Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
22.03.2012, 16:56

Димас се додворува на солунчани со името

Шефот на грчката дипломатија тврди дека Атина ја амортизирала одлуката на Судот во Хаг

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Шефот на грчката дипломатија, Ставрос Димас, покрај министер��ките патувања, постепено ги зачестува и партиските. Еден ден пред вечерата на министрите за надворешни работи во Брисел, во средата вечерта Димас почна со своите предизборни говори за Нова демократија во Солун пред голем број симпатизери и членови на десничарската партија. Во додворувањето пред солунските гласачи за претстојните предвремени избори, Димас не заборави да проговори и за спорот за името кој е чувствителна точка во северна Грција. Критикувајќи ја работата на владата на ПАСОК, Димас спомена дека не е случајно што откако се формирала преодната влада на Лукас Пападимос, двете министерства клучни за зачувување на националниот суверенитет паднале во рацете на Нова демократија.

„Ја знам вашата оправдана агонија и загриженост за прашањето за името. Можеби е познато дека имам потекло од Коринт по татко ми, но малкумина знаат дека мајка ми потекнува оттука, од Македонија. Ги делам со вас истите агонии и стравови. Треба да знаете дека политиката на Нова демократија за спорот за името е непоколеблива. Сакаме заеднички прифатливо решение. Ќе работиме конструктивно за да се најде, но нема да прифатиме навреди и провокации“, истакна Димас. Како дел од познатиот рефрен, шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција ги направила сите потребни чекори и чекала на македонската Влада да покаже дека сака да има добри соседски односи со Грција.

Димас го посочи справувањето со одлуката од Хаг како успешна дипломатска акција од страна на Нова демократија.

„Требаше во тешки услови да се осигура одлуката од Букурешт, која беше успех за владата на Нова демократија во 2008 година. Требаше да се осигураме дека каква и да биде одлуката на Меѓународниот суд на правдата дека нема да стане алатка за понатамошно одолжување од страна на Владата во Скопје“, истакна Димас, потенцирајќи дека одлуката од Хаг била објавена кусо по промената на владата во Атина. Шефот на грчката дипломатија се пофали дека благодарение на интензивните дипломатски обиди од грчка страна, денот кога беше објавена одлуката, претставниците на ОН, САД, ЕУ и НАТО преку своите соопштенија едноставно ги повикале двете страни да ги продолжат преговорите во рамки на ОН, што, всушност, го барала и Грција.

„Во краток рок од неколку недели и лоши услови, Грција ги оствари своите објективни цели. Меѓународната заедница го стави спорот за името во правилен контекст, односно решавање на спорот според одлуките на Советот за безбедност, односно наоѓање заеднички прифатливо решение за ерга омнес употреба во рамки на преговорите во ОН“, изјави Димас, додавајќи дека Нова демократија има цел да создаде зона на мир, стабилност и развој на северната граница, а трговски, културен и економски центар на таа зона да биде токму Солун.

Како што пренесуваат солунските весници, на говорот на Димас присуствувале голем број членови на Нова демократија кои се симпатизери и поддржувачи на поранешниот премиер Костас Караманлис. Додека Нова демократија веќе го одигра првиот предизборен меч во Солун, во ПАСОК се' уште се регрупираат по доаѓањето на Евангелос Венизелос на чело на партијата.


Статијата е прочитана 1562 пати.

Испрати коментар



Ќе се ловат и бизнисмени во мрежата на лустрација
Ексфункционер на ДПА претепан во Кондово
Во парламентот повторно станува жешко
Кој ги пушти од притвор лидерите на „балистите“?
Чаирските училишта станаа безимени
Шефот на дипломатијата на двонеделна турнеја



dedo dimo, 23.03.2012 06:25:53
Grcija i so pomosh na EU nema da opstani i na krajot ke zavrshi kako i shto bila pred 200godini , odnosno ke se raspadni .Gospod saka pravda a toa e edna Makedonija .Grcija nikogash porano ne bila drzava .
Господ, 23.03.2012 14:15:25
дедо димо , во право си! Дојди итно кај мене,ќе те кладам за главен советник!
bitolchanec za Makedonija, 23.03.2012 20:12:01
Nema nitu edno seriozno chetivo koe kazuva deka Antichka Makedonia i Elada (elinskite gradovi-drzavi) bile edno isto, deka Antichkite Makedonci i Elinite bile isto. Deka ziveele na ista teritorija. Grchkata sovremena istorija go prefrla Antichkiot Makedonec vo Elin, isto kako da prefrla vreka kompiri. Chitajte gi deneshnite grchki pishuvanja za Antichka Grcija (Antichka Grcija ne postoi istoriski kako takva). Ima istorija pred Aleksandar III, za negovoto vreme, i posle Aleksandar III. Za niv toj e Grk. Mnogu retko i beglo se spomnuva Filip II kralot na Makedonia, pobedonosecot. Toj gi pobedi, gi ponizi i gi pokori Elinite. Za nego najdobro e da ne se zboruva. So Aleksandar e lesno, bar taka tie mislat. Nashiot konj za trka e Filip II. Zatoa so pravo Makedonija mozi da go nosi imeto na Antichka Makedonia. Apsolutno.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 19°C, Мин: 2°C

Четврток
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |