Владимир Василевски-Четкар
Свирки во Америка, Италија и во Македонија
Македонскиот џез-гитарист Владимир Василевски-Четкар заедно со својот квартет завчера по вторпат настапи во легендарниот американски џез-клуб „Blues Alley“ во Вашингтон. Четкар беше придружуван од Милан Милановиќ, Апостолос Сидарис и Арон Стил, а на концертот што беше помогнат од Министерството за култура и од Македонската амбасада во Вашингтон, присуствуваше и македонскиот амбасадор Зоран Јолевски со своето семејство.
Веќе на 18 јуни Четкар ќе настапи во „Gallery MC“ во Њујорк по што заминува во Италија, Тревизо каде што на 25 јуни ќе одржи настап во луксузниот замок „Кастело Сан Салваторе“. Средната на јули е резервирана за македонската публика и одмор во родниот Охрид. |