Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter

„Св. Ѓорѓија Победоносец“

Малиот рај на манастирот во Рајчица

Женскиот манастир „Св. Ѓорѓија Победоносец“, изграден пред 150 години, а возобновен пред десетина години, монахињите го сметаат за место каде што можат да ја искажат својата љубов спрема Бога, но и да се реализираат како креативни личности

Киро Кипроски

Манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓија Победоносец“ се протега на брегот на Дебарското Езеро, во селото Рајчица, само неколку километри пред Дебар, од правецот на регионалниот пат што минува по кањонот на реката Радика. Местоположбата е извонредна и не случајно го носи името Рајчица, кое целосно асоцира на рај, на нешто прекрасно, возвишено, неповторливо... Со влегувањето во манастирот се потврдуваат епитетите на селото и се чувствувате како да се наоѓате во рајот на земјата. Дворот е украсен со многу разновидни цвеќиња, зимзелени дрвја, палми, зеленило... Бескрајниот мир и тишина што го дополнуваат амбиентот ви овозможуваат смиреност и целосно да ја почувствувате духовноста на ова свето место.



Минаа десет години од возобновувањето на женскиот манастир во Рајчица, кој е метох на Бигоскиот манастир. Старешината архимандрид Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, вели дека како што пред 150 години монасите на Бигорскиот манастир го изградиле женскиот манастир, па така биле возобновени од монашкото братство на овој манастир. „По ослободувањето во 1944 година, манастирските конаци беа претворени во штали за добиток и за чување сено и добиточна храна. Во деведесеттите години од минатиот век конаците беа распаднати, напуштени, сликата беше жална, ужасна, како никој дотогаш да не се погрижил за објектите на ова свето место. Во 1999 година, на Крстовден, ги осветивме темелите, а за помалку од две години, на Духови, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан со голем број наши владици, свештенослужители, монаси, искушенички и искушеници ги осветивме конаците. Тоа беше неизмерна радост за нас монасите, што успеавме да ја вратиме светоста на манастирот и монаштвото. Во почетокот за манастирот се грижеа три искушенички, а со текот на времето нивниот број постојано се зголемуваше, а со тоа се множеа послушанијата, се прошируваше дејноста и просторот на манастирскиот комплекс“, ќе констатира отец Партениј.

„Животот во женскиот манастир ’Рајчица‘ се одвива по светогорскиот типих, кој ни е даден од нашиот Старец, архимандритот Партениј, кој е и старешина на манастирот. Според него, во текот на секој ден имаме по четири служби, кои започнуваат со утрена околу 5,30 часот, литургија, околу 16 часот е вечерната богослужба и последната е околу 19 часот, пред да се повлечеме во ќелија“, ни вели монахињата Варвара и додава: „Во меѓувреме секоја сестра има свое задолжение што се нарекува послушание. Монахињата го исполнува послушанието во согласност со времето што го има на располагање. Имаме послушанија што се секојдневни и послушанија, кои траат повеќе дена, како што е изработката на митра.



Сестра Варвара, која се замонаши на празникот на манастирската црква, две години по возобновувањето на манастирските конаци, на 5 мај 2004 година, раскажува:

„Секој има своја причина зошто дошол во манастирот. Цврсто верувам дека не може да се дојде во манастир, ако претходно не го почувствувале тој Божји повик во срцето. Бог го дава тој повик, тоа е еден силен благодат, повикувачка благодат, што го привлекува човек да остави се' во светот и да се посвети на Бога заминувајќи во манастир. Меѓутоа, како човекот ќе одговори на повикот е слободна волја, со која поединецот има право да си направи свој избор, кој го почитува и самиот Бог. Кога ќе се почувствува таа повикувачка благодат, тогаш монахот или монахињата можат да се согласат со тоа да дојдат во манастир или не. Во секој случај тоа е нешто многу силно. Тоа е една толку силна љубов, што се чувствува во срцето. Така се' друго во светот бледнее спрема таа љубов“, истакнува сестра Варвара, која пред тоа беше професорка по англиски јазик и книжевност. Ја прашавме дали можеби причината за нејзиното заминување во манастир била неснаоѓањето во професијата?

„Не!“, категорична е сестра Варвара. „Секој што го спознал Бога се труди да ја исполнува својата обврска совесно во согласност со Божјите заповеди, каде и да се наоѓа. Не е тоа дека јас не можев да се снајдам во светот, во професорската работа или, пак, да постоеше друга причина, разочараност, бегство или, пак, не знам што друго... Тоа не се причините што можат човека да го задржат во манастир. Доколку нема таква силна љубов, која е толку сеопфатна, се' друго бледее спрема таа љубов, што човек не може да остане ниту еден ден во манастир.

Сестра Варвара на прашањето дали нејзините родители се спротивставиле на нејзината желба да стане монахиња, потврдно ни одговори дека имале реакции и се потсетува на тие времиња. „Тоа беше период, кога монаштвото не беше општо прифатено. Имаше многу предрасуди во врска со манастирите и одењето во манастир, замонашувањето. Имаше многу заостанати мислења од времето на комунизмот. Во народот постоеше верување дека тоа е бегство од светот, дека едноставно монасите се држат затворени во четири ѕида и дека нема никаков начин да се реализираат себеси како личности. И за моите родители, кои се верници, во тоа време монаштвото беше табу. Имаше реакции и од моите колеги на работа. Меѓутоа, кога дојдоа во манастирот ми изразија поддршка што многу ми значеше. Беа многу радосни и сфатија зошто сум го избрала овој живот, бидејќи ја видоа благодатта и мирот што владеат во манастирот, како свето место. По извесно време и моите родители се смирија. Мајка ми неколку пати има дојдено и беше прифатена од сите сестри како да е нивна мајка. Почувствува многу силна љубов и сега се чувствува како да има десет ќерки, а не една!“, се навраќа сестра Варвара.

И по десет години минати во манастир сестра Варвара е категорична дека во ниту еден момент не се покајала што избрала животот да и' мине во манастир. „Се надевам дека никогаш нема да се смени тоа и никогаш не би имала такво искушение, да размислувам за моите постапки за мојот живот во светот, зашто јас го сметам тоа како искушение. Мојот живот е овде и се' што му дава смисла на мојот живот е токму во манастирот во Рајчица. Беспредметно е да се зборува за излегување од манастир. За мене веќе престанува да има значење и смисла надворешниот свет. Моите родители се мои ближни, но не можам нив да ги издвојам од родителите на која било сестра што ќе дојде овде - смирено и со голема љубов спрема Бога ги изнесе своите мисли и сфаќања за животот како монахиња.



Сестра Анастасија, дипломирала англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и од 2002 година е искушеничка во манастирот во Рајчица, а во 2005 година била замонашена. Таа е задолжена за манастриската шивачница, како и за пекарницата. Во разговорот за доаѓањето во манастирот за да му служи на Бога, вели дека тоа било резултат на една желба, на една одлука, што ја донела кога одлучувала дали да пристапи кон семејниот живот или едноставно да пристапи кон еден аскетски живот во рамките на црквата. За неа, и едниот и другиот пат се спасоносни за човечката душа - човекот може да се спаси во брак и да се спаси во монаштвото. „Многу ми беше привлечно кога ќе видев сестра-монахиња или монах. Тоа ме исполнуваше со една мистичност, но, пред се', со една голема љубов кон Бога и желба едноставно да им се служи на ближните и да се служи на својот народ. Тоа беше една желба што со текот на времето се развиваше и јас размислував за тоа. Имав доволно време да ја донесам својата одлука. Сепак, преовлада големата љубов спрема Бога“, раскажува сестра Анастасија.

„Секако, во почетокот имаше отпор кај моето семејство, бидејќи не беа навлезени во верата и не можеа да ги сфатат мојот чекор, желбата и одлуката. Се разбира, од нив и не го очекував тоа, бидејќи не беа традиционални верници, а в црква се одеше многу ретко. Татко ми беше член на СКЈ, стар комунист, па отпорот траеше подолго време. Но, со Божја помош, мајка ми почна да се исповеда, почнаа да одат во црква, и' се доближија на верата. Многу работи што им беа предрасуди, како табу тема, за што не можеше да се разговара им станаа појасни. Всушност, тоа е како кога ќе откриеш нов начин на живот, што е исполнителен и духовен, што е многу повозвишен од земниот живот“, размислува сестра Анастасија

Монахињите во манастирот „Рајчица“ имаат повеќе креативни послушанија. Во дворот, сестра Киријакија им посветува голема љубов на цвеќињата, како да се мали деца. Во пластениците, сестра Харитина ни се пофали дека за неколку дена ќе има производство на домати и пиперки, а цела зима со марула салата, лук и кромид ги снабдувале братството во Бигорски и сестринството во Рајчица. Потоа, не' однесе во пчеларникот, каде што со голема љубов ги одгледува пчелите и на крај ни даде да се напиеме од ликерот, бренд на манастирот „Рајчица“, што го произведува врз база на тревки што се одгледуваат во манастирот. Сестрите Ана и Катерина ги изработуваа иконите на Исус Христос и на Божјата мајка со Исус Христос, нарачка на верник од Русија. За него сестра Елисавета ја изработуваше митрата. Сестра Драгана кашираше црковни фотографии, а сестрите Нина, Јасмина и Марина ја приготвуваа храната и ја поставија трпезата.

Манастирските конаци во Рајчица се претесни и, како што ни рече на крајот од посетата во Рајчица, ст��решината Партениј наскоро планира да ги прошири монашките конаци во истиот стил, за што манастирот има откупено земја од приватни лица, а со тоа ќе се умножат постојаните послушанија и ќе се прошират со нови.

Соработка

Манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ беше посетен од монаси на манастирот „Св. Преображение“ од Бостон, САД, предводени од нивниот Старец, Пантелејмон. Како плод на таа соработка се роди идејата сестри-зографки, кои се занимаваат со византиско иконосликарство од манастирот „Рождество Христово“, во близината на Бостон, да дојдат да ги запознаат корените на византискиот стил што се наоѓаат во западниот дел на нашата држава.

„Им бевме домаќинки на неколку сестри-зографки и им ја покажавме нашата убава татковина, нашите културно-историски и духовни споменици“, не' запознава сестра Варвара. Имавме убава дружба, која заврши со прекрасно бдение посветено на св. Јован Кукузел, што им остави силен впечаток. По враќањето, своите импресии и воодушевувања му ги пренеле на Старецот Пантелејмон и како благодарност ни испрати мошти од св. Јован Кукузел. Соработката ја одржуваме на задоволство на двата манастира.

Митри

Со филигранска прецизност рацете на сестра Елисавета ниже, внесува полускапоцените камчиња – кристали, сваровски кристали, бисери, позлатена или, пак, сребрена жица. На четирите страни на митрата се поставуваат икони со ликови на евангелистите Јован, Матеј, Лука и Марко. Во долниот дел се наоѓа венецот со 12 увцчиња што ги симболизираат дванаесетте апостоли, а на челната страна се поставува византиски двоглав орел, или икона со Исус Христос. Сите елементи на митрата на симболичен начин го претставуваат неговиот трнлив пат. Секоја митра е уникатна. Креацијата е во согласност со везот, бојата и одеждата на епископот што треба да ја носи. Како што појаснува, во Тајната на изработката на митри, овој замрен стар занает го оживеал во Бигорскиот манастир архимандритот Партениј, ни појаснува сестра Елисавета и додава со возобновувањето на манастирот „Рајчица“, ни ја пренесе својата љубов во изработката на митрите, кој од мала возраст имал желба да изработува митри. Самостојно има изработено многу митри и со оформувањето на монаштвото во „Рајчица“ во послушание ни го пренесе нас.

Една митра се изработува за десетина дена со дневна работа по осум часа. Последната нарачка на митра е за владика во Африка. Нашите митри се носат во сите православни земји на сите континенти, во целото православие, констатира сестра Елисавета.

За седум-осум години беа изработени над 300 митри и ги носат вселенскиот патријах, рускиот патријах, русалискиот патријах, епископи на Бугарската, Грчката, Румунската, Српската, Црногорската, Албанската црква, епископи во Австралија, Америка, Азија и наши владици.


#
Статијата е прочитана 2847 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 11.06.2011 04:56:47
@Dragi Kiro! Mnogu Ti blagodarim za vakvii ;Crkovno,a ponajpovece Duhovni temi ,a sto e, najvazno za istorijata na ovie Drevni Crkovni Risjanski Monumemti. Nikade, ne ni kaza za istorijata, na ovoj manastir i za Nivnite: Zaduzbinari, Ktitori ,Zadolznici,Dobrociniteli i Dariteli. Samo ni kaza deka e graden pred 150 godini,a zitieto na Manastirot Rajcica veli; Pocnuva vo 14 vek,i tokmu se znae koj go pocnal.koj e Zaduzbinar.Ikonopisite na Zaduzbinarite sekogas se na Zapadnata priprata ,zosto toa ne ni go kaza.,a Tamu se:Sv Sava,Tatkomu na Sv,Sava, Sv Simeon,..Kralj Milutin i Sv,Knez Lazar [Imeto na ovoj Manastir e preneseno i vo Vojvodina so selibata na Arsenie Carnoevic].Sepak, mnogu blagodarnost,.do site Vie, sto se obnovi ovoj Manastir.Moze bi, ovoj Manastir ,go ima najubavoto Mesto Polozenie.Ve Molam bez Cenzura,
Од: Марија
Датум: 11.06.2011 11:07:31
Благодарност до Г. Кипроски кој одвреме навреме знае да ни пренесе барем малку од таа духовна убавина. Јас вчера бев во кратка посета на двата манастири, кои се од суштниско значење за моето личносно и карактерно оформување. Благодарение на љубовта која браќата и сестрите неизмерно ја споделуваат со нас, времето поминато со нив е како едно мало парче од вечноста :-) која ти дава надеж, те крепи, ти го топи срцето... По молитвите на Пресветата Владичица, на Светиот Јован Претеча, на Свети Ѓорѓи Победоносец и на сите светии, Бог постојано да ги посетува нивните срца, да ги исполни со радост, љубов и мир и да им даде сили за да можат достојно да се борат до крајот. Бог да ни го чува и заштитува монаштвото во целата земја, оти силно верувам дека оваа земја не трпи само поради нивните искрени молитви и скрушени срца. Поздрав.
Од: Аристид
Датум: 11.06.2011 14:45:50
Не е случајот само со овој манастир да се замолчува неговиот историјат , но сосите други иста е приказната. Тоа нее случајно, туку намерно да се избрише се што асоцира на богатото духовно наследство ш то го имаме наследено и од Немањиќите и подоцнежните српски доброчинители и воопшто ктитори. Тоа е школски пример на фалсификување на историјата.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Славата, митот и крвта на ВМРО (11)
Концерт за старите добри времиња
Ќе се штитиме или да не штитат
Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов
Свирки во Америка, Италија и во Македонија
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Курбан липи
Враќањето на визите и натаму виси над Македонија
Најважна е екологијата на духот
СДСМ не го дава Црвенковски
Стинг во Белград
Летај Саша
iCloud - почеток на нова ера!
Инвазија на македонски пејачи
Балон во магла
Почина Леон Бота, најмлад старец во светот
Македонија обезбеди пласман на ЕП во Србија
Лажењето е опасно и за здравјето
Зошто песната може да ве натера да се расплачете
Стразбур пресуди во корист на ОМО Илинден - Пирин
Водич за заштита од стомачни инфекции
Запленети над 100 килограми марихуана
Штип ќе добие нов плоштад и уредено корито на Отиња
Очекувам Нимиц да ги динамизира разговорите за името
Карикатура

"""