Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Андреј Пејиќ

Нова полова цивилизација или моден каприц?

Кога сериозен моден дизајнер, како што е Џејкобс, зема трансродна личност како свое заштитно лице, тоа има свое социолошко значење! Андреј Пејиќ стана глобален симбол на новиот родов поредок

Црквата, државата, општеството, цивилизацијата... сите се вознемируваат кога ќе се појави нешто што ги нарушува востановените општествени норми и општествениот договор за нормалноста. Сега тоа се случи и со младиот Босанец Андреј Пејиќ, чија меѓународна кариера на андрогин модел ја достигна својата кулминација на крајот од 2010 година кога реномираниот моден дизајнер Марк Џејкобс, го прифати како заштитно лице на својот бренд. Но, токму спротивното - Џејкобс со тоа стана заштитник на луѓето како трансродниот Пејиќ, чиј идентитет е и машки и женски.

За Андреј Пејиќ, меѓутоа, сите говорат како за неверојатно убав маж. Единствено, неговата баба во една телевизиска емисија говори дека е среќна, затоа што со Андреј добила и внук и внука! Единствено таа интуитивно ја прифаќа „новата светска родова реалност“, која, секако, се појавува со сите свои позитивни и нег��тивни облици.

Андреј е дете-бегалец. Кога започнала војната, со семејството се иселил од Босна во Мелбурн, Австралија. Уште како млад тинејџер се борел со својот пол, односно со половите одредници. Но, тој е еден од оние што не го напуштиле својот изворен пол кога го прифатиле идентитетот на спротивниот пол. Така, Андреј останал во двата пола и тоа го искористил во модниот свет. Затоа што е убав! А не поради одлуката да биде и едното и другото. Не ни поради тоа што модата би можела да биде „легло на такви изопачени личности“, како што сакаат да кажат оние што за модата не размислуваат како за сериозна цивилизациска, одностно културолошка појава. Не е ни затоа што модата е „природен медиум“ на квир-културата, како што тоа сака да го истакне геј-популацијата.

Но, јасно е дека визуелната мултиполовост на Андреј му била особено интересна на Жан - Пол Готје, кој го ангажирал како модел од агенцијата „Чедвик моделс“, чиј сопственик Метју Андерсон го открил младиот Пејиќ. Потоа, за него почнале да се интересираат уредниците на модните национални изданија на „Вог“. На крајот, Андреј минатата година ја заврши кај Марк Џејкобс. Кога сериозен моден дизајнер, како што е Џејкобс зема трансродна личност како свое заштитно лице, тоа има свое социолошко значење! Џејкобс е сериозна личност и не му е потребна скандалозна ситуација за од неа да извлече своја модна корист. Изборот на Џејкобс значи дека прифатил трансродна личност како дел од својот моден израз, но и како дел од реалноста на светот. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1209 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив