|
Истражувања
Лажењето е опасно и за здравјето
Една лага поттикнува друга, па оваа навика може да ве одведе во маѓепсан круг, кој е многу штетен за нервниот систем. Долгорочното изложување на стрес доведува до сериозни здравствени проблеми, кои можат да ја забрзаат смртта
Вистината денес стана многу комплицирана. Имаме „моја вистина“, „твоја вистина“, или „нивна“ и „наша вистина“. Меѓутоа, зад овие термини често се затскрива лагата. Научниците предупредуваат дека лагите не им штетат само на нашата репутација, туку можат да влијаат и на здравјето, како и на должината на животот.
„Истражувањата ги поврзаа говорењето лаги со зголемениот ризик од рак, мака, депресија, зависности, коцка и поголема шанса да имате лоши врски со другите луѓе“, вели д-р Деидре Ли Фицџералд, професор по психологија од американскиот универзитет „Eastern Connecticut State“.
Главната причина зошто лажењето му штети на здравјето е долгорочниот стрес што го проследува лажењето. Лажењето бара физички и емоционален напор. Бидејќи една лага поттикнува друга, оваа навика може да ве одведе во маѓепсан круг, кој е многу штетен за нервниот систем. Долгорочното изложување на стрес доведува до сериозни здравствени проблеми, кои можат да ја забрзаат смртта.
Недостигот од самодоверба е уште еден резултат од лажењето. Тешко е да се има добро мислење за себе ако живеете во лаги. Лагата може да изгледа како лесен излез од проблемите, но ако подоцна не можете да се погледнете во огледало, вашето емотивно здравје ќе се влоши. Тука се надоврзува и проблемот на злоупотреба на наркотици и алкохол. Колку повеќе личноста им се предава на наркотиците и алкохолот, толку потешко и' е да се справи со вистината. Ова е чест случај и кај тинејџерите, кои на крајот немаат сила за искажување на вистината.
Вистината носи долгорочна корист и подобра здравствена состојба. Научете ја нејзината вредност, избегнете ги, меѓу другото, и здравствените ризици што го следат лажењето. |
#
|
Статијата е прочитана 1229 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: pace |
Датум: 11.06.2011 19:14:19 |
|
Pa ako lazenjeto mu steti na zdravjeto i doveduva do prerana smrt, togas politicarive trebaa odamna da ne se medgu zivite :))) |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 12.06.2011 09:29:40 |
|
O, lazenje, ne lezenje, koga spies mnogo dlgo, kao reci si do edinajset na utro, spienje.
Lazenje, lagi, neistini, koga umot ke skokne vo cetvrta brzina da gi skrie losite odlucuvanja na nekoj si, koj se brka so neprijatni raboti i so toa go skrsuva poverenjeto na partnerot? Ako sakas da ti e zivot pod kontrola na vistinata, ke se zamislis po edin pat, i so svojata masta ke zamines po toj pat i ke vidis kako ke ti bide po toj pat. Ako ne ti se aresa, nim odi tamu. A ako sepak ke odis po toj pat bez obzir na drugite, a samo po svoja volja i zadovoljstvo, za to j moment na uzivanje, ke go platis skapo.
Mi, ti bese volja, i si otide tamo deka ne trebase.
Sega go plakas racunot. Toa e fer. Togiska ke trgnes
od tie sto ne gi sakas poveke. Tie sto so nijnata stabilnosta te pravat nervozna/nervozen.
Sepak, da postignes napredok, treba da si go promenish vidot na tvoite raboti i razbiranja.
Se ke se postigne so malce volja. Toa ne e mnogu da dades od sebe. Zivot e ubav |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 12.06.2011 20:49:44 |
|
ova e tipicno za mnogu vo MK.. Lazat na mrtvo, obekavaat, muvaat.. mozebi ke se zamislat malku, osebmo trcovcite, tie so firmite itn. |
|
|
|
|
|