Избор
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
17.01.2011, 11:41
Седумнаесет годишната Тереза Сканлен од Небраска ја освои титулата "Мис на Америка" за 2011 година, во конкуренција на 52 американски убавици.
Изборот за најубава Американка се одржa по 90-ти пат во хотелот "Планета Холивуд" во Лас Вегас. Новата "Мис на Америка" ќе добие награда од 50.000 долари.
На натпреварот учествуваа претставнички на 50-те американски држави, федералната област Колумбија, Порто Рико и Девствените острови. Според старата традиција, секоја од убавиците требаше пред жирито и гледачите да се претстави со по некоја точка.
"Мис Аризона" и го посвети своето претставување на конгресменката Габриела Гифардс, која беше застрелана во глава на 8 јануари на средба со избирачите во Тусон и која се уште се наоѓа во тешка состојба.
Тереза е најмладата победничка во 90 - годишната историја на овој натпревар и интересно е што таа потекнува од Хрватска, поточно нејзините баба и дедо пред да заминат за Америка, живееле на островот Иловик.
|