Стразбур пресуди во корист на ОМО Илинден - Пирин
12.06.2011, 14:33
Предметите ОМО Илинден Пирин, Иванов и другите против Бугарија со резолуција на Комитетот на министрите на Советот на Европа се дефинитивно затворени, бидејќи Бугарија ги исполнила сите обврски кои произлегуваат од пресудите донесени од Европскиот суд на правдата во 2005 година.
Двете пресуди се однесуваа на правото на слободно и мирно состанување на Македон��ите во Бугарија, како и нивното право на ефективна жалба, кога нивните собири беа забранувани од бугарските власти. Во финалната резолуција, Комитетот на министрите потсетува дека Бугарија ја прекршила Европската конвенција за човекови права, што беше констатирано од Судот во Стразбур, бидејќи го спречила и забранувала слобoдното собирање на организациите ОМО Илинен и ОМО Илинден Пирин во перидот од 1998 до 2003, организации кои се залагале „за признавање на македонското малцинство во Бугарија“.
Одлуката за затворање на следењето на предметите како решени, е донесена на последниот состанок одржан во Стразбур. Во неа е констатирано дека Бугарија ставила крај на кршењето на правото на слободно здружување и донела соодветни мерки со кои ќе се дозволи да се избегнат слични вакви кршења на ова право.
Комитетот на министрите- извршниот орган на СЕ, кој го следи спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, во својата резолуција, забележува дека во процедура пред Европскиот суд се наоѓаат уште два други предмета, во кои постојат обвинувања од македонското малцинство(н.з. кое Бугарија официјално не го признава) против бугарските власти кои им го забраниле слободното собирање во периодот од март 2004 до септември 2009 година.
Комитетот на министрите, одлучи да ги затвори овие два предметите против Бугарија како решени, бидејќи таа ги исполнила сите барања кои беа побарани со пресудата. Притоа, Комитетот нагласува дека неговата одлука во ништо нема да „влијае“ врз пресудата на Европскиот суд за човекови права во двата нови предмета. Резолуцијата е донесена со објаснување дека Бугарија им дозволила на жалителите од 2008 наваму да одржуваат слободно состаноци и дека во 2010 година немало нови жалби доставени до Стразбур од страна на припадниците на македонското малцинство.
|