Тест
Каков љубовник сте и каков партнер ви одговара најмногу?
1. Колегата што ви се допаѓа ве поканува на пијалак:
а) среќен сте затоа што имате шанса подобро да го запознаете
б) не сакате да покажете заинтересираност, па одбивате
в) велите дека имате други планови и го одложувате пијалакот
г) не губите време, па го заведувате уште на паркингот
2. Излезени сте со пријатели, а ви се допаѓа некого што е:
а) многу мистериозен и со придушен сексапил
б) пристапен, олабавен
в) самоуверен и многу интелигентен
г) преубав, другите не му се ни до колена
3. Кога станува збор за умешноста на заведувањето:
а) постојано ги менувате улогите, сакате да заведувате и да бидете заведени
б) знаете што сакате и не го менувате лесно мислењето
в) многу сте зборлести и секогаш мора да го имате последниот збор
г) страсни сте и романтични
4. Сексот е:
а) начин да запловите во длабочините на скриените задоволства
б) земско уживање што го споделувате со некого во кого имате доверба
в) начин да излезете од својата глава и да влезете во онаа на партнерот
г) експлозија на енергија: колку подобро, побрзо, посилно, почесто...
5. Вашите сексуални фантазии се:
а) многу конвенционални, воопшто не се необични
б) вие сте воајер, ве возбудува да гледате други во сексуален занос
в) сакате сексуални игри
г) најмногу ве возбудува латекс, кожа и секси долна облека
Решение Најмногу одговори А
Најважно ви е да остварите духовна врска со вашиот партнер. Не сте за секс за една ноќ. Најмногу ви одговараат водени знаци, како што се Скорпиите, Рибите и Раковите. Чувајте се од огнени знаци: Лав, Овен и Стрелец.
Најмногу одговори Б
Конвенционални сте, промислени и цврсто стоите на земја. Ви одговараат мирни партнери, кои се рационални и доверливи, па и помалку предвидливи. Затоа најдобро ќе се согласувате со земјени знаци, како што Бик, Девица или Јарец.
Најмногу одговори В
Ве привлекуваат изразито интелигентни и возбудливи партнери со бујна фантазија со кои секогаш имате множество теми за разговор. Ако сакате да достигнете врв во сексуалниот однос, најдете партнер кој е огнен знак.
Најмногу одговори Г
Многу фантазирате и сте вистински зависник од адреналин, па затоа ви треба некого што ќе може да го следи вашето жестоко темпо. Најмногу ви одговараат воздушни знаци, како што се Близнаци, Терезија и Водолија. |