Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Рецензија Nokia N8

Oдличен телефон со застарен оперативен систем

Нема сомнение дека N8 е нешто најдобро што сме го виделе на „Симбијан“, но тоа е, сепак, платформа настаната во минатиот век. Овој факт не може да го скрие ни извонредниот хардвер, ниту еден од најдобрите фотоапарати кај смартфоните

Никола Бурагев

„Нокија“ навистина се потруди да го побуди вниманието за својот смартфон N8 многу порано отколку што стигна во продажба. Дојде време да видиме колку беше оправдана таа медиумска врева. Кога ќе земете во рака исклучена Nokia N8, веднаш ќе го препознаете квалитетот на нејзината изработка. Финскиот производител во последните години се врати на политиката на производство на уреди што можат да функционираат со години, а токму N8 е пример на таа политика. Алуминиумското куќиште е доста солидно, а за цврстината придонесува и тоа што кај овој модел не се отстранува задниот дел поради сместувањето на батеријата, која е полуфиксно вградена во телефонот. Уредот нема вратичка што лесно се вади, но, сепак, му допушта на корисникот да стигне до батеријата. За пристап е нужно да се употреби мал одвртувач и да се отстрани долниот дел од маската.

Куќиштето можеме да го опишеме и како елегантно, но, за жал, тој опис не се протега и на задната страна на која се наоѓа испакнатина, која го крие објективот на фотоапаратот. Освен естетски, оваа испакнатина не ни се допадна ни функционално. При вадењето и ставањето на телефонот в џеб, објективот на камерата пречи и е прв на удар кога уредот запнува. Тоа е двојна негативност, бидејќи освен што се нарушува елеганцијата, се работи за објективот што би требало да биде посебно заштитен од гребнатини. Ни се допадна тоа што „Нокија“ остана при својот механизам на отклучување на екранот со мал лизгачки прекинува. Поради тоа, N8 навистина ретко, ако не и никогаш, нема да се отклучи случајно.

Во надворешниот опис на телефонот мораме да го споменеме и екранот, бидејќи се работи за стакло исклучително отпорно на гребнатини. Резолуцијата од 640х360 пиксели не е највисока на пазарот, но е меѓу најголемите. Квалитетот на приказот е беспрекорен, а читливоста е одлична. Забележавме дека дисплејот е прилично употреблив и на дневно светло, без оглед на тоа што се работи за AMOLED екран, кој на уредите на HTC не даде добри резултати во идентични услови.

„Нокија“ за N8 употреби капацитативен екран осетлив на допир, кој работи со еднаква прецизност како и конкуренцијата од повисока класа. Во комбинацијата со новата верзија на оперативниот систем „Симбијан“, кој е добро приспособен кон овој вид екрани, „Нокија“, конечно, создаде одличен модел со екран осетлив на допир.

Интерфејсот на „Симбијан“ 3 сосема добро се снаоѓа во новата улога, но се добива впечаток дека се работи за застарен оперативен систем. Со подлабоко навлегување во менијата, ова чувство само се засилуваше. Предностите на потпирањето на старата платформа се богатството апликации, од кои многу работат и на новиот „Симбијан“, како и едноставноста при снаоѓањето за секој корисник што некогаш го користел. На мислење сме дека „Нокија“ за да тргне напред, мора да расчисти со старото и да направи нешто во стилот на „Мајкрософт“ со новиот оперативен систем „Windows Phone 7“. Колку побрзо се направи такво нешто, толку е поголема веројатноста „Нокија“ да го задржи своето место на пазарот.

Секако, најдобра карактеристика на овој смартфон е вградената камера. Резолуцијата од 12 мегапиксели само делумно има врска со одличниот квалитет на фотографиите и видеозаписите. Поголема заслуга, според нас, имаат објективот Carl Zeiss, механичкиот затворач и ксенон-блицот. N8 снима HD видео во 720p резолуција, кое, според квалитетот, им е рамен на истоимените производи на дигиталните компакти. Корисниците што ги ставаат можностите на фото и видеоснимањето пред се' друго во телефонот, не мораат многу да размислуваат – N8 е уред за нив.

Во предностите на N8 ќе ги сместиме и бесплатните мапи за сателитска навигација и навистина извонредниот звук во слушалките, но, сепак, крајниот впечаток ни го расипува изборот на оперативниот систем. Нема сомнение дека „Нокија“ N8 е нешто најдобро што сме го виделе на „Симбијан“, но тоа е, сепак, платформа настаната во минатиот век. Овој факт не може да го скрие ни извонредниот хардвер ниту еден од најдобрите фотоапарати што сме ги виделе досега на мобилен телефон.

Nokia N8

Производ на тест од:
2be, www.2be.com.mk
Процесор ARM 11 680 MHz, Работна меморија 256 MB
Интерна меморија 16 GB + microSD, Екран 3,5 инчи, 640х360 пиксели, Димензии 114х60х13 мм, Маса 135 грама, Камера 12 мегапиксели, HD видеоснимање 720p
Оперативен систем Symbian 3

.


#
Статијата е прочитана 1279 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 17.01.2011 00:08:48
И Windows е платформа која е настаната во минатиот век, па прилично добро функционира со најновата верзија. Не гледам зошто тоа не би важело и кај новата верзина на Simbian. Зошто овој Ваш коментар не го поткрепивте со конкретен пример.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив