Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Дали на менито во „Јасен“ ќе има само муфлони и фазани?

Што му текна на Иванов наредниот петок, 21 јануари, да ги повика Груевски, Црвенковски, Ахмети, Селмани и Тачи

Оливера Војновска


Не е познато што ќе има на менито во вилата во ловиштето „Јасен“ и дали претседателот Ѓорѓе Иванов и овој пат ќе ги угости лидерите на петте најголеми политичките партии со фазани и муфлони или ќе ги изненади со други специјалитети. Исто така, нејасно е што му текна на Иванов наредниот петок - 21 јануари, да ги повика Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети, Имер Селмани и Мендух Тачи на лидерска средба со прилично амбициозна агенда. Претседателот ги понуди како теми: евроатланските интеграции на државата, обврските што произлегуваат од извештајот на ЕК, јубилеите што годинава ќе следуваат (20 години независност и 10 години Рамковен договор), како и пописот. Посматрачите на нашите политички состојби се скептични дека средбата на Иванов е резултат на некоја значајна замисла. Туку на неа повеќе гледаат како на чиста куртоазија и на потег со кој претседателот би излегол од „илегала“.

Иванов и пред осум месеци ги повика политичките лидери ��о „Јасен“, но само на неформална средба. Тогаш специјалитетите направени од фазани и муфлони не ги пробаа лидерите на ДПА и на Нова демократија, Тачи и Селмани.

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети вели дека досегашните средби кај шефот на државата не дадоа некаков резултат, па ни овој пат не очекува такво нешто. „Не мислам дека зад оваа иницијатива има некоја голема идеја. Иако нема ништо лошо во тоа да се среќаваат лидерите под покровителство на претседателот на државата. Дотолку повеќе што Македонија се' уште ја мачат транзициски проблеми“, смета Мехмети. Тој жали што Иванов досега не успеа да остави сопствен печат на функцијата и да ги придвижи работите, особено на планот на евроинтеграциите. „Неговата позиција, според Уставот, е прилично лимитирана, но, сепак, од самата личноста зависи како ќе се носи со функцијата и дали ќе успее да наметне аворитет. И во ваквата констелација на ингеренции Иванов, на пример, може да промовира дух на толеранција, заедништво, да ги наметнува сопствените гледишта за стратешките прашања и за иднината на земјата. Но, кај него се забележува недостаток на идеи. Не може да очекува со еден говор во парламентот да остави впечаток во јавноста. Тој е инертен, тивок претседател“, вели Мехмети.

Универзитетскиот професор Стево Пендаровски, кој беше советник на двајца поранешни претседатели, смета дека се работи за една алиби-средба и претпоставува дека на Иванов му е сугерирано да покаже одредена активност. Според него, самата агенда на која се набележани повеќе крупни теми, покажува дека тие не може да бидат предмет на еден состанок, туку се нафрлени за да се остави впечаток. „Кога ќе се каже дека на еден состанок ќе се разговара за три-четири стратегиски прашања како евроинтеграциите, името, пописот, јасно е дека тие ќе бидат само гребнати по површина. Тврдам дека за ниту една од нив не може да се донесе усогласен заклучок. Агендата е пренатрупана и состанокот е осуден на неуспех. Ако е целта само да испијат кафе, тогаш може да биде успешен. Но, ако е целта да се заземе заеднички став за било кое прашање, тоа нема да се постигне“, прогнозира Пендаровски. Во пресрет на новата прегоаварачка рунда со медијаторот Метју Нимиц, за него е поразбирливо средбата да била свикана само за името. Притоа нагласува „дека е чудно Иванов да се договара со Црвенковски и со Селмани, а не се знае дали Груевски и Ахмети имаат заеднички став за името“.

Инаку, пред Самитот на НАТО во Лисабон во ноември минатата година, лидерска средба кај претседателот Иванов иницираше пратеникот од ДС Павле Трајанов. Тој предложи лидерите на политичките партии да застанат зад единствена платформа за интеграција на Македонија во НАТО и за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.

Тогаш немаше интерес за ваква средба ниту кај шефот на државата ниту кај премиерот.


#
Статијата е прочитана 2260 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 15.01.2011 13:04:46
Ако се толку ГЛУПИ лидерите на ОПОЗИЦИЈАТА да одат и некому да ги ПЕРАТ Г.....а Што прљал.Зами заглавија сега нека шукат.
Од: Ace
Датум: 15.01.2011 15:45:37
Pointeresno e menito koe go spremaat za nas. Stom se piknale tamu vo "Jasen" vo ilegala, sigurno ni spremaat nesto dobro. Igrata partizani/germanci(pozicija/opozicija)prodolzuva. Da vidime dali ke ufrlat i nekoj nov glumec,ili i ponatamu ke ne zamajavaat ovie starive.
Од: Od fakelaki
Датум: 15.01.2011 20:40:07
Da im odrzi lekcija.....
Од: Relej
Датум: 15.01.2011 20:59:29
A sto pametno i novo ce slusnat liderite na taa sredba od Ivanov? Ce go kaze ona sto mu go ima napisano Grojo. Eve uste otsega go uci napamet tekstot?Na site ni e jasno deka Ivanov nema kreedibilitet za pretsedatel i deka istiot e intalacija na VMRO i relej na Grujo.
Од: baban
Датум: 16.01.2011 13:09:55
Ama precedateeeel ako e taka. Toj vsusnost e precedate vo senka na premier. Izgubena energija...
Од: nikola
Датум: 17.01.2011 01:06:05
mozat da se dogovorat partizani i germanci koga ke zavrsi vojnata samo ke ima mnogu zrtvi

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Виното ќе ги зближува Македонија и Грција
За духовниците и за љубовта
Стил
За социјална помош извисија 11.000 семејства
Бумерангот лета кон власта
„Златна бубамара на популарноста“ како македонската демократија
Џек-пот за Панчо и Андреј
Скап живот
Роденденски концерт со нови песни и цеде
Хрватка најмлада „Мис на Америка"
Карингтонови се враќаат на сцена
Никој не чита колумни!?
Пораснале како мажи
15 загинати во екплозија во Пакистан
Нови парадигми за нов свет
Нова полова цивилизација или моден каприц?
Подобрена здравствената состојба на Гифордс
Се удавил со надеж да му го спасат братот
Nokia N8 - Oдличен телефон со застарен оперативен систем
Фатен убиецот на сопственикот на менувачницата
„Social Network" избран за најдобар филм
Македонските туристи вратени во Белград
Многу субвенции, малку ефекти од нив