Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Мислења

Никој не чита колумни!?

Филип Петровски

Подгответе се за нова можност што нема да прави компромиси за мали задоволства и скапи хотели

Не знам дали се сеќавате, пред неколку недели изјавив дека доколку се најдат 30 мажи на конгресот на ДПМНЕ, јас би се кандидирал како противкандидат на Никола Груевски. Веста побуди интерес и многумина ги збуни. Не очекував дека ќе биде нејасна намерата да покажам какви се состојбите во владејачката партија, а со тоа и во државата. Сосема обратното, мислев дека повеќе ќе се заинтересираат новинарите и креаторите на јавното мислење, дека од тоа ќе направат проблем за ВМРО. Затоа што отворив тема, која е повеќе од сериозна, односно прозборев за недемократијата во македонските партии. Мислам дека речиси и да нема исклучок од тоа правило дека „лидерот“ и неговата волја не можат никако да бидат оспорени. Тоа е сериозен проблем зашто, последователно, по доаѓање на власт, моделот се применува во државната управа, а често и кон целото граѓанство. Со тоа ние се оддалечуваме од слободното мислење, од вежбањето демократија и од усвојувањето на моделот како нешто нужно.

Како што велам, наместо новинарите, кои од ова можеа да направат ноќна мора за партијата со поставување незгодни прашања, како, на пример, како се избираат делегатите за што се заинтересирани граѓаните, а посебно дел од членството на ДПМНЕ. Кој стои зад изборот на тие што треба да го избираат „лидерот“ на партијата, а со тоа ќе креираат и траси за водење или неводење на државата како што треба. Просто не ми се верува дека не се води дебата во ова општество за тоа како да се демократизираат партиите и како да му се дозволи на членството самото да си ги избира делегатите, со цел и да му се даде некакво значење на членувањето во партијата. Вака испаѓа дека се форсира еден искривен модел, при што делегатите си ги определува претседателот на партијата, за подоцна низ фарса, со многу помпа и сликање, тие да го изберат него. Кругот на моќта е затворен и на ниеден начин не може да се предизвика. Ми се чини дека на новинарите ова им е јасно, но не го предизвикуваат. Не' анализираат, не' нервираат со незгодни текстови, дури и како да не се заинтересирани да го отвораат повторно и повторно прашањево. А конгресите си минуваат цементирајќи ја државава се' подолу и подолу, за потоа сите да се прашуваме како западнавме во ваква беда на духот. И сите да се правиме дека не го знаеме одговорот.

Токму во тој контекст и беше објавата дека јас ќе се кандидирам доколку од тие неколку стотици, мислам над 300 делегати, се најдат само 10 проценти, кои слободно, без стега и страв размислуваат. Не што нема 30 такви делегати, туку нема ниту 1 таков делегат. А, нема да има ни противкандидат. Па тогаш, се прашувам, зошто воопшто има конгрес. Чуму фарса? Толку ли е граѓанинот небитен и неупатен што сметаме дека може да се поигруваме со него, правејќи претстава дека се случило нешто што не се случило? Изгледа дека е така. Пропагандната машинерија може лесно да спинува во која било насока за да се замагли реалноста. Може да се измисли проблем, може да се пресече некоја лента, дури може и да се уапси некој за да се одвлече вниманието и да се протне се' и сешто.

Често се прашувам зарем е можно да поминаат 20 години од нашата таканаречена демократија, а граѓанството да не го развие основниот инстинкт за вистинска демократија и да не ја зголеми потребата за контрола на партиските моќници. Чудно е што граѓаните не сакаат да се соочат со фактот дека игнорирањето, молчењето или, пак, ако сакате незаинтересираноста, доведуваат до погубни последици за општеството и за сите негови текови. Како и да е, јас мојот донкихотовски обид го направив, барем за да можам да кажам дека сум се обидел. Знаете што добив за возврат? Веќе утредента беше распишан конкурс за избор на нов директор во библиотеката. Истиот ден кога беше актуелна информацијата за барање поддршка од делегати за конгресот на ДПМНЕ, на насловната страна на еден дневен весник имало ургенција од Владата за распишување конкурс под итно.

Многумина не ја разбраа мојата крстоносна војна со овој режим. Дел од нив злонамерно пуштаа и пуштаат дезинформации за некакви договори и преговори. Посебно од штабот на Бошкоски, зашто неговата кредибилност е сериозно разнишана по серијата скандали внатре и напуштањето на партијата од речиси целото раководство. Од друга страна, тој е притиснат да испорача напади врз ДПМНЕ од неговите финансиери и медиумски поддржувачи... Елем, кај него сфатија дека мораат да ме напаѓаат за договор за да не се одлева оттаму членството кон мене. Тие сметаа дека ќе си водат улична политика и со тоа ќе си ги соберат незадоволните гласачи, па потоа со нив ќе си испазарат места за себе и за најблиските во државните јасли, со што ќе немаат обврска ништо да работат четири години по изборите. Притоа, никако да ги прочитаат моите колумни кои и тоа како ја нервираат власта, која не одговара само затоа што не сака да отвори уште еден фронт. Се сеќавам Љубе ми велеше „зошто пишуваш секоја недела, па никој не чита колумни“. Е јас не мислам така. Нереагирањето не значи и нечитање, а убеден сум дека истовремено полека, навистина макотрпно, се создава нова генерација млади луѓе што можат да повлечат кон сериозни промени.

Генерација која сфатила дека мора да се бори за слобода на мислењето, за демократија, и покрај сите притисоци. Срамота е за Македонија во 21 век да се дискутира како за неслободна држава, во која политичката активност, онаа опозициската, се санкционира со закани, притисоци врз семејства и слично. Власта мора да се вразуми, да сфати дека се што има почеток има и крај. Во спрот��вно ќе се доведат во состојба се' она лошо што го направиле, го прават или мислат да го направат, да им се врати. Природниот закон тоа го налага, никој не поминува без платени сметки. Лошо е ако поради пуштањето крв и заканите, недемократичноста и автократското владеење, државата загуби уште неколку години на својот пат кон цивилизацијата и средениот начин на живот.

Не знам дали сум јасен - нема договор со оваа власт. Оваа власт треба да се заузди или да си оди. Ама, пак, мислата дека ќе дојдат врескачи и импровизатори од типот на Љубе, исто така ми создава нелагодност, зашто ги знам неговите намери. И самите го гледате секојдневно на екраните на една телевизија. Ги праќа тутунарите да мрзнат, а тој си ужива на бреговите на Егеј. Ја навредува интелигенцијата таквото однесување, а вмровците што го напуштија ДПМНЕ поради автократското водење со партијата, надевајќи се дека во ОМ ќе најдат соодветен политички израз, сфатија дека таа структура е само обичен сервис на потребите на друга партија, како и на еден осомничен медиумски моќник. Наскоро ќе излезам со решение за ова пропаѓање и дегенерација. Подгответе се за нова можност што нема да прави компромиси за мали задоволства и скапи хотели.

Доктор по политички науки

http://www.filippetrovski.com


#
Статијата е прочитана 3977 пати.

Испрати коментар

Од: kadri
Датум: 15.01.2011 12:08:10
toj vreskacot i improvizatorot do vcera ti bese lider i ti stoese zad nego koga toj gi zboruvase istite gluposti sto i denes seuste gi zboruva, taka da sega sedi miren i ne "vreskaj"... vremeto na politicarite kako tebe e odamna umreno, ne si go trosi zaludno vremeto.
Од: Nikola
Датум: 15.01.2011 13:39:51
Filip pisuvaj gi kolumnite pokratki mnogu vreme odzemaat za citanje!
Од: KPSSSR
Датум: 15.01.2011 14:37:07
Srdecni pozdravi od Politbiroto na Centralniot Komietr na Komunistickata partija na SSSR. Tovaris Josif Visarionovic Djugasvili Stalin
Од: Goce
Датум: 15.01.2011 15:19:49
Znaci tvojot argument e deka Gruevski nema protiv kandidat zatoa sto clenovite na vmro nemaat demokratski kapacitet. A si pomislil li deka nemanjeto na protiv kandidat e rezultat na racionalno rasuduvanje na poedinci za nivnite sansi za pobeda? Gruevski I donese pobeda na partijata na cetiri izbori po red! Po tvoe I Klinton I Bus se diktatori I nivnite partii nemaat demokratski kapacitet, posto za reizborot za novi 4 godini nemaa protiv kandidati!?
Од: загрижен
Датум: 15.01.2011 17:34:05
Филип проблемот со демократијата во Македонија го сведува само на изборот на „правите“ или „погрешните“на вистинските места. За заживување на демократијата во Македонија е неопходна измена на Законот за финансирање на политичките партии, со кој би се забранило финансирање на партиите од било какви „сомнителни“ извори освен од буџетот на РМ. На тој начин ке се овозможи борба на идеи во патиите, а не борба на „профитери“. Ова е еден од условите диктаторските режими од партиите да се пренесуваат во извршната власт, а понатаму и во сите структури на државата.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.01.2011 19:32:46
Некако ми е нелогично да некој бара да се дискутира за инструирање а самиот бил свесно актер на такво нешто.Тука мислам на инструирањето за шаторското кампирање и манифестирање на ,,гасни комори,,за некого.И она со неговиот бивш шеф на партија кој летува или зимува на Егејот не држи.Се добива впечаток да не се знае да се избере партија,во секоја конфликт со репрекусија-истерување или маргинализирање.
Од: Od Prijatel
Датум: 15.01.2011 20:45:18
Od do Nikola dali stvarno gi citas kolumite razbudise......
Од: Виктор
Датум: 16.01.2011 03:34:37
Ако му го понудат на авторот на колумната местото кое мисли дека го заслужува одма ќе станат демократи, а нивните партии сериозни.
Од: nikolaj
Датум: 16.01.2011 09:00:30
Vnimatelno gi citam tvoite kolumni. I drago mi sto kriticki razmisluvas. Neznam kolku mladi ludje imas okolu sebe.No, dobro e sto se budat poleka,no za zal goem del od intelektualcite seuste se plasat i se naodjaat vo meckina dupka.
Од: Феличита
Датум: 16.01.2011 09:14:07
Ми се чини дека Филип имаше друштво во шаторот.Некако се присетувам дека еден колабираше од глад!Каде е тој сега,Среле?
Од: od naumoska zorica
Датум: 16.01.2011 10:33:53
pocituvan FILIP PETRESKI.sekoja cest za tebe,kamo site da mislat kako tebe uste od vreemeto koga stana politicar ti sekogas ja zboruvase pravdinata i vistinata da seee sit kako tebe ke cveta makedonija.no dali si svatl deka tvoite postari kolegi nesakaat pomlad covek koj mnogu znae i mnogu razbira,tie prifajkaat nekoj sto ee bajkus sutpeetko za da mozat soneego da si igraat sankuree/nasite vladateli nesakaat covk koj mnogu znae na takvit covek odma mu ja svitkuvaat kicmata i ne mu davaat da prodolsi da zboruva i zatoa k toni nasat makdonija ke propsajga i nikogas nema fda izlezi na prav pat.tie t sakaat ako odis po nivnit naredbi togas k bides dobar zaniv .a ti toa nemozis da go trpos ti si taka vospitan da ne trpis npravdi.stoe normalno.no koga togas pravdayta mora da izlzi na videlina ti teerajsi po tvoto znaenje,mnogu pozdrav do tebe od tvoja sograjganka
Од: Владимир
Датум: 16.01.2011 12:53:18
Браво Филип. Крајно време е за промени на политичката сцена. Исто така крајно време е луѓето да не речам народот, да престани со поклонување пред партиск��те лидери, пошто баш тие лидери ги гласаме ние, ние му ги овозможуваме тие позиции, така да политичарите треба да зависат и да се плашат од народот, а не обратно. Можи и ќе се свестат луѓето, некогаш...
Од: Ljubica
Датум: 16.01.2011 16:15:03
Ah be Filipe , za zhal prodadeni dushicki ima mnogu , tie sevo ova go znaat mnogu dobro no zaradi svoja kratkorocna pridobivka ne prevzemaat nisto. narodot poradi vakvata sostojba stana apaticen , se cuvstvuva taka slab i nemoken oti znae deka so glava zid ne se rushi .. Se nadevam deka ke prepoznaat vo tebe covek so silna volja da nastapi vaka hrabro protiv ovoj problem i deka ke naides na posiroka poddrska , ete bas od tie sto se apaticni i sto mislat deka nemame sila da vlijaeme na avtokratijata ...
Од: Хомер
Датум: 16.01.2011 16:28:41
Се согласувам, нужна е промена на политичката сцена. Не сум за оваа влада, но не сум ни за опозицијата. Едниве прават сѐ што не треба, другиве не прават ништо. А да не зборувам, пак, за „братот“ Љубе, тој не доаѓа предвид. Сакаме нови лица! Можеби нема да бидат подобри, можеби ќе бидат. Којзнае. Вреди да се проба, отколку да се оди на lose-lose ситуација.
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 16.01.2011 21:34:05
За време на социјализамот Тито беше избиран, наводно, на демократски избори како единствен кандидат, со образложение дека неговата заслуга е толку голема така да немало смисла да му се подметнува формален против кандидат. И денес е исто, само во мултиплицирана форма која постојано се зголемува. Еве и г-от Филип има намера да придонесе за мултипликацијата со формирање на нова своја партија! Впрочем, скоро сите незадоволници формираа свои партии.Кај нас постои демократија само при формирање нови или други партии, ама внатре во истите малите хиѕлерчиња и диктаторчиња остануваа неприкосновени!
Од: нинџата
Датум: 17.01.2011 02:06:41
Поддршка за Филип Петровски и новата партија Демократска Десница. редно беше во Македонија да се види нешто ново на политичката сцена.
Од: mak
Датум: 17.01.2011 05:40:34
Sekoj si ima svoj stav i sekoj moze da si ostava svoe mislenje, no sepak da bideme realni .... Filip se sto imash kazano e na mesto , samo prodolzi taka , imash poddrshka koja sekojdnevno se zgolemuva
Од: alex
Датум: 17.01.2011 09:08:53
Ok, konstatacijata za OM ti e tocna somnitelni lica ostanaa tamu, se nekoi nepismeni i nacionalisticki nastroeni neobrazovani likovi. Pred "buntot" gi prasuvam znaete li so e po definicija bunt deka treba da i otkazete poslusnost na drzavata itn, mi vrakaat ne e vazno stom "bratot" vika deka treba treba. I toa bese moe posledno odenje tamu, a ova so Velija-kelija e kapache. Koga i kade pocnuva so rabota DD i kako da ve posetam i se informiram za programata i aktivnostite? Pozdrav

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив