Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
��кономија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Ќе се штитиме или да не штитат

Јасмина Јовановска

За само два дена починаа двајца работници додека работеа на градилиште. Дали се несреќни случаи или газдите не им обезбедиле основи услови за заштита при работа, допрва ќе се испитува. Но, како и да е, тие го дополнија црниот список на работници што починале на работно место. Пред неполн месец се случи слична серија на смртни случаи на работници додека градеа на „Проектот 2014“.

Ова се само мал дел од жртвите на работно место, за кои јавноста слушнала затоа што работат на отворено небо. А што со оние работници што работат затворени во фабрички хали, далеку од очите и ушите на јавноста. Сигурно и таму се случуваат несреќи, но тие тешко се откриваат. Пресекуваат раце додека се на машина, се здобиваат со изгореници од високи температури, умираат труејќи се со отрови, ги затрупува земја во рудниците. До кога во државата ќе се умира по градилишта и фабрики затоа што не се почитуваат стандарди и закони.

Сиве овие приказни како да завршуваат без крај. Речиси никој не понесува одговорност. Нема казнети газди, а нема санкции ни за инспекциските служби. Се наметнува прашањето дали Трудовата инспекција затајува или, пак, не може да стаса се да исконтролира. Има прописи. Но, очигледно дека тие се само на хартија. Барем досега во јавноста не се чуло дека некој работодавец заработил казна затоа што не му обезбедил услови за работа на работникот. Речиси сите жртви завршуваат како несреќни случаи. Зарем само работниците се виновни што заради голата егзистенција, прифаќаат секакви услови за работа.

А инспекцијата не е само за газдите, туку сигурно треба да биде и за работниците. Таа треба да контролира дали она што им е дадено за заштита при работа, ако воопшто има нешто, го употребуваат работниците. Бидејќи обично на нашите работници тешко им оди да се научат на ред и правила. Затоа што македонскиот менталитет некогаш не им дава да стават шлем на глава или, пак, да носат заштитни маски, па дури и да работат според процедурите за заштита. Тие се искусни работници и не им треба заштита, е најчестиот коментар.

Но, дури и на најпрофесионалниот возач му треба ремен за да се заштити при удар, а не, пак, на работниците што работат на отворено. А работниците, очигледно, не ја сфаќаат сериозно заштитата при работата, како што тоа знаат да го прават и возачите и моторџиите. Возачите се чаламат и возат без појаси или, пак, моторџиите возат без кациги. Се случуваат несреќи, се губат животи. Можеби споредбата не е вистинската затоа што работниците умираат на работно место, па одговорноста е на работодавците, а во сообраќајот повеќе е лична одговорност.

Но, едно е сигурно, а тоа е дека одговорност треба да има и работодавецот, но и работникот бидејќи се работи за неговиот живот. Треба првин секој самиот да си презеде мерки за заштита, а потоа да се инсистира и на почитување на стандарди кога се во прашање физички работи во фирмите. Тоа не е само прашање на лична безбедност, туку и прашање на цивилизираност, свест и култура.

Одговорноста е и на државата, која ако сака да нема жртви на градилиштата, мора да биде построга во почитување на правила на работа. Инспекцијата треба да биде поактивна и поексплицитна. Без разлика која фабрика или градилиште е во прашање, мора да има санкции. Зошто како што се тренира дисциплина во сообраќајот така треба да има дисциплина и на работните места. Како и за се' друго кај нас само казните може луѓето да ги доведат во ред. А поголема казна од удар по џебот, нема.


#
Статијата е прочитана 1431 пати.

Испрати коментар

Од: pero pero
Датум: 11.06.2011 07:51:11
inspekciskite sluzbi ce bidat zafateni godinive. se spremaat za lokalnite izbori. posle toa ce trgnat vo presmetka so gaazdite itn, itn.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 11.06.2011 10:25:24
Ne prasuvajte poveke za vakvite slucaevi oti moze premierot da dade izjava kade sto mozebi rabotnikot bil kriv kako sto kaza za predhodniot slucaj,ete toa go ocekuvame..........
Од: Adem
Датум: 11.06.2011 11:54:21
Golem sram se navdisna nad mnogu raboti vo Mk. Toa dete bilo eksploatitrano od nesovesni makedonski biznis graditeli. Taa praksa trae veke dolgo. Se iskristuvaat cigancinja, albancinja koi baraat leb, a umobolnite i alcni za pari gazdi gi "zzmaat" na ucinok i za potoa da gi frlat na kucinjata. Gnasen narod kade gradeznite inspekcii gi vodat isto gnasni luge. Cno mu se pise na zmjiceto.
Од: Goran 1988
Датум: 11.06.2011 13:16:02
Ginenjeo, smrtnite slucaevi pa i ubistvata stanaa normalna pojava vo ovaa drzava.Normalno za Vladata seto ova ne posoi. Kriv e SDSM.
Од: Stojko
Датум: 11.06.2011 17:05:16
@Goran 1988 > Te molam nemoj da upotrebuvas ironija, se plasam deka mnogu od ovie sto ja praktikuvaat ili poddrzuvaat vlasta ne ja razbiraat.
Од: цане соколовски-торонто
Датум: 12.06.2011 00:25:49
Мкаедонија има 10 пати повеќе загинати од несреќи на работѕа отколку Торонто, на 100 жители, иако Торонто има 3 пати повеќе жители и 500 пати повеќе индустрија. Се повеќе мојата земја ми личи на карикатура од држава.
Од: Балетан
Датум: 12.06.2011 05:20:38
Гледав пред петнаесетина дена и не можев да се изначудам како еден од работниците што работат на Собранието без да е врзан со сајла или слично оди надолу по поставениот кос покрив исто како да е на корзо. Но за другите случаи нека се активираат малку инспекторите да си ја заработат платата (чест на исклучоците), зарем сега во 21 век таква експлоатација што ни животот на работниците веќе ништо не им значи.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Славата, митот и крвта на ВМРО (11)
Концерт за старите добри времиња
Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов
Малиот рај на манастирот во Рајчица
Свирки во Америка, Италија и во Македонија
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Курбан липи
Враќањето на визите и натаму виси над Македонија
Најважна е екологијата на духот
СДСМ не го дава Црвенковски
Стинг во Белград
Летај Саша
iCloud - почеток на нова ера!
Инвазија на македонски пејачи
Балон во магла
Почина Леон Бота, најмлад старец во светот
Македонија обезбеди пласман на ЕП во Србија
Лажењето е опасно и за здравјето
Зошто песната може да ве натера да се расплачете
Стразбур пресуди во корист на ОМО Илинден - Пирин
Водич за заштита од стомачни инфекции
Запленети над 100 килограми марихуана
Штип ќе добие нов плоштад и уредено корито на Отиња
Очекувам Нимиц да ги динамизира разговорите за името
Карикатура

"""