Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Моето дете тинејџер
Култура
07.04.2010, 16:44

Лувр се' уште е светилиште на светската уметност

Испитувањата покажуваат дека луѓето најмногу сакаат да ја видат Мона Лиза и да се фотографираат со неа

Невена Поповска

Најпосетен музеј во светот во 2009 година е парискиот „Лувр“, каде што е изложено ремек-делото на Леонардо да Винчи со најтаинствената насмевка на светот. Со 8,5 милиони посетители, „Лувр“ е на врвот на листата од петнаесет светски музеи. Испитувањата покажуваат дека луѓето најмногу сакаат да ја видат Мона Лиза и да се фотографираат со неа.

Листата, се разбира, говори за ликовниот вкус на денешницата, и тоа во корист на класиката во однос на модерната уметност. Лондонскиот „Тејт модерен музеј“ е поместен на петаесеттото место со 4,7 посетители, а прв музеј со предзнакот модерен во својот назив е Њујоршкиот музеј на модерна уметност - МОМА, со 2,6 милиони посетители, кој е поместен на 11 место.

Во Лувр се чуваат 35 илјади експонати, но ниту еден досега не ја надминал Мона Лиаз која се чува со двојно стакло и ограда. Закачена е на средината на салата, а куриозитет е тоа што многумина од посетителите воопшти и не ја погледнуваат подетално кога ќе и се приближат. Важно им е само да ја фотографираат.

Петроградскиот „Ермитаж“ е дури на 13 место со 2,4 посетители, а пред него се тајванскиот „Palace museum“ , Корејскиот национален музеј и мадридскиот „Museo Nacional del Prado“.

Огромна е разликата на посетители меѓу првиот и вториот најпосетен музеј во светот. Втор на листата на најпосетени музеи во 2009 година е „British Museum“ со 5,5 милиони посетители и со дури три милиони заостанува зад Лувр! Како и сите британски музеи, тој дозволува бесплатен влез за посетителите кои се интересираат за неговата величенствена поставка на целокупната историја на човештвото.

Трет на листата е Њујоршкиот „Метрополитен“ со 4,9 посетители.

И додека европските музеи водат според бројот на посетители на постојните поставки, Токио е рекордер по бројот на посетителите на една изложба. Имено, изложбата на една од најпознатите јапонски будистички статуи- статуата на Асхура од 8 век, ја посетиле нешто помалку од милион луѓе, односно 15. 960 дневно. Статистиките велат дека според бројот на дневни посети на музеите, убедливо водат париските и њујоршките музеи.

Многумина се прашуваат што е со музеите на Ватикан и Сикстинската капела, која ја нема на листата, а во 2008 година ги посетиле 4,3 милиони посетители. Невозможно е бројот на нивните посетители да падне под два милиона за само една година.


Статијата е прочитана 1105 пати.

Испрати коментар



Сликарка со беспрекорна визија и јасни ставови
Литературен портрет на Тодор Чаловски во КИЦ
„Уметноста може“
Изложба „Deus Sex Machina“ на Атанас Ботев
„Градот на културата“ прв пат во Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)
Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката де...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Моето дете тинејџер |