Куманово
Фатен убиецот на газдата на менувачницата
17.01.2011, 10:47
Дваесет и двегодишниот Рамиз.З од Куманово е осомничен за убиството на 62-годишниот Бранко Петрушевски сопственик на менувачницата Дај-Дам.
Отакако со три куршими од зад грб го усмртил Петрушевски, на осомничениот во паника му испаднал мобилниот телефон. При извршените вештачења е потврдено присуство на нитратни честички на неговата облека, а неговите отпечатоци се совпаѓаат со трагите подигнати од местото на настанот.
СВР Куманово го приведе 22-годишниот Рамиз и против него до Основното јавно обвинителство во Куманово ќе поднесе кривична пријава за убиство од користољубие. Во кумановската полиција се приведени уште неколку лица на распист за вмешаност во организираниот грабеж.
Полицијата претресува и повеќе домови за да ги најде украдените 40.000 евра во денари и девизи кои вчера насилно му биле одземени на починатиот Петрушевски.
Сопственикот на Дај-Дам бил застрелан од зад грб во моментот кога пред својата менувачница од возилото ги вадел парите кои му биле потребни за дневен промет.
СВР работи на целосно ра��чистување на случајот. Се уште се чека и на резулатите од обдукцијата на телото на Петрушевски.
|