Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter

Технологија

iCloud - почеток на нова ера!

iCloud е бесплатен и доаѓа автоматски со iOS 5, а донесува пораширена синхронизација на вашите податоци со „облакот“, односно серверите на „Епл“. Предностите на ваквиот пристап се големи: нема страв од губење на податоците, а сите ваши податоци се синхронизирани без оглед на тоа каде се наоѓате и кој уред го користите

Никола Бурагев

„Епл“ пред неколку дена на WWDC конференцијата во Сан Франциско одреди нови правила на игра. Влегуваме во „пост PC-ера“. Персоналните компјутери стануваат се' помалку битни, стануваат само специјализирани алатки на информатичките професионалци, а уредите, како што се iPhone и iPad ја преземаат главната игра. Пазарот на персонални компјутери за прв пат во историјата бележи пад од еден отсто, а, секако, за тоа е „виновен“ iPad, кој на многумина целосно им го замени класичниот преносен компјутер. Иако сите очекуваа што, всушност, подготвува „Епл“ со iCloud, никој не ни се обиде да претстави такво нешто пред Стив Џобс. Едно е сигурно, по презентацијата WWDC, многумина од конкурентите немаа мирен сон.

„Епл“, за разлика од минатите година, на оваа конференција претстави само софтвер, но каков? Се' изгледа одлично, се' е усогласено, едноставно и интелигентно, а поголемиот дел од работите се бесплатни – или ќе се нудат навистина по фер цена! OS X 10.7 Lion е следниот чекор во еволуцијата на оперативниот систем на компјутерите „Мекинтош“. Донесува голем број ергономски новости, а поголем дел од идеите се преземени од мобилната платформа iOS. Втора битна карактеристика на Lion се новостите „под хаубата“, со цел класичниот оперативен систем колку што е можно подобро да се стопи со мобилниот, а сето тоа по пат на „облак“. Врз основа на демоата што можеа да се проследат, најмногу ќе профитираат сопствениците на лаптопите MacBook, кои уште повеќе ќе го користат мултитач тракпадот. Треба да се издвои и новиот систем на управување со апликациите наречен Mission Control, потоа Launchpad, кој ви овозможува пристап до апликациите сличен на оној кај iPhone и iPad, AirDrop систем за (легална) размена на фајлови peer to peer, како и опцијата Resume, која овозможува гасење на системот и моментно продолжение на работата таму каде што сте застанале. „Епл“ наведува над 250 нови можности и подобрувања, а надградбата од Snow Leopard ќе чини само 29 долари и ќе биде возможна во јули само преку Mac App Store.

Претставена е и новата верзија на оперативниот систем за iPhone, iPad и iPod Touch – iOS 5, која донесува над 200 новитети. Тоа сега може да се нарече навистина убаво „избрусена и измазенета“ мобилна платформа. Лично како најкритична новост би ја навеле активацијата и синхронизацијата„PC free“. Накратко, според ова, iPhone и iPad повеќе не мора најпрвин да се активираат преку Mac или PC-компјутерите, а и целокупната синхронизација подоцна се одвива безжично! Финеси има безброј: од вградената „Твитер“ интеграција, расклопената виртуелна тастатура, па се' до унифицираниот Notification Center, кој вклучува нов систем за известување за пристигнатите пораки и сличните „настани“ на уредот. Тука е и виртуелната полиција за сите ваши весници и списанија наречена Newsstand и новиот систем за испраќање пораки меѓу корисниците на мобилните уреди на „Епл“ наречен iMessage. IOS 5 пристигнува оваа есен, а ќе работи на iPhone 3GS и iPhone 4, iPad 1 2, како и на третата и на четвртата генерација iPod Touch.

Но, клучната работа е iCloud. Толку логичен и очигледен следен чекор во информатичката технологија, но никој досега не го извел доволно квалитетно, сеопфатно и за корисниците масовно. Секако, најчесто „Епл“ е тој што одработува нешто што другите го зборуваат: „Па тоа и ние го знаевме и за тоа веќе зборуваме со години“, но никој на крајот не го изведува тоа во практика – бидејќи, всушност, зад таквите едноставни идеи стои доста комплексна технологија, која не е лесно да се усогласи дури и кога сам ги произведуваш сите делчиња од системот, а не па кога би требало да се усогласи таквата технологија меѓу поголемиот дел од играчите.

Тука „Епл“ е во голема предност и помалите производители едноставно немаат сила да конкурираат. „Мајкрософт“ и „Гугл“, пак, имаат проблем што не произведуваат сопствен хардвер, а за ваква приказна е поважно да се има унифицирана технологија под еден покрив отколку да се има голем избор на разни технологии – иако тие поединечно можат некаде да бидат во предност. Верувам дека „Епл“ со својот iCloud сервис деморализираше многумина од конкурентите, бидејќи повторно се стекна со толкава предност, што и во најдоброто сценарио ќе им биде потребно година или две некој да ги достигне во нивото на услуга што наскоро ќе ја понудат.

iCloud е бесплатен и доаѓа автоматски со iOS 5, а донесува пораширена синхронизација на вашите податоци со „облакот“, односно серверите на „Епл“. Ако купите книга, музика од iTunes или, пак, инсталирате некoja апликација, сето тоа автоматски се синхронизира со серверите на „Епл“ во облакот. Доколку фотографирате со iPhone, сликата ќе биде сместена во ��блакот цели 30 дена. Сето тоа се случува без каква било потреба за интервенција на корисникот, автоматски и во заднина. Можеби звучи и малку застрашувачки, но имајте на ум дека дека предностите на ваквиот пристап се големи: нема страв од губење на податоците, а сите ваши податоци се синхронизирани без оглед на тоа каде се наоѓате и кој уред го користите.

Посебно интересна е услугата iTunes Match, која автоматски ја скенира целокупната музика од вашата колекција и ви овозможува пристап до висококвалитетните (256 Kbps) mp3 фајлови на истата таа музика на интернет каде било да се наоѓате.

„Мајкрософт“ го презентираше Windows 8

„Мајкрософт“ ја покажа следната генерација на оперативниот систем Windows и претстави целосно нов интерфејс од кој очекува подобро да одговара на новите таблет-компјутери.

Новиот „Windows 8“ ќе биде достапен на сите видови уреди, од оние со мали екрани чувствителни на допир, до традиционалните со големи екрани, а ќе може да се користи и со тастатура и глувче или без нив.

Новиот интерфејс е значително отстапување од традиционалниот изглед на работната површина на Windows, кој „Мајкрософт“ го користи веќе со години.

Почетниот екран сега има неколку големи апликации во боја, кои во голем дел наликуваат на тие што ги користи новиот „Виндоус фон 7“. Кога со прст ќе се допре сликата, апликацијата стратува и го зазема целиот екран без вообичаените мени, системската лента или лизгачот на работ од екранот.

- Апликацијата брзо оживува додека „Windows“ се губи во заднина, изјави Мајкл Анџуло, потпретседател за планирање, хардвер и екосистем на „Windows“, кој ја претстави својата работа на конференција во Тајпеј.

Плочките, кои претставуваат апликации, автоматски прикажуваат нови информации од интернет, како што се пораки од „Твитер“, електронска пошта или вести.

Овие апликации наменети за интернет, кои „Мајкрософт“ ги нарекува „скроени апликации“, изработени се на нова развојна платформа на „Windows 8“ и во голем дел се потпираат на „Internet Explorer 10“, кој се доставува со новиот систем, како и HTML5, Јава скрипта и CSS.

LG претстави all-in-one компјутер со FPR монитор и IPS технологија

LG Electronics го најави својот прв all-in-one компјутер што поседува Film-type Patterned Retarder (FPR) екран, кој се користи кај популарните Cinema 3D телевизори. LG V300, развиен во соработка со компанијата Intel беше официјално претставен на најголемиот азиски IT саем, Computex 2011, кој се одржа од 31 мај до 4 јуни во Тајван.

LG V300 има импресивен список на карактеристики и компоненти. Овој модел поседува Intel Core процесор од новата генерација, 3-D FPR екран, In Plane Switch (IPS) технологија која овозможува неверојатен агол на гледање од 178 степени, како и троен систем на камери за врвно multi-touch доживување.

Full HD LED мониторот од 23 инчи нуди жива и остра 3-D слика со помалку треперење и со значително намален crosstalk ефект на двојна слика. Благодарение на технологијата FPR, тешките 3-D очила засновани на технологијата SG, претставуваат минато. Наместо нив, со LG V300 добивате два пара лесни поларизирани очила, кои им овозможуваат на корисниците многу покомфорно да уживаат во 3-D содржините. Исто така, неприродниот агол на гледање кај претходните монитори претставуваше голем проблем. Ова е решено со примена на IPS технологија, која дозволува импресивен агол на гледање од дури 178 степени, со помош на Color Shift конфигурацијата, која прикажува јасни бои и остра слика дури и кога во екранот не се гледа директно.


#
Статијата е прочитана 1085 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Славата, митот и крвта на ВМРО (11)
Концерт за старите добри времиња
Ќе се штитиме или да не штитат
Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов
Малиот рај на манастирот во Рајчица
Свирки во Америка, Италија и во Македонија
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Курбан липи
Враќањето на визите и натаму виси над Македонија
Најважна е екологијата на духот
СДСМ не го дава Црвенковски
Стинг во Белград
Летај Саша
Инвазија на македонски пејачи
Балон во магла
Почина Леон Бота, најмлад старец во светот
Македонија обезбеди пласман на ЕП во Србија
Лажењето е опасно и за здравјето
Зошто песната може да ве натера да се расплачете
Стразбур пресуди во корист на ОМО Илинден - Пирин
Водич за заштита од стомачни инфекции
Запленети над 100 килограми марихуана
Штип ќе добие нов плоштад и уредено корито на Отиња
Очекувам Нимиц да ги динамизира разговорите за името
Карикатура

"""