САД
Подобрена состојбата на Гифордс
17.01.2011, 11:15
Здравствената состојба на американската конгресменка Габриел Гифордс се подобрува и таа за прв пат по девет дена од атентатот во Аризона, дише без апарати.
- Конгресменката закрепнува. Таа самостојно дише - се вели во соопштението на Универзитетскиот медицински центар во Тусон.
Лекарите изјавија дека нејзината здравствена состојба се подобрува и дека преминала од критична во сериозна, бидејќи е исклучена од апаратите за дишење, откако успешно и е остранет фибрилаторот.
Дваесет и две годишниот Џаред Лафнер на 8 јануари во Тусон отвори оган врз 40-годишната конгресменка од Демократската партија, при што ја застрела во главата.
Напаѓачот уби шест лица, а рани 14. Против него е покренато обвинение под повеќе точки и ако судот го прогласи за виновен, ќе добие смртна казна.
|