме решително да застане зад нас. Признавањето под уставно име во билатералните односи со голем број земји не ни помогна пресудно да се реши проблемот во нашата полза. А и тој некогаш позитивен процес сега е целосно запрен.

Колку и да сме во право во односите со Грција, нашата стратегија и тактика во светската дипломатија изразена во последните години не дава резултати. Политика без резултати е погрешна политика. Грција ништо не загуби, а Македонија сега е во најлоша позиција. Говорите од типот на претседателот Ѓорге Иванов во ОН немаат поширок одглас во светот, освен во Македонија. Поените освоени дома со острите напади кон Грција се минуси на меѓународната политичка сцена. Во политиката е исто како во спортот. Можете да играте и поубаво и пофер, може судијата да биде пристрасен, на крајот останува најважен резултатот. Се' друго е оправдување за поразот. Наметнатиот проблем со уставното име во земјата се претвори во домашна битка за освојување на власта и за зголемување на личните и партиските рејтинзи на сметка на иднината и угледот на државата. Последен час е нешто радикално да се менува во македонската надворешна политика и во односите со соседите. Особено е неопходен генерален ремонт на македонската ригидна стратегија за отстранување на грчките блокади на патот кон Европа.

Македонија не може да стане членка на ЕУ и на НАТО без компромисно решение. Тоа го знаат и премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов. Затоа во сите нивни обраќања на меѓународната политичка сцена, а веќе се' почесто и дома зборуваат за заеднички прифатливо решение иако притоа не кажуваат што подразбираат под тоа. Сигурно не мислат дека заеднички прифатливо решение е да го зачуваме уставното име и да влеземе во НАТО и во ЕУ. Поблиску до вистината е дека Македонија ќе ја добие конечната битка за уставното име само откако ќе стане рамноправна членка на НАТО и на ЕУ. За тоа мора да се има трпеливост, мудрост и државничка храброст.

Спасоносната идеја на Никола Груевски да се оди на референдум и народот да се изјасни за името влегува во нова мошне загрижувачка фаза. Она за што пишував пред две години деновиве го соопшти и грчкиот весник „Катимерини“. Ако Македонија оди на референдум како највисок демократски чин, истото тоа ќе го направи и Грција. Ако граѓаните на двете држави на свои референдуми изгласаат онака како што сега е расположението во Грција и во Македонија, тогаш рацете на политичарите се врзани за уште долги години. Почитувањето на народното изјаснување во двете земји ќе значи Македонија да остане надвор од евроатлантските интеграции. Кој во тој случај по такви референдуми ќе може да преговара и да договара каков било компромис и заеднички прифатливо решение.

Постои уште една голема опасност која се' почесто може да се слушне во Македонија од релевантни личности и институции блиски до власта: што ќе ни е Европа и НАТО. И тие само што не се распаднале. Тоа се регионални привремени организации. Што и' недостига на Швајцарија која не е членка на ЕУ. Можеме и сами да се развиваме и да градиме просперитетно и демократско општество.

Прво, никој ��о Македонија не понудил алтернатива, каде ако не во НАТО и во ЕУ. Сите релевантни политичари и партии велат дека тоа се највисоки македонски приоритети. Други алтернативи нема, тврдат категорично и власта и опозицијата.

Второ, НАТО и ЕУ не се привремени регионални асоцијации, туку двата најмоќни светски економски, политички и воени сојуза во кои членуваат 30-ина земји.

Трето, на Швајцарија навистина ништо не и' недостига. Ги има швајцарските банки, часовници, скијачки центри и чоколади. Се' големи светски брендови кои носат милијарди долари. Македонија нема Швајцарци, а нема ни еден светски бренд. Швајцарија може без ЕУ, а и ЕУ може без Швајцарија. Тоа не им пречи на Швајцарците да бидат најголеми Европејци во вистинска смисла на зборот.

Четврто, дали можеме сами да одиме напред. Колку можеме за 20 години, покажавме. Уште не можеме да ја стигнеме 1989 година. Ако овие 20 години не влезеа над 10 милијарди долари помош од Европа, Америка и некои други високоразвиени земји тешко нас. Ни кучињата немаше да ни го јадат алот.


#
Статијата е прочитана 2691 пати.

Испрати коментар

Од: ГРЦИЈА ЛАЖГО
Датум: 24.09.2010 12:18:25
1- Во врска со кампањата што грчката страна ја води кон Македонија обвинувајќи ја притоа за вршење на „антиквизација“ Иглбергер истакнува оти Грција нема право да ја присвојува античката македонска историја. - Грција тврди дека Македон или Македонија и Александар Македонски се нејзвини. Тоа е лажно тврдење и редно време е некој да го обелодени тоа. Античките Грци ја сметале Македонија за полуцивилизирана и која за нив претставувала извор на сировини и ништо повеќе. Подемот на Македонија за време на Филип и неговиот син Александар бил дочекан со забележлив немир и со воено спротиставување, чиј резултат бил страотниот пораз на градовите како Атина и Теба. Филип и Александар биле сметани за тирани кои ја уриваат слободата на Грците. Тоа што современите Грци тврдат дека античкото кралство на Македон е нивно претставува игнорирање на еден историски факт, истакнува Лоренс Иглбергер. 2- Откако неколку дена заедно со Друцас ја обвинуваше Македонија дека не сака решение на името и ги кодоше
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 24.09.2010 12:25:59
Одличен текст, но за кого г Ризаов. Сега ќе се јави ФЕЛИКС (или дедо димо, уатевер) и ќе истресат пак некакви небулози (као, сме ја утнале шансата 95). Народе македонски, ќе се удавиме во калта која ни ја спремија Ѓоле, Грујо, Ѓорчев, Димовски (Илија) и останатата полуписмена портокалова свита. Нели гледате во што се претвараме? Бетер сме и од Бугарија во раните 90-ти. Единствена перспектива на младите е криминал....машките одат во ЕУ да дилаат дрога и да крадат (на ситно) а женските да се курваат. Скапуваме од внатре. А вие, горди Македонци и талкајте и понатаму по стапките на Портокаловата Револуција. Кога ќе сватите во која бездна не туркаат полуписмениве ќе биде касно. А Грујо и фамилијата ќе се снајдат....товарени се веќе магарињата и растоварени во Чешка....
Од: dobrejci
Датум: 24.09.2010 12:41:25
odlicno kazano,ama krajno vreme e da pocnete da pisuvate na tema ZOSTO debilite koj ne vodat nemozat da go razberat toa,dali e mnogu tesko ili nesto drugo e vo prasanje.
Од: ...
Датум: 24.09.2010 12:42:17
Овие полуписмениве имаат бумбари само во главата, наместо мозок :)
Од: Saso Germanija
Датум: 24.09.2010 13:02:08
Erolce ne ni treba nikakva strategija kon Grcija, kako sto ne ni trebaat nikakvi muabeti za popredok(pri predenje,go velea starite babi) i ako napravime referendum pred makedonskiot narod i gragjanite na Makedonija, Gruevski ke padne zasto nema da mu se odobrat nikakvi muabeti(ede, razgovori). So toa kapitelot e zaklucen i site brborkovci ke nema smisla potoa da drdorat. Drn,drn, "razgovori"!
Од: Komentator
Датум: 24.09.2010 13:30:52
Почитуван Ризаов,како и секогаш анлизите ти се силно професионални и добри.Меѓутоа на кој му кажуваш,на Грујо ли или на неговите слепи следбеници.Сите го знаат вистинското неизбежно решение од кое нема бегање , меѓутоа кога се нема никакви резултати од нивното владеење, единствена карта која им остана е 1.патриотизмот и 2.да ја избегнат Европа која веднаш ќе не стави под мониторинг и тогаш ќе биде крај на нивното растурање , перење и крадење на пари преку нивните јалови пропагандистички проекти, а тоа значи и крај на нивното владеење.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.09.2010 13:33:47
Не можам да се согласам со ставот дека Грците ни ги пратија Тупурко и Петров,чучнати на границата!Дури потоа беше воведено ембарго!Не можам да се согласам дека Грците ни го ставија на Знамето „сонцето од Вергина“и го прогласија за „вечен симбол на Македонците“!По тоа,дојде барањето за негова промена!Не можам да се согласам со фактот дека Грција го повикуваше Георгиевски да го прогласи Солун за „наш“!Та таа ли бараше да прифатиме дека ни одзела „наш“Дел?По што следуваше барањето за промени во Уставот на РМ!Грција ли го влечеше Хорхе за јазик да изјави дека таа,најголемиот инвеститор,нè спречува во „силниот“економски „развој“?!Во државата каде рецесијата „ниту припари,ниту има последици“?!Тие ли нè спречија да се идентификуваме како Славјани Македонци,или ни ја смислија бајката за Антиката и Големината-Освојувачи на Светот?Ни го осмислија ли Великиот Барок на Антиката?Ни го Навлекоа ли Срамот,наречен Неуки Политичари,кои прогласија дека и Св.Петар нè зел за основа?
Од: Јован АН
Датум: 24.09.2010 14:35:45
Aвторот по кој знае кој пат за спорот со нашето име ја оптужува само нашата (сегашна) влада.Зборува дека Македонија мора да го промени името!?!Какви се тоа глупости?Мора само да се умре!Да ли на авторот му е јасно ЗОШТО Грција бара промена на името на нашата земја?ЗОШТО?Одговорот ќе му разјасни дека со прифаќање на додавки се или промена на име е погубно за Македонија и Македонците каде и да се !А тоа НЕ СМЕЕ да се дозволи!
Од: valdez
Датум: 24.09.2010 14:46:13
Bravo pretsedatele mu go plesna u lice na Grcite Nie sme spremni i da jadime i korewa. I ke jadime a Aeksandar e nas. Filip e nas i Olimpija e nasa. Makedonija do Solun i nazad. Ej ima nekoij da mi pozajmi pari da ja registriram kolata, ako me fatat go jadov brutot.
Од: Миле - Охрид
Датум: 24.09.2010 14:51:34
Зошто се потребни сарказам, навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации? Зошто сеење национална омраза? Зарем не е доволно да ги афирмирате вашите ставови за прифаќање на грчките шовинистички уцени, како единствено решение за сите проблеми во Македонија? Зарем не е доволно што редовно ги промовирате вашите аргументи за потребата од самоукинување на македонскиот народ? Кои ваши апетити ги задоволува оцрнувањето на сите оние кои сакаат да си го сочуваат името. Па некои од нив се наоѓаат на тие важни позиции , баш заради тоа што на гласачите им кажаа дека ќе се борат за одбрана на македонскиот народ да се нарекува онака како тој одлучил.
Од: WHY ???
Датум: 24.09.2010 16:49:42
Имам само едно прашање до сите (а тоа значи и до тебе ерол ризаов) што постојано, преку медиумите, ме убедуваат дека Македонија треба да си го смени името. Зошто Македонија мора да си го смени името ? ЗОШТО ???
Од: perica
Датум: 24.09.2010 17:13:42
Za empiriska potvrda na tvrdenjata na gopodin Rizaov prilozuvam informacii koj mozat da se proverat. Za vreme na govorot na pretsedatelot Ivanov prisustvoto vo golemata sala na generalnoto sobranie bila pod 30% A od tie sto bile tamu, vkluceni slusalki za prevod imale 24 dusi, istoto ne garantira deka tie sto imale vkluceni slusalki i navistina go slusale govorot. Sega da ne ispadnam pristrasen i poranesniot pretsedatel Crvenkovski koga go pravese "istoriskoto"obrakanje pred nekoja godina za vreme na pretsedatelstvoto na Vasiot stopan gospodin Kerim interesot bil otprilike ist.. Ete tolkav e ilustrativno intersot za Makedonija a reciprocno i nejzinoto vlijanie vo svetot..
Од: nacional-patriot
Датум: 24.09.2010 18:09:57
Demokratija znaci vladeenje na narodot i samo narodot resava za vazni i znacajni nesta.Erol napisa deka referendumot e najvisok demokratski cin sto e tocno i zatoa treba da se pomiris so faktot deka narodot bi odbil bilo kakva dodavka na imeto na drzavata i nema da ima kompromis.Sepak,bidejki nikogas nema da ima dogovor megju Makedonija i Atina,nema ni da ima potreba od referendum.Neka objasni Erol kako Makedonija ke go odbrani imeto kako clenka vo NATO i EU ako hipoteticki go smenila imeto za da stane tamu clenka.Ne mozes da objasnis bidejki e nevozmozno za objasnuvanje i zatoa makedonskata vlast i narodot nikogas nema da prifatat dodavka na imeto na drzvata.
Од: mihajlo
Датум: 24.09.2010 19:10:52
Gospodine Rizaov,za zal moram da priznam deka so del od Tvojot napis ne sum spremen da se slozam.Mozebi so ironija zboruvas za govorot na Ivanov,no sepak nekoj morasei malku"nesmasno" da i kaze na Grcija kako i na prisatnite koi cesto pati se spremni da ne tapkaat po ramo vo cetiri oci,deka sme vo pravo,no drugo iznesuvaat vo javnosta.Dali makedonskata nadvoresna politika vo izminatipov period bila gresna ili ne,jas se slozuvam so toa,no toa ne znaci deka na fasisticka Grcija i se dozvoleni site "valkani"sredstva da ne navreduva vo najbolnoto mesto.Dali imame alternativa ili ne.Jas smetam deka sekogas postoi nesto poinaku od ona potcenuvacko odnesuvanje.Ako navistina edinstvena alternativa ni e PROMENA na imeto,jas se priklucuvam kon onie koi za toa ne se spremni da diskutiraat.Smetam deka nema potreba od referendum,oti ubeden sum deka narodot e jasen i na cisto e po odnos na ova prasanje.Ako pak nasite sogradjani(po etnicka linija) smetaat deka ne postoi Makedonski narod,vo toj slucaj
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2010 19:28:22
Кога веќе се пишува за рејтингот соодносот помеѓу сегашниот и предходниот преседател е помал околку разликата од рејтингот помеѓу премиерот и лидерот-повратник и тоа за двапати.Затоа поарно да не пишуваме за рејтинзи.Нормално, препознатлив е цинизмот на оној кој дебело ги застапува симулациите од ползечки карактер.Нема потреба од пошироко елаборирање.
Од: sime
Датум: 24.09.2010 21:53:30
Navistina ni e poreku glava imeto i prob;emite okolu toa.Svetov e takov kakov sto e nepradata na sekoj cekor i nadvor i vnatrre kaj nas. Traba da se navikneme da ziveeme vo siromastija i frustracija vo ime na imeto.
Од: janos
Датум: 24.09.2010 22:31:17
Avtorot i poveketo komentatori tvrdat deka na eventualniot referendum narodot nema da prifati promena na imeto. Dali ste sigurni?????? Zosto vladata ne go raspise?? ednostavno se plasi deka referendumot ke pomine glatko, bideki ja znae etnickata i socijalnata struktura na naselenieto. Ato e kraj na vladenie na amateri i zaneseni nacionalisti
Од: Жарко,Ресен до Феликс
Датум: 25.09.2010 02:01:57
А каков е рејтингот на Македонија на меѓународен план денес во однос на периодот од пред неколку години.За тоа говори фактот што твојот омилен премиер никој не сака да го прими денес.А си се прашал зошто?Можеби затоа што постојано мислите на сопствениот рејтинг,а помалку за рејтингот на државата.
Од: Ljubotan Trade Name
Датум: 25.09.2010 06:03:17
70 % od geogravska Makedonioja ,e nadvor od Republ\ka Makedonija! I samoto Skopje Geografski nee vo Republika Makedonija! Od Sest Milioni Ziteli vo Geografska Makedonija ,samo 1.2 Milioni Ziteli zboruvaat Konevski -Maskedonski. I ovie 1 ,2 Milioni,stalno se karat koi se ;Anticki il Slavjanski Makedonci~. Prasaneto e ednostavno; Koi se Makedonci Ovie skoro 6 milioni ili ovie 1,2 podelen na polovina 600 iljadi ,Anticki Makedonci i polovina Slavjanski Makedonci!" Ne samo toa ,dali od ovie Anticki;Znaat li da Bleknat nesto anticko.Kako da neznaat, kogaj, Italjanite im pravat Statui na izmislen Anticki Kontinuitet~
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 25.09.2010 07:28:07
Се повеќе се чудам ...зарем тој бил професор??? Та јас би го дал во забавиште...но само за забавување....Работава е ем за плачење ем за смаање....

Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Има ли синдикалци во Синдикатот?
Тиквешански
Џулија Робертс со награда за животно дело
Распродажба на уметничките дела на актерот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Ни на крај памет дека ќе бидам презентер
Сиромаштија во сто чекори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Ретроподарок од срце
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist