Хороскоп
Овен
Имагинативните сили се во игра, што е добро за уметноста, животот во свет на фантазии и идеали, а лошо за практичниот живот. Доколку тоа го знаете, ќе избегнете разочарувања и финансиски губитоци. Во спротивно ќе се секирате, нервирате и ќе немате пари.
Бик
Благите стресови на емотивен план ја прават врската поинтересна. Не ви е досадно, но не се прашувате до кога личноста покрај вас ќе го трпи вашето однесување. Не сте свесни за сопствените слабости, па се обидувате вината да ја префрлите на опкружувањето.
Близнаци
Она што другите ги излудува, вас ве прави потполно рамнодушни. Можеби е тоа една од причините поради кои околината не ве разбира. Моментално функционирате благодарејќи на одличната ситуација која јасно ви дава до знаење што треба да правите.
Рак
Конечно некои ваши проекти ќе добијат материјална сатисфакција. Ви годи сознанието дека добро работите, но нема да останете рамнодушни ни на парите. Планирате долгорочно, за што е потребна сила од финансиска природа. Ако чувствувате замор, напревете крвна слика.
Лав
Моментално се се лепи на вас: љубовта, парите, но и килограмите. Што се однесува до последново, морате итно да реагирате, зашто после тешко ќе ги изгубите натрупаните килограми. Незаборавни моменти влијаат на тоа добро да се чувствувате. Подгответе се за период на стагнација.
Девица
Влеговте во период од кој многу повеќе очекувате одколку што реалните можности тоа го дозволуваат. Морате да се спуштите на земја, за да ги избегнете утките во животот. Морате некои работи од корен да ги промените. Се уште не знаете што може тоа да биде.
Терезија
Земете од животот се што ви нуди, а ќе ви понуди доста. Вие ги отфрлате работите кои не ви годат, но и личностите во чие друштво се чувствувате непријатно. Пред вас е деловен успех пропратен со финансиска добивка. Не можете да се пожалите ни на љубов. Се оди во комплет.
Скорпија
Ви поаѓа од рака да направите повеќе работи кои меѓусебно се собрале. Уживате во хармонијата, задоволни сте со успесите на најблиските. Се предавате на рамото на партнерот, правејќи планови за нови потфати. Осамените може да ја запознаат во овој период личноста на својот живот.
Стрелец
Решавате многу важни нешта, но по цена на нервоза. Никако не можете да го сфатите однесувањето на личностите со кои сте во директна врска. Мислите дека не се задлабочуваат доволно во проблемите. Најдете компензација за работите што ги сакате. Патувањето со партнерот и понатаму е тема на интерес.
Јарец
Потребата за љубов и секс е навистина силна, па така и ќе функционирате. Доколку партнерот не успее да ги протолкува вашите желби, ќе се снајдете, како што тоа обично се случува. Активни сте и среќни, свесни за убавината во секој момент. Можен е проблем со алергија.
Водолија
Ги средувате меѓучовечките односи, ги решавате љубовните проблеми. Конечно, се одлучивте за таков чекор, бидејќи работите се искомплицираа. Она од што најмногу се плашите е вистината. Многу е полесно да живеете под секојдневна пресија отколку да и погледнете на вистината в очи.
Риби
Домот е главното место каде ви се случуваат сите нешта. Не е исклучено дека некои работи ќе ги извршувате во својот дом, како ни тоа дека ќе имате гости. Моментално домашната атмосфера и бегањето од реалноста, ви создаваат многу замки. Бидете внимателни.
|