Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Генетски жени

Пораснале како мажи

Појавата на сексуална (полова) реверзија не е честа, но, сепак, постои можност генетската жена да се развива како маж или генетскиот маж да се развива како жена

Двајца полнолетни браќа и нивниот чичко во Велика Британија ги имаат сите изгледи да бидат нормални мажи, но генетски се жени со два Х-полови хромозоми.

Двајцата браќа се во брак (со жени) и двајцата, како и нивниот роднина, ги имаат сите одлики на мажи: сексуална анатомија, однесување, раст и развој на скелетот на маж. Сите имаат нормално здравје и интелигенција, но сите тројца не можат да произведуваат сперма. Кога браќата реагирале со болка на тестостеронската замена, нивните тестиси се отстрането и заменети со козметички протези.

Генетските тестови покажале дека и ним и на нивниот чичко им недостасува по еден У-полов хромозом. Наместо тоа, тие имале два Х-полови хромозоми карактеристични за жените. Мажите имаат нормално еден Х и еден У-полов хромозом.

Што се случило? Во текот на нормалниот развој на мажите, У-хромозомот предизвикува поплава на гени и интеракции, со кои управува генот СОХ9. Кога тој ќе се активира, развојот на мажот продолжува, дури и во отсуство на У-хромозомот. Овие тројца мажи го наследиле дуплирањето во ДНК - секвенцата, а тоа го предизвикало генот СОХ9 и ги превртело нивните сексуални особини и судбини (реверзија на полот).

Овој необичен случај, генетичарот Џејмс Кокс и неговите колеги од универзитетот во Кембриџ, го објавиле во англискиот медицински магазин.

Појавата на сексуална (полова) реверзија не е честа, но, сепак, постои можност генетската жена да се развива како маж или генетскиот маж да се развива како жена. Сексуалната (полова) одреденост на некоја личност е сложен процес, кој може да тргне наопаку во разни фази од раниот развој на личноста.

Замената на ХУ-половите хромозоми на женскиот и ХХ-половите хромозоми кај машкиот пол, се јавува многу ретко - еден случај во околу 20.000 живородени лица.

Помалку комплетна замена на полот, позната како нарушување на сексуалниот развој ДСДЦ, делумно е резултат на несогласување меѓу генетската сексуална одреденост и „секундарните“ сексуални карактеристики, кој ја одредуваат личноста како машко или женско.


#
Статијата е прочитана 1493 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив