Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Тоше Проески

Роденденски концерт со нови песни и цеде

На 25 јануари, денот на 30. роденден на македонската ѕвезда, ќе биде промовиран и нов носач на звук со 15 песни - „Со љубов од Тоше“

„Со љубов од Тоше“ е слоганот со кој меѓународната фондација „Тоше Проески“ го најавува традиционалниот концерт во чест на роденденот на големата македонска ѕвезда што ќе се одржи на 25 јануари во спортската сала „Борис Трајковски“.

На десеттина дена пред неговото одржување, организаторите ги објавија деталите околу претстојниот настан - предвидено е на сцената во „Борис Трајковски“ да настапат: Наум Петрески, Миле Кузмановски, „Синтезис“, Антонија Шола и други музички имиња, кои ќе бидат придружувани од бендот на Тоше, „Блу фанки индивидуалс“. Ќе настапат и членовите на хорот „Златно славејче“, кои заедно со своите другарчиња од Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијата „Пасворд“, за која музиката ја напиша Тоше, аранжманот го направи Валентино Скендеровски, а текстот е на Огнен Неделковски. Во салата ќе бидат поставени и три лед екрани на кои постојано ќе одат снимки од Тоше.

Според најавите, на денот на 30. роденден на Тоше ќе биде промовирано и цедето насловено исто како и концертот „Со љубов од Тоше“, на кое се сместени 15 песни - 12 од нив се познати рок-хитови што ги пееше Тоше на своите настапи, плус две теми во негова изведба од Елтон Џон („Can You Feel The Lоve Tonight“) и Витни Хјустон и новата песна „Наслони главу на моје раме“ („Тути фрути“, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан), која ќе биде придружена и со видеозапис, кој е правен во Загреб.

Почетокот на концертот е закажан во 20 часот. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 1387 пати.

Испрати коментар

Од: robin hud
Датум: 15.01.2011 12:22:23
Tose e najdobroto i najvrednoto sto go imame se dodeka ni e vo srcata nie ke postoime .Velat sakanite nikogas ne umiraat .Sekogas ke te sakam TOSE.
Од: kire
Датум: 15.01.2011 15:09:26
Nikogas nema da te zaboravime tose! Se dodeka sme nie zivi i ti ke zivees vo nas.Tvoeto delo mora da prodolzi!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Каринг��онови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив