Заминување
Почина Леон Бота, најмлад старец во светот
Почина на 5 јуни, само еден ден откако го прослави својот 26. роденден. Неговиот поглед на светот може да биде поттик за сите што боледуваат од прогерија, ретка и тешка болест. Јужноафриканскиот уметник Леон Бота почина на 5 јуни, само еден ден откако го прослави својот 26. роденден. На луѓето ќе им остане во сеќавање поради жестоката борба со ретката и тешка болест, но и со музиката што ја создаваше настапувајќи како диџеј Солариз.
Леон боледуваше од прогерија, болест што го забрзува процесот на стареење и со своите 26 години беше најстарата личност на светот што живеела и го носела товарот на прогеријата. Дека беше талентиран музичар, зборуваат и во групата „Ди антворд“ за која понекогаш настапуваше, а се појави и во нивниот спот „Ентер Д’нинџа“. Тие како и сите пријатели и блиски зборуваа дека бил воодушевен од својот живот. Сознанието за смртта што може да пристигне во секој момент некои би ги фрлила во депресија, но Леон го натера уште повеќе да го сака животот и од секој ден да извлече најмногу што може. Неговиот поглед на живот ќе биде поттик за сите што боледуваат од прогерија, а се проценува дека во светот моментално има 8 милиони такви лица. (Јутарњи лист) |