|
|
|
|
|
|
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Со масовно укинување на социјалните пари за најсиромашните граѓани, власта произведува социјална бомба, обвини Зоран Заев
СТРУМИЦА - „За социјална помош извисија 11.000 семејства во Македонија или 40.000-50.000 граѓани. Само во Струмица се изготвени или издадени повеќе од 600 решенија за укинување на правото за добивање месечна социјална помош“, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција. Тој ја обвини власта дека произведува социјална бомба со масовното укинување на социјалните пари за најсиромашните.
Дел од социјалците во Струмичкиот регион на кои во 2011 година им е укинато правото за добивање надомест вчера протестираа пред Центарот за социјална работа во Струмица. Сите беа гневни и револтирани од ваквата одлука на центарот бидејќи, како што изјавија, ообразложенијата за неа биле неосновани и неиздржани.
„Владата на Груевски остави илјадници семејства без корка леб, без око да и' трепне и без да размисли за судбината на тие луѓе. Веројатно секому му е јасно дека месечната помош од 1.800, 2.000 или 2.500 денари е само за леб. Треба ли со лебот уште нешто за јадење, парче облек��, огрев за да имаат топол дом или да ги платат сметките за струја и за вода. Тогаш нормално е луѓето да бараат спас за да дојдат до некој денар повеќе. Сезонското аргатување, собирањето пластични шишиња или старо железо и слични работи како обид за преживување не треба да бидат причина за укинување на парите без предупредување или укажување да се пријават тие приходи“, истакна Заев на вчерашната прес-конференција.
Според него, има примери на граѓани кои од социјалната програма на Општина Струмица примиле 2.000-3.000 денари за лекување дете, купување кубик дрва или за слични потреби, поради што останале без социјална помош. „Малку и' беше на власта што успеа од Македонија да направи европски рекордер во сиромаштија, па како да сака да ја докусури и онака бедната социјална слика за нашава земја. Масовното укинување на социјалната помош е уште еден доказ дека оваа расипничка политичка гарнитура не избира средства како да го исцеди и последниот денар од граѓаните за реализација на своите мегаломански и налудничави проекти од типот ‘Скопје 2014‘, кои се буре без дно“, истакна Заев. Тој го повика Министерството за труд и социјална политика да ги преиспита, односно да ги повлече решенијата за укинување на помошта.
Социјалците од Струмица приложија решенија од кои можеше да се види дека укинувањето на помошта било направено поради минималните приходи што ги оствариле во минатата година, а ги добиле на трансакциски сметки што биле евидентирани во Управата за јавни приходи. Граѓаните што останаа без пари најавија дека правдата ќе ја бараат на суд.
„Примав социјална помош. Во меѓувреме побарав и добив помош од Општината во износ од 2.000 денари зашто детето ми беше болно. Токму ова ми се смета како дополнителен приход бидејќи исплатата одеше преку сметка, па ми ја укинаа социјалната помош од која живееше моето петчлено семејство“, се пожали Абди Арифов, еден од луѓето што протестираа пред центарот во Струмица.
Директорот на Центарот за социјални работи, Кире Поп Трајков, вчера потврди дека 500 домаќинства останале без социјална помош. „При годишната обнова на документите за социјална помош преку Управата за јавни приходи е утврдено дека овие семејства во текот на 2009 година преку своите трансакциски сметки имаат остварени приходи што не ги пријавиле при годишното обновување во документите за социјална помош. Затоа што лажно ја прикажале имотната состојба на своето домаќинство, тие го изгубиле правото на социјална помош во наредните 12 месеци. Исто така, се задолжуваат да и' ги вратат на државата парите што ги зеле неоправдано “, објасни Кире Поп Трајков, директор на центарот.
Инаку, вчера министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ги демантираше обвинувањата од Зоран Заев, дека масовно се укинува социјалната помош. Тој појасни дека станува збор за корисници за кои е утврдено дека остварувале приходи по други основи. „Ние ја разбираме потребата за добивање евтини политички поени на партиите, но не можеме да разбереме како може политичка партија да се труди да го заштити незаконското искористување на буџетските средства“, рече Бајрами. Тој информира дека имало случаи во кои за корисник на социјална помош е утврдено дека има остварено приходи од еден милион и 500 илјади денари, како и од 600, 500, 400 илјади денари... Против лицата за кои е утврдено дека биле корисници на социјална помош, а остварувале приходи по други основи ќе бидат изготвени решенија за враќање на незаконско користење буџетски средства. (Е.П.) |
#
|
Статијата е прочитана 1490 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 15.01.2011 12:40:45 |
|
Оние јадни луѓе кои плачеа за корката леб која им е одземена, Министерот се обиде да ги претстави како милионери. Жалосно. Ниту работа им се овозможува, ниту социјална помош. Затоа ќе работат агенциите како онаа на Амди Кока Кола и ќе ги шверцуваат луѓето во потрага по гол живот. |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 15.01.2011 12:54:21 |
|
Малце по малце се ќе си дојде на свое место.Македонија врие од ПРЕРОДБАТА. |
|
|
|
|
|
|
Од: Зевзекмен |
Датум: 15.01.2011 13:57:47 |
|
pored suvoto ke gori i surovoto... onok sto zemal za tutunot 300.000mkd e sramota da zema socijalna pomosh, togash sto praime so rabotnicite vo privatni firmi sto rabotat od 06 do 18 za 60 evra ?? |
|
|
|
|
|
|
Од: opaa |
Датум: 15.01.2011 16:09:30 |
|
Dojde vreme da se rascisti ovoj haos kade mnogu zemjodelci se prestavuvaat nevraboteni a primaat SOCIJANA POMOS koja im doaga kako extra pari....Redno bese da se pocne so "takanarecenite socijani slucai" koj pravat pari od zemjodelstvoto....Konecno treba da se iscisti i % na nevraboteni zasto realno toj ne e 31% tuku e 15-20% ama mnogu od niv se prijavuvaat ka kartoni a rabotat na pole.....Konecno treba kompletno da se ukine socijalnata pomos za site rabotosposobni i taa da im se zgolemi i redonvo distribuira na lugeto koj ne se sposobni da rabotat (lige koj imaat invalidnina koja gi sprecuva da rabotat, luge so psiho-fizicki problemi kako i luge bolni od multiple-skleroza i sl..koj realno ne se vo moznost da rabotat)...Drugoto sve sto e fizicki i mentalno sposobni treba da im se ukine zasto pravime PARAZITI od ovie luge.......Vreme bese mesto mene da mi naplakaat danoci za da im plakaat na mrzlivci da go iscistat ova odnesuvanje |
|
|
|
|
|
|
Од: социјалец |
Датум: 15.01.2011 17:14:52 |
|
Нека направи Владта и нека го утврди лимитот за остварените приходи на корисниците на социјална помош.Ромите кои се најмногубројни приматели на социјалната помош немаат толку големи приходи ,тоа е апсурд.Во ред је неможе како до сега да се лаже.Се укинова помошта и за 2000 денари заработени за една година срамота!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: eu |
Датум: 15.01.2011 19:00:10 |
|
zalosno zele 2000den za lecenje da gi vratat parite???socijala poniska i od albanija i od moldavija....pa nee ni cudo kriminalot explodire..vlada nula. |
|
|
|
|
|
|
Од: pero magacinero |
Датум: 16.01.2011 01:42:58 |
|
udrete po siromastija tie luge se nemocni,tie ne davaat otpor a dodeka SNAODLIVITE i poranesnite jugonostalgicari preku nok postanaa vmrovci demek braniteli-patrioti a makedonskiot zemjodelec,makedonskiot rabotnik strada-ama narodna vlada |
|
|
|
|
|
|
Од: Без Иднина |
Датум: 16.01.2011 06:35:10 |
|
Не ја исклучувам можноста некој што не треба да примал социјална помош. Но ако сега нема пари за исплата на тие мошне скромни 2000 ден, што ќе биде кога на оваа армија од 300.000 невработени ќе и дојде време за пензија, а голем дел од нив нема да ја заработат, од каде ќе се најдат пари за социјална помош на толку многу луѓе? Стари, болни и изнемоштени, од што ќе живеат, од спомени за некои убави минати времиња?
Во оваа земја еден ден ќе има нова национализација, џабе некои грабаат и се обидуваат да обезбедат за пет генерации, џабе си ги валкаат рацете и душата. |
|
|
|
|
|
|
Од: Komentator |
Датум: 16.01.2011 12:31:02 |
|
Dobro ova e prv cekor na rascistuvanje na vladata so socijala...sto e sekako za pozdravuvanje...Ako nekoj ima zemja ustvari negov tatko ima a toj nisto ..toj se prijavil kako socijala a taa mu sluzi za gustiranje...Gledam kolegi koi se teh visok ili primaat socijala na angro rabotat na crno ..a lugeto na koi im e navistina potrebna socijala ne moze da ja imat..a i taa ne znaes pogolema maka dali da ja imas ili nemas..?? Takova nepravda bese vo socijalizmot jas nemam nisto se e na tatkomi a jas zasluzuvam stan vo Skopje..opstestven. Ovaa problematika. socijala trebe da pomine kako so samiot iznos dikutabilen taka i za kogo trebe POD SITO I RESETO..da dojde vo vistinski race na luge koi navistina ne se sposobni za rabota...Taka e vo EU...i taa ne e veke zlatna kokoska za nerabotnici...!!. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 16.01.2011 20:53:52 |
|
Точно е дека кај нас и зеленото гори поради сувото.Но дали владата има капацитет да ги исчисти кој треба да зема социјална помош а кој не.Дали смее да чепне на овие со партиска членска книшка и кај албанците.Но владата е горда и со овие вработени кои земат плата од едвај 100 евра.Затоа за нив претставува голема вредност социјална помош од 2 илјади денари.Ниту платите ,ниту социјалната помош не се за најобичен пристоен живот.Во светот има ограничени плати ипомош за пристоен живот.Каде се наоѓаме ние,само за леб и солце.Ако 10% живеат пристојно и ги полнат кафаните,тие кажуват дека воМК се живее пристојно.ЖАЛНО. |
|
|
|
|
|
|
Од: ANA od USA |
Датум: 17.01.2011 03:54:58 |
|
ne e tolku loso koga site kafani se polni na vecer ,i na Nova Godina,mnogu izbegale vo drugi drzavi,za takvi luksusi treba pari.Drugo,odi na facebook,ke vidis site se so digitalni kameri i sekoj den klavat novi sliki,ama i kamera kosta pari,jas sum vo Amerika,ama ne mam takva kamera,ne mi treba,bez toa mozi ta se zive..... |
|
|
|
|
|
|
Од: Hristina |
Датум: 17.01.2011 06:58:17 |
|
Po koja logika Demokratia e po dobra od Komunizmot?
Demokratia se plni so Kriminalia i hipokratia.
Politikata vgjae na konj dokolku Sonceto gi slepi ocite
na lugeto. Vojnicite branat tuga zemja vo ime na
hipocratia, majki umirat na porodiliste, starite se
smrznati vo selata. Politikata si odi, sega, sega, ima
vreme. Cekame sosedite da si gi naplnat magacinite
so amunicija. Nema covek stanat da kaze vistinata.
Site sme kako uplaseni. Taka si mislam, |
|
|
|
|
|
|
|
|