|
|
|
|
|
|
Златен глобус
„Social Network" избран за најдобар филм
17.01.2011, 10:31
Во Беверли Хилс, Калифорнија синоќа беа прогласени добитниците на наградите „Златен глобус", која е втора најзначајна филмска награда по Оскарот, што ја доделува Здружението на странски новинари во Холивуд.
Филмот „Social Network" ја доби наградата "Златен глобус" во категоријата за најдобар филм. Ова филмско остварување , кое раскажува за создавањето на "Facebook" доби уште три награди на церемонијата во Беверли Хилс. Дејвид Финчер ја доби наградата за режија, а Арон Соркин за најдобро сценарио. Фронтменот на рок групата Nine Inch Nails Трент Резнор ја освои наградата за најдобра филмска музика.
Натали Портман ја освои наградата за најдобра главна женска улога во филмот „Black Swan" на режисерот Дарен Аронофски.
Британскиот актер Колин Фирт е добитник на наградата за најдобра машка главна улога во филмот „The King's Speech".
Наградата за најдобра машка споредна улога ја доби Кристијан Бејл за улогата во филмот „The Fighter". За својата улога во истиот филм Мелиса Лео ја доби наградата за најдобра женска споредна улога.
„Toy Story 3" беше прогласен за најдобар анимиран филм.
Анет Бенинг освои „Златен глобус" за најдобра женска улога во категоријата мјузикл или комедија за својата улога во филмот „The Kids Are All Right".
Пол Џамати ја освои наградата за најдобра машка главна улога во комедија или мјузикл за својата улога во филмот „Barney's Version".
Во категоријата најдобра телевизиска драма беше наградена серијата „Boardwalk Empire".
Данскиот филм „In A Better World" ја освои наградата за најдобар странски филм.
|
#
|
Статијата е прочитана 135 пати.
|
|
|
|
|
|
|