Македонија - БиХ 25:19
Пласманот на ЕП прославен со победа
12.06.2011, 22:22
Македонската ракометна репрезентација со 25:19 ја совлада Босна и Херцеговина и како второпласирана во групата се пласираше на Европското првенство во Србија во јануари следната година.
Всушност, целиот натпревар кој што се одигра во салата Борис Трајковски беше од ревијален карактер, бидејќи уште пред да започне мечот, Естонија загуби од Унгарија (34:27) и со тоа ги загуби и теоретските шанси за пласман на ЕП.
Натпреварот течеше опуштено, а единствено Борко Ристевски со своите 20 одбрани исклучително сериозно ја сфати работата. Сепак, и покрај тоа, демотивираните Босанци немаа никаква шанса во овој натпревар.
„Да одиме чекор по чекор, мораме да се докажуваме секојдневно, а тогаш успесите сами ќе дојдат“ - Изјави токму Ристовски во врска со тоа што очекува од настапот на репрезентацијата во Белград.
Унгарците со максимални 12 бода го освоија првото место во групата, Македонија е втора со 8, додека Естонија остана на 4. Последна е Босна и Херцеговина со 1 бод.
|