Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter

Враќањето на визите и натаму виси над Македонија

За ова прашање Брисел повторно ќе расправа за време на полското претседателство

Луксембург - Брисел не донесе одлука за суспендирање на слободниот визен режим за Македонија и за Србија со ЕУ, но прашањето ќе се отвори повторно за време на полското претседателство бидејќи бројот на азиланти, особено од нашата држава, е недозволив за некои од земјите членки на ЕУ.

„Ние не предвидовме суспензија на безвизниот режим за Македонија и за Србија. Механизмот за суспензија беше разгледуван денес, но не во овој контекст. Суспензијата ќе се прави во специфични услови, утврдени од Комисијата, што ќе се најде во законодавството за визите, како заштитна клаузула“, изјави во Луксембург европската комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстром.

Според документот на Европската комисија, разгледуван на Советот за правда и внатрешни работи во Луксембург, за враќање на визите за една земја може да се одлучи во три случаи: ако во период од шест месеци една земја на ЕУ констатира зголемување од 50 отсто на баратели од азил, или зголемување од 50 отсто на илегалци или, пак, 50 отсто повеќе реадмисии за една иста земја.Земјите од ЕУ треба притоа да се оправдаат за нивниот избор пред Комисијата, која ќе го има последниот збор. Односно, нема да има автоматизми.

Малмстром пред новинарите нагласи дека за случајот на Македонија и на Србија се водела долга дискусија на Советот.

„Јасно е дека постои вистински напредок од овие земји во повеќе погледи, но сепак постојат се уште огромен број баратели на азил, посебно од поранешната југословенска Република Македонија и Србија. Некои земји ја изразија загриженоста и за ова прашање ќе расправаме за време на полското претседателство со ЕУ“, рече Малмстром.

Таа притоа појасни дека помалку од еден процент од поднесените барања се прифатени од земјите-членки на ЕУ, инсистирајќи на фактот дека најголем број од барателите доаѓаат од ромската заедница, кои живеат во многу тешки животни услови, а кои треба да бидат подобрени, но тоа не се прави преку ноќ. За таа цел се потребни ангажирања на земјите во кои живеат, преку информативни кампањи и конкретни акции, рече еврокомесарката.

Инаку, предвидено е механизмот за привремено враќање на визите да се активира само во алармантни ситуации како крајна мерка. Ниту една од земјите-членки на ЕУ нема да може самостојно да одлучи за воведување визи, се додека на ниво на Унијата не се заклучи дека тоа е неопходно.

Официјални бројки покажуваат дека во Белгија барања за азил во мај поднеле 91 македонски државјанин. За споредба, претходниот месец, азил во Белгија побарале 100 македонски државјани. Според бројот на азилантите во Белгија, Македонија се најде на седмото место во мај, додека во април беше на петто место. Вкупно, од почетокот на 2011 година, во Белгија азил побарале 452 македонски државјани. Од сиве овие барања, статут на бегалец или азилант добило само едно лице.

Во врска со ризиците за повторно враќање на визниот режим за Македонија и Србија, белгискиот државен секретар за имиграција и азил Малшиор Ватле изјави дека тие постојат.

„Постои ризик, тоа е јасно, тој е тука. Побаравме мониторинг, постоеја извесен број на услови кои изгледа беа исполнети во 2009 година, денес повеќе не се, посебно за Македонија. Ние се уште имаме над сто случаи во Белгија, при што азил е даден на еден од барателите“, додаде Ватле. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1484 пати.

Испрати коментар

Од: Барб
Датум: 11.06.2011 00:30:26
Гледам јас дека Амди Бајрам ќе и удри ‘Гол со пета‘ на цела Македонија!
Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:26:45
Ako Makedonija e na sedmo mesto vo Belgija, daj da cueme sto im pravat/zborat na tie od 1-6. Da ne gi shurat so zeska voda stom za nas e tolku loso.
Од: burdush
Датум: 11.06.2011 19:55:20
sepak eden dobil azil...........
Од: Marjan
Датум: 12.06.2011 00:12:43
Vo Svajcaria vo Mesecmaj posle Eritrea i Tunis najmnogu barane Azil imase od Makedonia 184. Tie ne se normalni koj ke im dajt Azil za Ekonomski Baranja. Tie mislet deka parite vrnet vo Evropa, ja stramet Makedonija. Azil mozit da se dobijat samo vo zemji kade sto imat vojna - a ovde nemat. Pozdrav i pasosite nazad na site
Од: [email protected]
Датум: 12.06.2011 01:54:51
10 pati vi kazaa deka nema sansa da se vratat vizite i vie uporno sirete dezinformacii.aman dosta ednas so taa negativna energija pa kako mislite vie da trgneme za napred so ovaa negaativna probaganda sto ja sirete >?????? ocigledno vejke stanuva deka rabotite za tujgi interesi!!!
Од: Tina
Датум: 12.06.2011 09:44:45
Mer tolku zavisime od tie Vizi-, i zelji da sme vo nekoja tuga zemja? A koga sme tamo, plakame za Majka Makedonija? Nasa zemja treba da zivee so turizam na golema skala, drugite neka brkat vizi da dijdat kaj nas. Ni treba gradenje na perfekcija za 'dobro dojdeni'-te, vo Makedonija, a nasite gragani po pola cena za na sekade. Ajde, oslobodete se od taa Evropska avantura so nijni ideali. Kako da nie nemame um so koj da go vidime patot do 100 % uspeh na samostojna samo hranliva, Makedonska epopea na site,
Од: xy
Датум: 12.06.2011 22:22:08
a be resite ednas veke.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Славата, митот и крвта на ВМРО (11)
Концерт за старите добри времиња
Ќе се штитиме или да не штитат
Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов
Малиот рај на манастирот во Рајчица
Свирки во Америка, Италија и во Македонија
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Курбан липи
Најважна е екологијата на духот
СДСМ не го дава Црвенковски
Стинг во Белград
Летај Саша
iCloud - почеток на нова ера!
Инвазија на македонски пејачи
Балон во магла
Почина Леон Бота, најмлад старец во светот
Македонија обезбеди пласман на ЕП во Србија
Лажењето е опасно и за здравјето
Зошто песната може да ве натера да се расплачете
Стразбур пресуди во корист на ОМО Илинден - Пирин
Водич за заштита од стомачни инфекции
Запленети над 100 килограми марихуана
Штип ќе добие нов плоштад и уредено корито на Отиња
Очекувам Нимиц да ги динамизира разговорите за името
Карикатура

"""