„Сунчане скале“
Инвазија на македонски пејачи
Дури осуммина македонски пејачи ќе настапат на најновото издание на интернационалниот музички фестивал „Сунчане скале“ што ќе се одржи на 4 и на 5 јули во Херцег Нови, Црна Гора. Списокот на наши изведувачи го отвора Даниел Данн со песната „Се' што ми треба“, по него Горан Каргов и „Кад проѓеш кроз моје песме“, следува Мартин Србиновски со „Рам там там“, Димитар Андоновски со нов аранжман на песната „Ова небо знае се'“ и „Офсајд“ со „Секој ден“ го заокружуваат настапот во вечерта на нови ѕвезди. Во финалната вечер, која е насловена „Песна на летото“, ќе ги видиме и ќе ги слушнеме Влатко Илиевски со „Моја тамна река“, Александар Белов ќе пее „Далеко“ и Јоце Панов со „Теби није стало“. |