Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

За духовниците и за љубовта

Билјана Јовановска

Сте слушнале ли духовник од која било верска заедница во светот да ги упатува своите сограѓани со поинакви сексуални определби да општат со животни? Да ги нарекува изроди, мајмуни, циркус, предавници... Сигурно - не, но под услов да не живеете во Македонија. Зашто, кај нас, се чини, речникот на омразата станува вообичаен, дури и кога се работи за великодостојници од врвот на Македонската православна црква. Особено ако говорат нешто што Владата милува да го слушне, е тогаш, кочниците им попуштаат.

Шокантно, но во деновите на божикното празнување архиепископот Стефан, познат по тоа дека од новинарите бега како ѓавол од крст, особено кога го прашуваат за скокотливи теми, на сред црква, во свечарска, празнична атмосфера, на утринска литургија се надмина себеси и „удри“ по хомосексуалците. „Замислете Господ да создал двајца мажи или две жени. Или да создал два машки мајмуни или два женски мајмуна, па од нив да се направеше човек“, поентираше архиепископот.

Владиката Петар, познат противник на мажоложништвото (црковен термин за хомосексуалноста), ги продлабочи навредите од својот поглавар, па во гневот против оние со поинакви сексуални определби порача: „Ако се дозволи брак на маж со маж или на жена со жена, толкава либерализација, тогаш нека се женат и мажат со овци, крави, со сите животни.“

Да нема забуни: духовниците треба да ги загржува хомосексуалноста, ама исто толку колку и криминалот, убиствата, проституцијата, малолетничката деликвенција, педофилијата, детското питачење... За сите други девијации, кои кај нас се во застрашувачки подем, архиепископот не проговорил ниту збор. А, и тоа како имаше причини да каже збор-два од времето на обвинувањата на негова адреса кога во чудни околности беше вратен од Американско-канадската епархија, каде беше поставен за митрополит, па до бројните прозивки во последните десет години кога неговото име се спомнуваше во контексти кои ама никако не одат со духовноста.

Црквата и духовниците треба и мора да ги пропагираат вредностите на семејството, да го воздигаат значењето на бракот, меѓутоа никој не им дал мандат да ги навредуваат оние со поразлични сексуални склоности. Зарем е во духот на религијата ако ги нарекуваат со најпогрдни имиња и ги упатуваат да имаат блиски контакти со овци, крави, мајмуни... По сево ова логично е прашањето: дали пред да почнете да навредувате, не ќе беше подобро најнапред да се осврневте околу себе, за да видите нема ли, не дај Боже, и во Вашата околина некој од „различните“? Или, сите се безгрешни?!

Со непримерениот речник со кој говореше за хомосексуалците, г.г. Стефан ги доведува во непријатна ситуација другите верски поглавари кои на негово барање ја потпишаа иницијативата за менување на Уставот и за прецизирање на дефиницијата за бракот. Ги злоупотреби потписите на оние што од се' срце стојат зад дефиницијата дека бракот е заедница меѓу еден маж и една жена, ама на ум не им паѓа да ги навредуваат поинаквите. Колку и да не се согласуваат со нивниот избор.


#
Статијата е прочитана 2090 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 15.01.2011 15:31:34
Браво г-ѓо Јовановска, требаше некој како вас да го искритикува непримереното однесување на верски поглавари - т.н. духовници, кој заборавајќи на принципите на Исус „ Нека фрли камен тој што не грешел...“ се втурнаа во примитивна „проповед“ и ширење омраза кон „поинаквите“. Експертите велат дека хомофобијата главно се развива кај оние што се плашат од својата латентна (хомо) сексуалност. Не ги бранете ве молам и другите поглавари, не се ни тие нешто многу поарни од дедо Стефан. Ако навлеземе во набројување, ќе видиме дека во сите религии има акутни гнили состојби.
Од: Чегране
Датум: 15.01.2011 17:56:38
Поглаварот на МПЦ-ОА не навреди никого со тоа што го објасни биолошкото во репродукцијата.Вистина е дека ако Господ створеше двајца мажи човештвото немаше да постои!И,аман,доста со тие хомоселсуалци!Тоа е нивна работа - што има вие да ги браните!
Од: dev
Датум: 15.01.2011 18:23:25
Onoj koj ima otpor ili strav od homoseksualci, go nosi homoseksualizmot vo sebe (toa se vika latenten homoseksualec). Bidejki onoj koj e siguren vo svojata seksualna orientacija (ako e siguren deka e heteroseksualec) nema shto da go voznemiruva, so toa toj sam po sebe, prirodno, e miren i ne mu prechat istite. Toa e psihologija. Drugo: za nasiot kreator Bog: Bog go stvoril ovoj svet, so site sovrsenosti i mani. I hendikepiranite, i kriminalcite i invalidite i homoseksualcite (luge od priroda rodeni so poinakva hromozomska kombinacija) se bozji ceda. Ne se tie krivi sto se rodile od Boga takvi. Da gi sikaniras niv e da sikaniras bozje delo. Ako si vistinski vernik, ke go ljubis ona sto Bog go sozdal, so site mani i slabosti. Toa e vistinska ljubiv i vera. Blagodaram.
Од: penzioner
Датум: 15.01.2011 21:10:11
Komentarot tipicno novinarski na tema aktuelna.Jas sum protiv toa sto go baraat alternativcite.No,neka si egzistiraat,neka se zdruzuvaat,neka si se druzat.No ,ve molam,da se vencavaat,da posvojuvaat,osnovno prasanje kako tie deca ce gi vospituvaat.Na koi moralni principi,sto na ovoj svet ce mu ponudat.Da vidis mas i zena mladi da se baknuvaat izgleda dobro.No,dvajca mazi na ulica da seligavat stvarno e strasno,Odvratno.Prasanjeto :Od kade doadjaat,dali takvi se radjaat,za toa nema lek,ili se i regrutiraat. Od mnogu kontakti so lugeto doznavam deka tie regrutiraat i se regrutiraat sto so niv.Denes poradi siromastijalugeto prifakaat i takvi ponudi.Sto so niv.Dali tie ja zasluzuvaat slobodata na svojata seksualnaorientacija.I dali se sto doadja od zapad e dobro,izdrzano,moralno.Ne sum ubeden vo toa.
Од: sime
Датум: 15.01.2011 21:59:04
Duhovnicite go pravat toa ne zatoa sto se tolku protiv homicite,tuku za da mu se krene rejtingot kaj narodot.
Од: ivo
Датум: 15.01.2011 22:45:16
Ne se razbiram vo drzavni i religiski raboti, a tugite seksualni opredelbi me interesiraat samo ako se zainteresiram licno! Megjutoa jas predlagam drzavata i crkvata da sednat i da se dogovorat zasto "normalnite " brakovi ne si gi priznavaat megjusebno?Isto me interesira dali odredeni blagodarnici i pofalnici na aktivistite koledari, badnicari, vodicari, veligdendzii , kurbandzii, maskenbaldzii, babardzii i drugi , treba da im dade drzavata bidejki bile aktivni na drzaven praznik ili crkvata / dzamijata vo cija cest e vostanoven praznikot . Jas site bi gi pratil na gragjansko - religisko-paganska i naucno - empiriska edukacija! Ne za drugo, tuku da dojde opstestvoto do pomalku bizarni pozicii od ovie segasnive relacii koj sozdavaat zabuna!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 15.01.2011 22:59:08
Нешто хумано, доблесно и нормално сте чиле од Стефан сосе братијата...Па народот нив не ги есапи за живи...ја бламираат црквата..а и народот го поделија...впрочем како и власта... А за чесност и да не зборуваме...па за Изгрев...па...па за афери........
Од: Прашање
Датум: 16.01.2011 09:10:56
Дали малолетничките од аферата со малолетничка проституција во Штип се воспитувни од хомосексуаллни парови?
Од: Biljana
Датум: 16.01.2011 10:37:31
G-djo Biljano. G.G.Stefan ne navredi nikogo, samo kaza sto ne e dobro.Procitajte go tekstot uste ednas.
Од: 0.Dusko
Датум: 17.01.2011 02:04:29
Почитувана г. Билјана Јовановска, насиот Поглавар г.г. Стефани и Митрополитот Г. Петар, сведочат за Бога. И треба да се знае Бог кога го створил првиот човек и од него првата жена Ева, ги створил машки и женски пол, а не Адам и Стив... многу добро е казано дека СОдом и Гомор зошто беа уништени , ако немате про��итано прочитајет. И се што ни се лучува денес во светот со климата и катастрофите тоа е резултат на гревот кој на главна врата законски се легализира во светот , педерастија, лејзбество. А сиромаството, блудството, криминалот е дел од гревот што се носи и се прави под мотото “ ЕВРОПСКА ДЕМОКРАТИЈА“, ЈАВЕН БЛУД. МЕсто да се позанимавате за то а и да се погледни околу себе и своите ближни и да се учат и воспитуваат во морал и етика. Вие делите лекции. Што имате вие направено на полето на моралот и патријархалното воспитување? Туку да се молиме на Бога да си ја шуваме нацијата верата, кои пробаа од надвор да ја рушат, асега почнаа од внатри со слуги на некојси........

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив