Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
06.05.2012, 15:36

Мое ќоше

Слуги на лагата или на вистината

Ерол Ризаов

Колку се подготвени Владата и новинарите да создадат амбиент за самостојни и одговорни медиуми

И годинава, како на парастос на одамна покојниот, се изнаплачевме и се изнаприкажавме на кое дереџе се македонските медиуми и новинарство. Постојано како Амиши се прашуваме има ли спас од власта и од самите нас. Иако добро го знаеме патот до слободата, уште се думаме како се стасува до таму и кој треба да го изоди. Ако ги прашате уредниците, новинарите и власта дали воопшто се можни во Македонија слободни медиуми со професионална и самостојна уредувачка политика според високи европски стандарди, ќе добиете одговор дека не само што се можни, туку тие одамна постојат и егзистираат... Секој од свој агол ги гледа своите новинарски високи дострели и туѓите стрмоглави падови. Ако, пак, се потпрете на сопствениот и на општиот впечаток во државата и на она како другите гледаат на нас, лесно ќе видите, освен ако не сте ептен партиски инфицирани, дека тонеме длабоко на срамни позиции блиску до земјите каде што има ригидни режими и диктатури.

Уште непочнат, заврши дијалогот меѓу Здружението на новинари и Владата. Претставниците на Владата седнаа на заедничка маса со новинарите од немајкаде колку да ги задоволат формално барањата и „притисоците“ на ЕУ демек еве дебатираат со новинарите за декриминализација и поголеми слободи и независност. А, всушност, убедени се дека Македонија се гуши од преголема медиумска слобода, која поминува во анархија. Новинарите, пак, кои преку еснафската организација не' застапуваат, наивно помислија дека мачките ќе престанат да јадат глувци и небаре по тешки и мачни преговори спектакуларно ќе склопат мировен договор меѓу две природно спротивставени страни откако постои светот и векот. Македонската влада веќе не се ни соочува со некаква жестока медиумска спротивставеност и критика. Не и' е потребна подлабока медиумска контрола. Таа тоа го оствари во целост, освен уште кај неколку мали исклучоци, кои повеќе спаѓаат во фолклор отколку што имаат пресудно влијание.

Добро е што конечно во Здружението на новинари сфатија дека преговори со такви стартни позиции и сфаќања за новинарството воопшто не се можни. Новинарите, дефинитивно, немаат друг избор освен да бидат слуги на вистината или на лагата. Поделба присутна откако постои и новинарството.

Основниот проблем е во поимањето на демократијата и во нерегуларниот медиумски пазар, кој го инсталираа сите македонски власти, кој повеќе кој помалку. Иако не мислам дека со Закон или некаква одлука се создава демократски амбиент и слободни медиуми, сепак чинам дека ни е потребен добар закон за медиуми, кој може да помогне и да отвори некои патишта за подобра регулација на медиумскиот пазар. Ама, законот не треба да се подготвува во владините кабинети и министерства. Тоа би требало да биде првиот гест на добра волја од страна на Владата, која има сериозен проблем со својот демократски капацитет. Владата треба да предложи законот да го подготват невладини организации, угледни правни експерти, комуниколози и новинари во консултации со европските институции и ОБСЕ и според стандарди и критеруми кои се соодветни и применливи во Македонија. Стана сосема очигледно дека не се доволни само Уставот и уставните гаранции за слобода. Во изминатите 20 години се намножија многу работи во медиумската сфера кои треба да се регулираат и со закон. Мнозинс��вото новинари и Здружението на новинари и синдикатите оправдано стравуваат од закон што би го донела оваа влада бидејќи таа не ги почитува ни постојните закони.

Втората работа која треба да ја направи Владата е да ги прекине корупциските кампањи и да донесе критеруми за финансиска поддршка на медиумите кои имаат општествена оправданост и пошироко значење. Тоа би бил првиот вистински придонес на владата за создавање демократски амбиент. Експресната декриминализација и стопирање на драконските казни е само мал придонес дека се движиме во правилна насока.

Што мислите има ли оваа Влада самодоверба да им предложи вакво нешто на новинарите и на македонската јавност и тоа денес храбро да му го соопшти на Штефан Филе, кој доаѓа од Брисел да праша до кај стигнавме со новинарските слободи. Човекот ќе праша иако го знае одговорот. Таков е редот.


Статијата е прочитана 4124 пати.

Испрати коментар



Терористите побараа Македонија да се повлече од Авганистан
Го нема оружјето со кое е пукано во жртвите
Сарач
Охис и железничарите денеска на штрајк



Marioec od Azija, 07.05.2012 06:21:35
Da Erole vladata treba da ja dekriminalizira klevetata,i e eden od uslovite za slobodata na mediumite.Ama vie novinarite treba prvo da se departizirate,da gi vratete partiskite clen karti,da vovdete etika,moral vo rabotata,nepartisko izvestuvanje i red dr raboti i da se posvetite na istrazuvacko novinarstvo.Oslobodete se samite od sebe,a za vladata posle e lesno.Vrati ja clenskata ti vo SDS,Milenko vo DPMNE,Latas uf toj ima od sekoja partija po edna pa neznae kaj pojce e clen i cija clenska poseduva.A NVO nema kaj nas toa se partiski podorganizacii pa od niv nema pomos.
USA, 07.05.2012 06:44:25
Dali novinarite glasaat. Ako glasaat, za kogo? Ako veke imaat da biraat i odbrale, dali se nezavisni ili pristrasni? Ete, samo toa e zagarantirano demokratskoto pravo na novinarite. Slobodno da glasaat. Nikoj ne moze da me ubedi deka ako glasaat za odredena opcija, nema da im bidat prikloneti................i obratno. Ima i druga opcija, od nezavisni novinari da se pretopat vo pratenici so politicka pripadnost. Milina!!!
Istocna Makedonija, 07.05.2012 08:13:44
,,Demokratski,liberalen mediumski pazar,nezavis- no novinarstvo,stimul,podednakvo,za site mediu mi,bez selektivnost!?.Ne moi,tvoi,tuku objektivni i nezavisni.No,kade se odgovorite na ovie prasanja,ili seto ova e fikcija?!Mozebi,nekoj isku- sen politicar-drzavnik gi znae?Mozebi,Kastro!
seirdzija, 07.05.2012 08:30:05
Ona sto vo Slovenija se masazerki,vo Makedonija se eden del na novinari.Prostitutki na vlasta!Tuka se i nekolkute redovni komentatori so svoite sekojdnevni sado-mazo politicki perverzii,da ne podsetuvaat deka onie od opozicija pravele isto pa ovie po avtomatizam imale pravo na istite svinjarii....c.c.c...
Zeleno buniki, 07.05.2012 08:30:13
Kako bre Erole nemalo sloboda na novinarite i mediumite. Pa zarem ne slusas i citas kakvi se zeleni i nedovetni raboti treskaat kvartetiot MLJM ( Mirka ,Milenko Latas i Janko) Pa takvi buniki i zelenilo ne jadat ne mozat da prezvakaat i ajvanite. I nikomu nisto. Takva sloboda neme nikade.
od ostrijot, 07.05.2012 10:04:55
erole begaj podaleku od slugi na lagite ovije slugi nese dobri ni zasebe a nitu za opstestvoto.
kaktus, 07.05.2012 10:09:50
Ова е најслабиот натпис на еден стар и еминентен новинар. Трла баба лан.... Со закон да се создаде слободно и независно новинарство.... И што ќе содржеше тој закон .... Власта да не ги корумпира новинарите и медиумите......Кампањите да ги води рамноправно преку сите медиуми...... Да не затвора медиумски куќи поради неплаќање на данок..... Е море Ероле....
melbourne, 07.05.2012 11:30:47
E moj kaktus!!!!prav kaktus, ti ne si KOPIJA.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Фотографии - Полна месечина
 


Site Meter


 
Време
Скопје, 32°C

Ведро

Понеделник
Локални грмотевици со дожд
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 30°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

„Погледнете и слушнете ги ��оите јунаци, вели големиот српски режисер Желимир Жилник, кој гостува на „Македокс“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |