Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
15.09.2012, 16:07

(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев: Европскиот филм има душа



Сум одбила многу работи, чувајќи си ја приватноста и кариерата, мојата природа е таква - сакам да бидам своја, вели познатата актерска дива

Сунчица Уневска

Битола - Присуството на Катрин Денев го привлече целото внимание во Битола пред почнувањето на 33. издание на Филмскиот фестивал "Браќа Манаки". Едноставно, во Битола сите излегуваат во пресрет кога станува збор за нејзините барања и буквално се во овие денови е подредено на тоа, на големата ѕвезда Катрин Денев да и понудиме прекрасно гостопримство. А оваа вистинска дама, на истиот начин и возвраќа. Помалку стрепевме пред интервјуто со неа, затоа што колку што е професионална, толку може да биде и незгодна ако навлезете премногу во нејзината приватност. Но, интервјуто протече во прекрасна атмосфера.

Почитувана Катрин, имате исклучително богата кариера и огромен број улоги зад себе. Што е она што Ве држи толку долго во оваа работа?

Па, точно како што рековте, работа и само работа. Можеби одговорот на тоа би бил - различните работи што ги правев, а можеби и мојата љубопитност, која постојано ме држи отворена додека снимам филмови. Веројатно, тоа прави да опстојувам толку долго. Всушност, не знам што е вистинскиот одговор, бидејќи не сум го анализирала тоа. Кажете ми ја тајната! Можеби, бидејќи играв во многу различни филмови, а работев и со голем број различни режисери, исто така.

Осврнувајќи се на вашата кариера, токму тоа и сакав да ве прашам. Дали сакате да експериментирате, дали преферирате нови работи?

Да, сакав и го правев тоа. Сум работела со многу необични режисери на различни страни на светот. Во Либан работев на еден 50-минутен документарец, кој потоа стана игран филм. Потоа го позајмив мојот глас во анимираниот филм на Марјане Сатрапи "Персеполис". Сакам да бидам дел од нови работи, да истражувам, да се испробам во различен вид и пристап кон филмовите, мислам дека токму тоа ја задржува љубопитноста.

Кога се зборува за вашата филмска биографија, сите се уште, иако поминаа цели педесет години, се осврнуваат на филмот "Шербурски чадори" на Жак Деми, кој ви ја донесе светската слава. Дали додека работевте на овој мјузикл имавте чувство дека правите нешто големо?

Тоа беше многу поинаков филм. Знаевме дека правиме нешто специјално, го работевме со големо задоволство и упорност, но никој не знаеше дека ќе се случи таков успех. Уште пред да започне снимањето на филмот моравме да работиме на дијалозите, на гласот, на звукот. Кога ја слушнавме музиката имавме чувство дека би можело да биде нешто особено, нешто трогателно. Па сепак, никој не можеше да знае дека ќе стане голем.



Што мислите од оваа дистанца, дали Луис Буњуел и Роман Полански, во чии филмови одигравте незаборавни улоги, дојдоа прерано во Вашата кариера. Тоа беше некаде на самите Ваши почетоци, имавте ли малку страв?

Не беше тоа страв, така се чувствувам и денес пред да работам некој филм, чувствувам вознемиреност, загриженост. Да, кога се работеше за Буњуел бев навистина возбудена, полна со исчекување, но кога почнавме да работиме се беше во ред, бидејќи му беше најважно првенствено да создаде вистински дијалог. Со Роман Полански не беше така, тој имаше претходно работено во Париз и средбата со него беше сосем различна, тоа беше поинаков однос, помалку интимен.

Каков беше Буњуел за соработка, каков беше неговиот пристап во денес култните филмови "Убавицата на денот" и "Тристана"?

Работата на тие филмови беше различна, не поради Буњуел, туку поради самите филмови. Освен тоа, кога се работи за "Убавицата на денот" имаше малку проблеми поради авторските права на книгата, по која се работеше филмот, а за која правата ги имаа двајца продуценти. Поради тоа работите се одвиваа малку потешко, требаше доста време. Со "Тристана" беше полесно, бидејќи имаше само еден независен продуцент. Но, самата атмосфера и пристап беа сосем различни искуства за мене.

Дали некогаш сте размислувале за Холивуд или, сепак, му дававте приоритет на европскиот филм?

Тоа не беше прашање на приоритет, туку таков беше начинот на кој ми се случија работите мене. Имав малку искуство во Холивуд многу одамна, таму направив два филма. Претпоставувам не беше вистинско време, не беше моментот, не беа вистинските филмови. Можеби, ако беа поуспешни филмовите ќе направеа разлика. Сакав искуство, но за мене беше тешко да работам таму. Мислам дека и тие два се сосема доволно.

Како излегувате на крај со тоа што сите Ве сметаат за легенда, како човек да остане нормален и да го заштити својот приватен живот?

Мојата природа е таква, да бидам своја, приватниот живот го чувам само за себе и тој став барам да се почитува. Сум одбила многу работи чувајќи си ја приватноста и кариерата. Отсекогаш бев таква и кога бев многу млада.

На крај, да Ве прашам, како денеска ја оценувате состојбата со европскиот филм?

Многу е тешко да се споредат европскиот и американскиот филм, тие се како Давид и Голијат, сосем различни продукции по гол��мина. Во европските земји е тешко да се најдат пари, но мислам дека има место за европскиот филм бидејќи тој доаѓа од различни земји и носи поинаква свежина и приказни. Во Франција, на пример, состојбата е добра бидејќи телевизијата влегува како копродуцент и ја презема одговорноста за да оствари поголем профит. Во Америка има поголема контрола, но мислам дека европскиот филм ја има душата и во своите приказни секогаш ја носи човечноста.





Статијата е прочитана 2464 пати.

Испрати коментар



Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“
Никогаш поголемо интересирање за отворањето на „Браќа Манаки“
Во Конго отриен нов вид мајмун
Ново шоу од кујната на Џамбазов
Филмот на Киро Урдин со престижна награда во Кина
Универзумот на „Мугер фугер“ вечерва премиерно во „Ла Кања“
„Ристо Шишков“ за Никола Ристановски
„Трето полувреме“ е годинешен кандидат за „Оскар“
Џејмс Бонд жртва на семејно насилство
Се породи Адријана Лима
Маџиров ја доби на стипендијата „Маргерит Јурсенар“
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
„Епл“ го претстави iPhone 5 со четири инчен екран
Девет претстави на 37. Млад отворен театар
Културен мост меѓу Македонија и Словенија
Се продава островот на Џон Ленон
Врвна романска гимнастичарка стана проститутка
„Блех фестивал“ на Градска плажа
Стрип-изложба на Сотировски на „Манаки“
Македонската филхармонија со концерт во Битола



od mene od daleku, 16.09.2012 01:03:17
Smetam deka Suncica Unevska,nepocituvajki go kodeksot na oblekuvanje za ovoj vid nastani, za razlika od Katrin Denev, indirektno ja navredila svojata gostinka !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Грмотевици со дожд
Макс: 26°C, Мин: 14°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 28°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (2)
Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија...
Во Конго отриен нов вид мајмун
Овој вид мајмуни локалните жители ги нарекуваат лесула, а нивните задници имаат специфична сина боја...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |