Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Манифестација

„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија

На шега, на смеа, Ранко Бубамара и неговата манифестација го преживеаја баксузот на 13. и веќе се подготвуваат за 14. издание на „Златна бубамара на популарноста“. Феноменот на оваа манифестација е токму како дефиницијата за македонската демократија - „изгледа шашаво, но функционира“

Јасминка Павловска

Се' уште не и' е времето, но „Златната бубамара на популарноста“, веќе почнува да пушта вести по медиумите дека и оваа година година има намера да ги собере и да ги наградува сите што со своето постоење и дејствување ја одбележале изминатата 2010 година. Алтер-егото на оваа манифестација, Ранко Бубамара Петровиќ, веќе го промовираше слоганот за оваа година, кој гласи „Водете љубов, а не политички партии“, со гаранција дека наградите и сценариото не може да ги пробие ниту „Викиликс“, се' до денот на одржувањето - 22 февруари 2011 година, традиционално, во Универзална сала.

Феноменот на оваа манифестација е токму како дефиницијата што еднаш ја даде македонскиот претседател Ѓорге Иванов за македонската демократија - „Изгледа шашаво, но функционира“. Но, секако, тоа на „Златна бубамара“ тоа повеќе и' прилега отколку на македонската демократија. Веројатно, и затоа сите ја сакаат, дури и кога ќе бидат исмеани, па наградени. И така, на шега, на смеа, (не) сериозно, но сосема професионално, Ранко Бубамара и неговата манифестација го преживеаја баксузот на 13. и веќе се подготвуваат за 14. издание на 22.2.2011, во 20.22 минути.



Протуркавте некако низ „баксузот“ на 13. „Златна бубамара на популарноста“ во минатата година и сега сте веќе пред предизвикот на 14. издание на оваа манифестација, која на шега, на смеа, стана веќе сериозно престижна награда ... Како ги преживеавте 13. „баксузни години“ до овој престижен момент?

„Не би рекол дека тоа беа несреќни години за Златната бубамара. Тоа беа 13 успешни, среќни и весели години, барем за нашата Бубамара. Доколку мислите на баксузни години за светот, тоа е веќе пошироко прашање, ха, ха. Наша среќа е што за 14 години успеавме да создадеме една манифестација, која е заштитен знак на Скопје и Македонија. Таа препознатлива кај сите луѓе од естрадата, културата и медиумите на Балканот. Со гордост можеме да кажеме дека во изминатите 13 години успеавме да стигнеме до ситуација да можеме да кажеме дека во Македонија се случува најдобрата манифестација за доделување годишни награди, и тоа на балканско ниво. Ако во Хрватска тоа е ’Порин’, во Србија ’Оскар на популарноста’, ’Златна бубамара’ со своето досегашно постоење докажа дека може да биде рамо до рамо до овие манифестации, т.е. дека е со најдобрите“.



Со своето досегашно времетраење, статуетата на „Златната бубамара“, очигледно, им стана важна како потврда за некаков успех на луѓето од сите сфери на јавниот живот. Започна како „несериозна“, т.е. забавна манифестација, за со текот на годините да стане сериозно забавна... Колку се навистина сериозни критериумите на „Златната бубамара на популарноста“?

„Понекогаш треба да имате сериозна намера, а да се правиш на будала за да можеш да успееш во тоа што сакаш да го реализираш. Ние се' што сме правеле во овие 13-14 години, сме го работеле многу сериозно, но целата работа, како што велиме во нашиот штаб, сме ја терале на шега. Не мора човек да биде здрвен, крут, сериозен за да направи многу квалитетна работа. Може и со смеа и со добрина да се направи етички и квалитетен производ. Кога го зборувам ова, мислам за ’Златна бубамара на популарноста’.

Во првите две години од постоењето можеби беше потешко, бидејќи луѓето не сфаќаа колку го работиме тоа професионално, колку е тоа етички и колку е важен овој настан за јавноста во Македонија. За на едно место да се соберат сите важни личности, од медиумскиот свет, од културата, естрадата... и во една вечер да направат една убава енергија, ќе ги надминат суетите (кои во тој свет се навистина големи), каде што ќе се наградуваат и ќе си аплаудираат, потребна е голема професионалност и сериозност.

Нашата сериозност сега се гледа, зашто наградите станаа вистински репер за некакво достигнување во општеството. Статуетата можеби не е од најскапите, но самиот момент за тој што ја добива е ’златен момент’, момент за паметење. Горди сме што успеавме да го направиме тоа со сите сценарија за манифестацијата низ годиниве, режијата, составот на гостите, што успеваме да создадеме такви досега 13 ’златни моменти’. Стигнавме до тоа ’златната бубамара’ да биде една од најважните награди на Балканот“.



Сепак, за сиве овие години остана „мистерија“ како успеваш да ја сочуваш „тајноста“ на членовите Академијата? И пред постоењето на „Викиликс“, кај нас се' „протекуваше“, ако не друго, барем заради фалбаџискиот менталитет на актерите на разни случувања...



„Наградите се доделуваат преку тајно гласање на 18 члена на академијата. Ние ја нарекуваме тајна академија, бидејќи не сакаме ниту еден член да биде изложен на евентуален притисок, влијанија, ургенции...

Јас, лично, како Ранко Петровиќ-Бубамара ја гарантирам слободата во одлучувањето на членовите на Академијата и сакам да ги заштитам од секакви евентуални непријатни ситуации. Целиот бренд на оваа манифестација е поврзан со радиото Бубамара и не сакаме да дозволиме некој со ’корумпирано’ гласање да предизвика погрешна одлука за која било награда и да се наруши угледот на манифестацијата и на радиото како нејзин организатор. Со тајноста на ’академијата’, едноставно, го штитиме брендот што го создаваме со смеа и забава, но упорно и истрајно“.



Се гледаат ли меѓусебно членовите на а��адемијата?

„Не, не се гледаат, не одлучуваат на заседание, туку секој индивидуално. На сите им ја гарантираме приватноста. Од друга страна, така и се штитиме да не се создаваат лобија, т.е. групирање на влијанија, кујни, запршки...“



Годинешново мото ви е дека ни „Викиликс“ не може да „пробие“! Како ќе и' успее на „Златна бубамара“ тоа што не и' успеа ниту на американската дипломатија?

„Ние сме малку постаромодни и нашите членови гласаат на лист хартија, на рака, со свој личен ракопис или своите одлуки ги пишуваат на машина за пишување како во времето на НОБ. Ништо не се одвива електронски. А ни ги праќаат своите одлуки преку писмо со восочен печат“.



Сепак, по „Златна бубамара на популарноста“, секогаш повеќе се зборувало за забавата, моментите со комично-сатирична поента отколку за наградите. Кој е слоганот, пораката на годинешното издание?

„Оваа година пораката на ’Златна бубамара’ е ’Водете љубов, а не политички партии’. Тоа е лајтмотивиот на годинешната забава, но и добра порака за сите оние што се револуционери, бунтовници, преродбеници, па дури и пасивни гледачи. Во секој случај, верувам дека сите повторно добро ќе се забавуваат во Универзалната сала на ’Златна бубамара на популарноста’ со најуспешните луѓе од јавниот живот во Македонија и од Балканот“.



Забележителен е феноменот на „Златна бубамара“ дека иако со сатирата (кој и да бил водителот) ги „поткачувате“ сите фактори во општеството, барем јавно никој не реагирал и не го искажал својот револт. Навистина ли никогаш сте немале барем реакција или успевате да ги скротите суетите?

„Целиот хумор на ’Златна бубамара’ е добродојден и многу посакуван. Може да правите хумор и сатира само ако го правите тоа на културен начин. Во нашиот хумор нема навреди, нема понижување, туку еден критички, другарски однос и спрема власта и спрема опозицијата, и сите општи јавни појави. Бидејќи ’Златна бубамара’ е ретроспектива на се' што ја одбележало изминатата година, секогаш се трудиме низ една духовита филозофија да ги ’сведеме сметките’ пред УЈП да го побара тоа од нас, ха, ха... Се обидуваме програмски таа стенд-ап комедија што се случува на манифестацијата да ја поврземе и со музичките настапи, па се' да се поврзе во една компактна целина како во една претстава“.



Што се' произлезе од „Златна бубамара“?

„За овие 14 години сме горди што поттикнавме почит на многу музички имиња. Горди сме што кај нас првпат Тоше Проески доби ’бубамара’ за најперспективен пејач, па оттогаш мислам дека пламна неговата популарност. Откако ’Танец ја доби наградата ’амбасадори на македонската култура’, направија светска турнеја со 180 настапи. Симон Трпчевски доби ’бубамара’ пред да настапи во Лондон, пред принцот Чарлс... Всушност, горди сме на секој момент од досегашните 13 изданија на ’Златна бубамара на популарноста’. ТВ-снимките се еден видеодокумент за она што ја исполнувало душата на македонскиот народ, како се забавувал во изминативе 15 години“.



Верувавте ли дека ќе стигнете до 14. издание на „Златна бубамара“?

„Во принцип, со секоја работа што се нафаќам да ја работам, гледам да ја направам најпрофесионално и да претставува задоволство и за оние што ја работат, исто како и за оние на кои им е наменета. ’Бубамара’ не е настан што може да создава профит, но, сепак, брендот ’Бубамара’ го зголемува своето значење. Тоа е поради ваквото наше размислување и дејствување“.



По секој муабет со Ранко Бубамара, останува дилемата дали кога вели „ние“ си персира или навистина постои таен тим што ја подготвува манифестацијата. Кој стои зад „Златна бубамара“?

„Зад ’Златна бубамара’ стојат 400.000 невработени, 150 транзициски богаташи, 50 пропаднати политичари, 30 мотивирани нови политичари, 120 пратеници, многу бунтовници, преродбеници, револуционери и затоа велиме да ја освоиме Универзална сала на 22 февруари по 14. пат“.


#
Статијата е прочитана 1598 пати.

Испрати коментар

Од: David
Датум: 17.01.2011 01:13:27
Mala ispravka. So dolzna pocit na se ona sto Ranko Petrovic go ima napraveno dosega. Simon Trpceski dobi "Zlatna buba mara" vo 2001 godina sto znaci posle dobivanjeto na nagradata od strana na princot Charls na finaleto na Mileniumskiot pijano natprevar vo London, vo april 2000 godina

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив