Број 3390  петок, 24 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

Неделен барометар

Џулија Робертс со награда за животно дело

Холивудската актерка Џулија Робертс е добитничка на специјалната награда за животно дело „Доностија“, која и' беше врачена на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија. Наградата и' ја предаде партнерот од филмот „Јади, моли се и сакај“, Хавиер Бардем, кој истакна дека Робертс е исклучителна актерка. „Таа е способна за улоги во филмови од различни жанрови и може на гледачите лесно да им ги пренесе сите видови емоции“, додаде Бардем.

„Беј д фиш“ за без пари

На официјалниот сајт на македонската група „Беј д фиш“, www.beithefish.com, бесплатно може да се симне најновиот сингл „When he was young“, кој претставува звучен предвесник за нивното најново студиско издание. На албумот, кој е во процес на изработка и треба да излезе во април наредната година, македонскиот електро поп-состав интензивно работеше во изминатиов период. Новото цеде е петта музичка приказна по „What are you fighting for“, „Look up“, „Marat sade“ и „Time to make things right“, не вклучувајќи ги театарските остварувања и неофицијалните независни изданија. Од групата најавуваат концептуален албум, на кој како и секогаш, повторно ќе експериментираат со својот звук.

Како гостин на најавеното парче ќе се појави Ола Диос, хип-хоп артист од Англија со македонско потекло. Воведната, промотивна тема од идното парче од веќе почна да се врти на радиофрекфенциите низ земјава, а бендот најави дека е во подготовки и на видеоспот за новиот сингл што ќе го прават фотографот Дарко Мораитов и стилистот Даниела Симоновска. Премиерата се очекува во октомври на регионалниот музички канал Ем-Ти-Ви.

„Вајт лајс“ на „Таксират 2010“

Британскиот алтернативен рок-состав „Вајт лајс“ на 4 декември доаѓа во Скопје, а настапот на годинешниот музички фестивал „Таксират“ го навестија и на својот официјален „Мајспејс“ профил. Членовите на групата, кои претходната година од „Кју“ беа прогласени за најдобар млад состав, доаѓаат во Македонија по светската турнеја и настапите во Италија, Сад, Мексико, Белгија, Хрватска и во Србија.

Џек Лоренс, клавијатури и тапани, Хари Меквеј, вокал и гитара и Чарлс Кејв, басист и текстописец, го започнаа музичкиот поход во 2004 година, но откако не зграбија премногу позитивни критики со поп-рок звукот на „Фиар од рок“, тројцата момци се решија на малку поалтернативна, позрела варијанта - „Вајт лајс“. Од формирањето во 2007 година издадоа неколку успешно примени теми, а претходната година го издадоа и првиот албум „Ту луз мај лајф“, кој својата промоција ќе ја има и во „Метрополис арена“ заедно со неколку композиции од планираниот албум за почетокот на 2011 година. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 388 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Парковите во Велес полни со отрови
Има ли синдикалци во Синдикатот?
Тиквешански
Распродажба на уметничките дела на актерот
Сто бели бумбари за претседателот
Груевски ќе оди во Чикаго, а не во Њујорк
„Од денес за утре“ - вистинско освежување за македонските гледачи
Амазонки во Швајцарија
Привлечноста на грозјето
Ни на крај памет дека ќе бидам презентер
Сиромаштија во сто чекори
Каспаров и Топалов доаѓаат во Македонија?
Мистер Невротичен, наместо мистер Совршен
На половина пат сте до добри избори
Обиколницата почна да попушта
Ретроподарок од срце
Економијата падни-стани
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
Калеш Анѓа



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist