Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter

Фељтон

Славата, митот и крвта на ВМРО (11)

Чернопеев за грабнувањето на Мис Стон

Македонскиот војвода ќе ја каже сета вистина пред американскиот новинар Сониксен зошто ја киднапирале мисионерката

Виктор Цветаноски


Американскиот новинар и публицист Алберт Сониксен, кој шест месеци се борел заедно со македонските комити, пред да се врати во Америка инсистирал да се сретне со некој од револуционерите што ја грабнале Мис Стон во септември 1901 година. Како што вели, сакал да ја слушне и другата страна за грабнувањето на американската мисионерка, настан кој шест месеци ги полнел страниците на весниците и списанијата во САД.

Таа желба ќе му биде исполнета. Христо Чернопеев, десната рака на Јане Сандански, нашироко ќе му раскаже зошто се решиле за тој непопуларен чекор и за проблемите што ги имале со врховистите на генералот Цончев, вооружени од бугарската влада, која сакала да ја стави под контрола ВМРО.

„Сандански и јас бевме заедно. Бевме толку сиромашно вооружени што дури и не се осмелувавме да се сретнеме со бандите на Цончев; моравме да бегаме од нив, како да беа аскер. Ние имавме нужда од пари. Затоа решивме да фатиме некој богат Турчин и да земеме неколку илјади лири откуп. Се обидовме еднаш, но не успеавме. Во тоа време кај нас дојде еден четник, кој бил ученик во американско училиште во Самоков. ’Фатете некој од мисионерите, предложи тој, и турската влада веднаш ќе го плати откупот за да ги избегне усложнувањата‘“, ќе му раскаже Чернопеев на Сониксен.



Идејата им изгледала прифатлива. Подоцна слушнале дека Мис Стон е во Банско. Чернопеев не се двоумел дали да ја грабнат или не. Таа често им проповедала на селаните дека Господ ќе ги спаси од бедата, а не четниците.

„Сандански и јас бевме во Банско, облечени како селани. Ние ја следевме Мис Стон и ја организиравме работата. Курирот кој подоцна беше водич на групата на Мис Стон, беше наш човек; тој ја доведе пред нас. Си споменувате сигурно како се нафрливме ние врз нив, кога тие поминуваа; ние сите бевме преоблечени како башибозук, но бевме толку изгладнети, што не ни дојде на ум да се воздржиме од јадење свинско, кога ги отворивме чантите со храна. Сандански и јас бевме решиле да земеме една Бугарка како другарка на Мис Стон. Навистина сакавме да се држиме со неа колку што е можно подобро. Но, постарата жена што ја бевме избрале, се разболе толку многу, што не можеше да се мрдне. Во групата имаше многу млади девојки, но ние се плашевме од прикаски: ’Еве, госпоѓа Цилка, рече водачот. Таа е омажена‘. Нам ни се допадна нејзиниот изглед, таа не беше многу млада и имаше лик на матрона. Но, да знаевме што имаше да станува, бебето, знаете, ќе се решевме да земеме неомажена жена. Или ќе се задоволевме без другарка на Мис Стон. Ние плативме скапо за пристојноста“, раскажува Чернопеев.

Македонскиот револуционер појаснува дека погрешно било она што се зборувало во јавноста дека четниците што ја грабнале Мис Стон биле неуки селани. Повеќетемина биле учители отпуштени од работа поради револуционерната дејност, меѓу нив и такви кои го читале Кауцки и дискутирале за „Морската жена“ на Хенрик Ибзен. Додека била со нив американската мисионерка воспоставила свои правила, таа дури им забранувала да пушат во нејзино присуство.

„Потоа дојде бебето. Во тоа време косава ми обеле. Претставете си, новородено бебе на пат со нас! Колку пати требаше човек да си ја крие главата во некои алишта за да задуши една кивавица. Потоа помислете дека едно здраво, плачливо бебе е со нас, а областа врие од аскер и од разбојниците на Цончев. Но, чудно како дејствува врз човека едно беспомошно бебе, особено ако долго време бил далеку од жени и од деца. Тоа беше смртта на нашиот авторитет. Мислам дека, можеби несвесно, Мис Стон, како и мајката, почнаа да не' сметаат за малку повеќе луѓе потоа. Сигурен сум, исто така, дека нашиот страв од аскерот не беше чисто егоистичен. Ако жените беа убиени поради нас, Македонија ќе беше свртена на глава и ќе беше преорана со остро гребло. И ако, по некој случај, ние ќе успеевме да го избегнеме тоа, Груев и другите ќе не' убиеја кога ќе излезеа од затвор. И како што се случи, кога слушнаа, тие го осудија ова, но тогаш ние веќе ги имавме парите“, ќе му се исповеда Чернопеев на Сониксен.

Додека двете жени биле скриени во близина на Ќустендил, Чернопеев бил испратен во Софија да преговара со Чарлс Дикинсон, генералниот конзул на САД во Истанбул. „Тој ме мислеше обичен селанец, земен под наем за услуга од ’разбојниците‘. Братот на Петар Китанов, Сандо, беше преведувач на француски. Јас не изгледав дека разбирам дури ни бугарски, така како што бев облечен. ’Десет илјади франци, рече тој, ни пара повеќе‘. Не можевме да дојдеме до согласност“, говори Чернопеев за преговорите што ги водел во Софија. Тој нагласува дека за грабнувањето не знаел ни Гоце Делчев, а со парите од откупот било купено оружје за востанието.

Чернопеев мошне огорчено ќе му говори на Сониксен за тоа што биле нарекувани разбојници. „Да, разбојници сме. Тие дозволуваат нашите жени и деца да бидат малтретирани, а кога ќе побараме помош од нив, само за да го запрат тоа, во името на Христа, тие ни даваат лажни зборови. А тогаш, кога на една нивна жена, од нивната средина, ќе и' зададеме неколкумесечни грижи и неудобност, кои и ние ќе ги споделиме со неа, само за да добиеме средства со кои ќе спасиме еден милион жени од смрт, или од нешто уште полошо, тогаш сме разбојници, илегалци, криминалци. Не, по ѓаволите со таквата цивилизација! Таа не е вистинската“, ќе говори огорчено македонскиот револуционер.

„На таа тема често разговаравме и тој обично така ќе ја изразеше својата горчина. Тој ми остави силен впечаток, како и сите оние млади учители собрани околу него, макар што не беше човек со некое високо образование“, заклучува американскиот новинар.



Грабнувањето на Мис Стон ја кренало на нозе целата отоманска власт, а за потрагата по неа постојано го информирале високиот везир (премиерот). По нивното ослободување, откако бил платен откупот, ниту Мис Стон, ниту Катерина Цилка не можеле да им ги опишат на властите грабнувачите. Што е мошне интересно, власта во ниту еден момент не се посомневала дека главен организатор на грабнувањето бил Сандански.

„Отоманската власт со сите сили се обидувала да ги открие грабнувачите. Нејзините органи биле во трескавична меѓусебна преписка во врска со настанот, а преку својот комесаријат во Софија вршеле притисок врз Бугарското Кнежевство да преземе активности за откривање на грабнатите, кои според неа биле на бугарска територија. Истовремено, нејзината влада, полициските и воените органи биле вклучени во коресподенцијата со американските дипломатски претставници во Истанбул и во Солун и биле дел од активностите околу преговорите за исплаќање на откупот на заробеничките“, ни изјави д-р Драги Ѓоргиев, кој ги објави документите од грабнувањето на Мис Стон, од кои се гледа дека турските власти биле убедени дека зад киднапирањето стои Борис Сарафов.

Дека грабнувањето било организирано беспрекорно и со невидена конспирација може да се дознае и од првичните изјави на Мис Стон по нејзиното ослободување. Таа вели дека од шеснаесеттемина грабнувачи не може да опише ниту еден од нив. Тримесечното патешествие на двете грабнати жени се одвивало драматично и во многу сурови услови. Двата дена кога низ снег се движеле низ планината ги натерале да ги сошијат фустаните што ги носеле на нив за полесно да патуваат. За цело време тие не виделе како изгледа рамнина, постојано биле во планина и во просториите каде што ги држеле воопшто не виделе дневна светлина.

„Не' разнесуваа од планина на планина, од колиба во колиба. Понекогаш ни даваа чаршиски леб, само ладен, а понекогаш селски. Додека престојувавме во подруми ни даваа свежо топло јадење, кога престојувавме во планините, се разбира, имаше јадење што го подготвуваа сами. Не' хранеа со млеко, кокошки и месо од овци и кози. Специјално за нас набавија две чинии и само нам ни дозволуваа да ги користиме“, ќе им изјави Мис Стон на турските власти.

Хронологија на грабнувањето:

3 септември 1901:

Елен Стон, американска мисионерка, е заробена од членови на македонската револуционерна организација, која бара независност од империјата

26 септември 1901:

колешките-мисионерки на Мис Стон добиваат писмо од неа. Во писмото пишува дека киднаперите бараат откуп
од 110.000 долари

28 септември 1901:

американскиот борд на комесари за мисии во странство обелодени дека не може да го плати откупот Американската влада, исто така, соопшти дека нема да го плати откупот

октомври 1901:

роднините на Стоун и група пратеници од Бостон апелираа до американската јавност да собере пари за плаќање на откупот

октомври 1901:

Ч. Дикинсон, американски дипломат во Бугарија, почнува преговори со комитите за ослободување на Мис Стон. Дикинсон бара комитите да прифатат помала сума пари, наведувајќи дека е невозможно да се соберат 110.000 долари.

февруари 1902:

киднаперите по првичното одбивање ја прифаќаат намалената сума пари и Мис Стон е ослободена

(Продолжува)








#
Статијата е прочитана 2705 пати.

Испрати коментар

Од: pameten
Датум: 11.06.2011 07:56:02
Imeto Makedonija ne se koristelo za ovie prostori vo Sredniot vek do Prerodbata. Vo 1830, mnogu pred da ima Bugarska drzhava ili Ekzarhija, prviot grad kade shto posakale Bugarski uchilishta ne bil Sofija, Plovdiv, Varna... toku Skopje. Krchovski i Pejchinovikj svojot jazik go narekuvale Bugarski, a vo narodnite pesni sobrani od Miladinovci se zboruva za Bugari. (Sloveno)Bugarskiot zbor MakedonCI (od gr. Makedon) se pojavil vo 19 vek kako regionalno ime za delot od Bugarskiot narod na ovie prostori. Isto kako vo Hrvatskiot jazik se pojavil zbor za (Hrvatite) Dalmatinci, a vo Albanskiot, za Albancite Kosovari. (Nitu Dalmacija e Hrvatsko ime, nitu Kosovo – Albansko). Evolucijata na Makedoncite vo poseben narod se sluchila vo 20 vek.Faktorite bile mnogu: Izolacija od ostanatite Bugari, razocharenost od Bugarija, struchnosta na Tito, teshkata antibugarska propaganda, no pred se sakralizacijata na imeto Makedonija, ime so antichka i Bibliska slava.
Од: Ivo
Датум: 11.06.2011 08:50:45
Аферата мис Стон - главни актери: Македонскиот војвода Христо Чернопеев - роден 1868 година во селото Дерманци, Ловешко - денес Бугарија, Македонскиот војвода Јане Сандански - роден 1872 во селото Влахи, Пиринска Македонија - денес Бугарија, Македонскиот војвода Крсто Асенов - роден во 1877 година во Сливен - денес Бугарија. ?????
Од: Gjokica
Датум: 11.06.2011 09:32:45
sesti dokaz. Дека секретарот на бугарската црква има право за антиегзархиската дејност на македонските митрополити, потврдува и сочуваната архива на скопскиот митрополит г. Теодосиј Гологанов, роден неврокопчанец (пиринско, сега град Гоце Делчев). Иако митрополит на бугарската Егзархија во Македонија, тој е жесток противник на оваа црковна формација и бугаризацијата што ја спроведувала во Македонија. Митрополит Гологанов пишува „Бугарите ја вршат најмизерната работа, го негираат Македонското име и јазик и го заменуваат со ново (бугарско), со цел бугарските господари да се прошират на туѓи територии...тоа е ново ропство, потешко од турското..турците го убиваат телото, а не духот ...Егзархијата го убива сето тоа подоцна...ние Македонците не страдаме толку од Турците, како од Грците, Бугарите и Србите кои како сакаат како волци да ја разделат намачената македонска земја...Ние македонските духовници по потекло, треба да се обединиме и да го разбудиме народот, да се отфрли странската власт,
Од: BgMak
Датум: 11.06.2011 12:32:24
Наградно прашање: каде се наоѓа Ловеч - родното место на Чернопеев
Од: ПАМЕТНИ ЏАБЕ ВЕЗЕТЕ
Датум: 11.06.2011 12:39:11
Makeдонците се Македонци а не се Грци не се Срби и не се Бугари односно Татари. Односно народот денес во Бугарија 1/3 се Татари 1/3 Македонци и 1/3 Турци Роми и др. Јасно ли е Непаметен. Друго ете докази како македонските чети се бореле и против турски и против бугарски аскер. А во тие моменти тие од костурско и против грчките банди платеници читај Литоксоу Грчкаантимакедонска борба до 1905. Села македонски во костурско со 1000 до 3000 жители . И после тешкиот фашизам спроведен над македонскиот народ за последните сто години и денес има луге научени од гркосрбобугарските лаги и пропаганди и ги полнат нашите медиуми. Луге ако не сте платеници или дел од соседите вие сте тешки предавници на македонскиот народ во 21 век. Еден таков е Коте влаот од горе посочената книга. Во книгата Литоксоу дава и карта со број нажители и националност како и за неговото етничко потекло. Кај вистинските Македонци не би требало да поминат лагите гркосрбоблгарски или предавнички коментари без да научат.
Од: rego
Датум: 11.06.2011 13:50:19
Simeon Radev od Resen vo svoite spomeni ke napishe deka Теодосиј Гологанов imal loshi otnosi so Ekzarh Josif i toa e prichina za negovite antiekzarchiski stavovi i crkoven separatizam. Vo periodot sled 1910 ke se vrati vo lonoto na Ekzarhijata, i duri ke stane chlen na Bugarskata akademija na nauki. http://en.wikipedia.org/wiki/Theodosius_of_Skopje
Од: Janakiev Nikola
Датум: 11.06.2011 15:01:55
Kolr 11.6.2011g. Denes Bugagi Vlasi Srbi Grci se pobogati i plakat i pisuvat prikaski kako i odgovara na niv istorijata na balkano,Pocnuvat i zavrsuvat sekoj stomu odgovara.Po naste prikaski istorijata pocnuva od TEMEN I NE JEZAVRSENA. Gradot kade e roden Onazis e vo Tucija.a Turski Izmir na Grcki Smirna. Toj grad i pred Rijanite postoel.SMIR I IZMIR.Eisto znacene i razbirlivo na Ruski.Pol. Seh.Slovak.Slovenec.Srpski Bug.Hrvatski.Bosanski.Srbite jutat Hvatite go pozdravija Crnogorski jazik.
Од: istina
Датум: 11.06.2011 15:23:43
A zosto na vreme koga vo Albanija vo Grcija ne e bila titova Jugoslavija i Makedoncite se pisuvani i grci i albanci-a deneska vo vreme na demokratija mozat da se izjasnat kako Bugari a ne Makedonci- tie se izjasnuvat kako Makedonci .Vo vremeto na konfliktot vo 2001 god .Poveketo novinari bea kupeni od Albancite i vo izvestaite od Makedonija Makedoncite gi narekuvaa sloveni ili slavo Makedonci -a mnogu retko ja kazuvaa vistinata sto se se slucuvase vo toj konflikt. A da ne zboruvame vo toa vreme kakvo e bilo novinarstvoto i pisuvanjeto na objektivnosta vo nemanje na Makedonska drzava,Nesto ne stima Albancite -Kurdite itn ziveat vo poveke drzavi no tie se sekade Kurdi i Albanci.
Од: милквоски
Датум: 11.06.2011 16:19:54
незнам дали знаевте но на пописот во 1951 година во бугарија 450 000 луѓе се пишале како македонци? не дозволувајте да се играат со вас бугариве...
Од: Dp dzhabe vezete
Датум: 11.06.2011 16:39:08
Da bile 1/3 od naselenieto vo Bugarija Makedonci, a ne Bugari od Makedonija, drzhavata kkje im propadne. Vo Albanija ima Bugarski drushstva, iako od 1945 uchilishtata se im Makedonski
Од: Nikola
Датум: 11.06.2011 17:11:53
Аферата мис Стон низ Њујорк тајмс-http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=942
Од: make
Датум: 11.06.2011 19:00:23
Милковски, по Втората светска војна бугарските комунисти насила пишуваат многу Бугари Македонци, бидејќи имало разговори помеѓу Георги Димитров и Тито да се прави Балканска федерација со Бугарија. Имам вујко од Петрич (Пиринска Македонија) и тоа го знам од него. Затворале ги по затвори и ги бркале од работа ако не се пишуваат Македонци.
Од: do make
Датум: 11.06.2011 22:24:42
Navistina e smesna tvojata izmislica i na vujko ti,ako ne si go izmislil i nego,deka naselenieto vo pirinska Makedonija bilo prinuduvano da se izjasnuva za makedonsko.Ne,obratno bilo,makedonskoto naselenie bilo prinuduvano tamu da ne se izjasnuva za makedonsko,a isto e prinuduvano i denes.
Од: Ljubotan Trade Name
Датум: 12.06.2011 06:59:12
@ Pameten.Me interesuva,od kadde gi nauci,il procita ovie tvoi sonista. Civ Iguman; Bese Ciril Pejcinovic? Toj dojde Kako kalugjer od Srpskiot Manastir Hilander na Sveta Gora.Poucenija Gresni,gorka casa na knez LAZAR Zrcalo-ogledalo i brese pod jurizdikcija na Prizrenskiot Vladika.Ciril Pejcinovic ,mozel da bide: Kurli Pejcini, KirePejcinov, KircoPejcinski,,Kire Pejcinovski,Kiro Pejcinov,ili Pak Kirco Pejcijnovski .Ama Toj znaese koj ei sto e: Ciril Pejcinovic.Roditelite po majka i tatko doseleni vo Tearce od s Gorance- Nemanicko selo so desetina Crkvi!!
Од: ЏАБЕ ВЕЗЕТЕ Татари 1/3 се со македонско потекло
Датум: 12.06.2011 11:42:20
Се знае дека Татарите со коси очи се Прабугарите и тие се 1/3 од населението во Бугарија. Па 1/3 се лугетро со македонско потекло. Само Пирин е со 300 до 400.000 такви луге нормално дел од Македонија. А само колку Македонци од Егејот се протерани од Грција или принудна размена како со Турција. А 1/3 се Турци и Роми. Џабе везете Татари Бугарија е полна со Македонци а скокате за стотина Блгари во Македонија. Е ајде да се признаат малцинствата во Буг и Грц де. Не ви одговара. И од Македонците сте го зеле јазикот бе татарчиња. Читај Лотар Македонски јазол стр.50 и 51.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Концерт за старите добри времиња
Ќе се штитиме или да не штитат
Сите се оградуваат од „тигарот“ Спасов
Малиот рај на манастирот во Рајчица
Свирки во Америка, Италија и во Македонија
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Курбан липи
Враќањето на визите и натаму виси над Македонија
Најважна е екологијата на духот
СДСМ не го дава Црвенковски
Стинг во Белград
Летај Саша
iCloud - почеток на нова ера!
Инвазија на македонски пејачи
Балон во магла
Почина Леон Бота, најмлад старец во светот
Македонија обезбеди пласман на ЕП во Србија
Лажењето е опасно и за здравјето
Зошто песната може да ве натера да се расплачете
Стразбур пресуди во корист на ОМО Илинден - Пирин
Водич за заштита од стомачни инфекции
Запленети над 100 килограми марихуана
Штип ќе добие нов плоштад и уредено корито на Отиња
Очекувам Нимиц да ги динамизира разговорите за името
Карикатура

"""