Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

Филм: „Замена“ (The Switch)

Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен

Кејси е паметна и забавна жена на која и' отчукува биолошкиот часовник, а нема момче, па решава да бара донатор на сперма и сама да одгледува дете

Кејси (Џенифер Анистон) е паметна и забавна жена на која и' отчукува биолошкиот часовник, а нема момче. Како што се случува и во реалниот живот, така и на филм, Кејси е во паника дека во животот нема да има деца. Таа го има својот најдобар, по малку невротичен пријател Воли (Џејсон Бетмен), кого воопшто и не го забележува. Барем не на „онаков“ начин.

И покрај неговото спротивставување, Кејси одлучува дека е време за бременост и тргнува да бара донатор на сперма за да роди дете, кое самата ќе го одгледува. Како што вели, нема намера да чека нешто што можеби нема никогаш да се случи. Таа сама наоѓа донатор и организира забава за „оплодување“ на која видно разочараниот Воли се уништува со алкохол. Но, покрај себеси, уништува и дел од дозата - сперма на донаторот, г-дин Совршен! За да ја поправи штетата, свршува во донорската чашичка и на тој начин се осигурува дека Кејси нема да дознае за штетата што ја направил. Има само мал проблем: тоа нема да го знае ни самиот Воли уште неколку години. Тој е толку пијан што воопшто и не се сеќава што направил на забавата!

Кејси останува бремена, се сели дома во Минесота и седум години подоцна заедно со синот Себастијан се враќа назад во Њујорк, каде што се' уште ја чека пријателот Воли, вечно неженет и без ниту едно побелено влакно на главата.

По дружењето со Себастијан, Воли малку почнува да се сомнева дека тој е можеби таткото на детето. Детето ги држи нозете како него, мласка додека јаде исто како него, невротичен е и чуден. Но, тоа невротично слатко дете Себастијан го извлекува најдоброто од својот татко. Тие двајца воспоставуваат близок однос каков што имаат татко и син, а блискоста доживува климакс во моментот кога Себастијан раскажува за луѓето што се наоѓаат во рамките за слики што ги собира тој. Себастијан не сака да ги извади сликите на непознати насмеани странци зашто тие за него претставуваат роднините што ги нема. И тука тргнуваат солзите... А и одлуката Кејси да ја дознае вистината...

„Замена“ е духовит и емотивен филм. Џејсон Бетмен брилијантно си ја одигрува својата улога, успевајќи во исто време да биде и смотан и шармантен. Џенифер Анистон како и во сите свои досегашни појавувања на филмското платно по гледањето на филмот, е некој за кого сакаме да ни биде и повеќе од пријател.

Филмот во својата прва недела на прикажување во киносалите доживеа фијаско завршувајќи на осмото место на бокс-офисот со заработувачка од само 8,1 милион долари. Тој доби многу лоши критики поради целиот концепт, кој разбесни многумина. Миксањето жанрови не им се допадна на рецензентите, кои напишаа дека филмот е слаба романса, едвај забележлива драма, а вистинската комедија - најмногу недостасува.

Џенифер Анистон
Семејството повеќе не е традиционален состав


„Времињата сега се променети и жената не мора да помине цел живот со маж за да има дете. Денес има многу опции. Поентата на филмот е дека сега семејството се дефинира поинаку и дека не мора да биде традиционален состав од маж, жена, две деца и куче“, изјави главната хероина, Џенифер Анистон, на премиерата на филмот.

По „Замена“, Анистон продолжува со поразлична улога од романтичните комедии во кои досега сме навикнале да ја гледаме. Холивудската актерка овој пат прифати улога на слободоумна современа жена во најновото филмско остварување „Wanderlust“, каде што најголемиот дел од сцените ќе ги одигра топлес, а меѓу другото, и ќе спие со многу мажи и ќе снима секс-сцена со две жени.


#
Статијата е прочитана 492 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Има ли синдикалци во Синдикатот?
Тиквешански
Џулија Робертс со награда за животно дело
Распродажба на уметничките дела на актерот
Сто бели бумбари за претседателот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Ни на крај памет дека ќе бидам презентер
Сиромаштија во сто ��екори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Ретроподарок од срце
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist