|
|
|
|
|
|
ПОПАТНО
За што „да“ и за кого „не“?
Нина Нинеска-Фиданоска
Некој се обидува да ја протне тезата дека сите биле исти и ништо немало да се смени во нашите животи без разлика за кого ќе гласаме
Воопшто не се согласувам со „избалансираната“ теза, која деновиве некои од креаторите на јавното мислење се обидуваат да ја протуркаат на мала врата, а која оди на линија дека ништо особено немало да се смени во нашите обични животи, без разлика дали Никола Груевски ќе остане да владее со Македонија или Радмила Шекеринска ќе ја добие шансата да формира нов тим што ќе раководи со државата. Во прилог на ваквата „визија“, се сервира податокот за големиот процент од граѓанството, кое, според последните мерења на јавното мислење, сметало дека нема да дојде до значајни поместувања доколку на 5 јуни се случи промена на власта!
Но, дали така треба да се размислува?
Можеби е разбирливо зошто солиден дел од народот едноставно нема верба во подобро утре. Успеаја двете гарнитури добро да го разочараат во 20 години незавршена традиција. И едните и другите оставија зад себе „здрави“ причини за незадоволство, а заедно со нив и големи прашалници кај гласачите - дали воопшто вреди уште еднаш да им ја подарат слатката моќ на власта.
Ама навистина не ми е јасно зошто и оние од кои сериозно се очекува дека можат да ги препознаат барем генералните правци по кои во следната четиригодишна рамка би требало да се движи државава, сега ставаат знак на равенство меѓу главните репрезенти на политичката понуда во земјава. Овие „објективни“ аналитичари неуморно се обидуваат да ја одбранат идејата дека „воопшто не чинат и едните и другите“. И дека е хамлетовска дилема дали воопшто вреди да се излезе и да се гласа, а и кога ќе застанете зад пултот, каде што сте суверен и неприкосновен, можеби е и сеедно чии реден број ќе го заокружите со пенкалото!!!
Јас јавно кажувам дека одбивам да ја купам таквата определба „сите се исти“. Не дека нешто посебно верувам оти кој било од овие што сега засипнуваат по митинзите за да не' убедат како се тие најдобри и најчесни - и навистина ќе успеат да ни ја обезбедат благосостојбата што ни ја должат од поодамна. Добро знаеме дека убавиот живот не чека на нас и сигурно нема да го консумираме ниту во следните неколку години.
Ама никогаш нема да се согласам дека по пет години целосно ретроградно менаџирање со државата на Никола Груевски и на неговата екипа, имаат право народот, и особено своите симпатизери, и натаму да ги замајуваат само и само со „непресушните гревови“ на Бранко Црвенковски.
Па наместо главни теми во овие веќе мачни предизборни дебати да ни бидат кога реално би можеле да го затвориме кошмарот со името и да се интегрираме во НАТО и во Европската унија, но и како да станеме конкурентни за европските пари и инвестиции, ние мазохистички се занимаваме со Бранко и со стечаецот, и со тоа дали првиов навистина имал капацитет да биде одговорен за пропаднатиот брак на вториов!!!
Каква површност, каков примитивизам. Пак си дозволуваме да ни избегаат клучните теми и вистини по кои треба да трагаме, а тоа е која од партиите може да ја направи земјава барем пристојна локација за живот, што во моментов не е воопшто, според ниту еден критериум. Ова не значи дека треба да се амнестира Црвенковски од гафот во Карпош. Ама, од друга страна, уште повеќе нервира што вмровските пропагандни машинерии таа грешка ја издигнуваат на ниво на суштински проблем во земјава, чиниш од неа зависи ќе ја биде или не Македонија.
Значи сега, кога изборниот часовник ги одбројува последните денови, веројатно, ќе мора да се освестиме и со ладна глава да си ги поставиме оние, навистина битни прашања.
Сакаме ли конечно билет за елитните НАТО и ЕУ-клубови во кои речиси сите наши соседи удобно се сместија или забрзано им се приближуват, и веќе ги уживаат нивните благодети или, пак, преферираме и во наредната декада да останеме заглавени сами, со сопствената сиромаштија, некаде меѓу триумфалната капија и Музејот на ВМРО!!! Планираме ли и во иднина со нашите пари од даноци и казни да ги алиментираме сомнителните градителски барокни инспирации на една мала групација сконцентрирана околу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ (кој знае што во иднина може да ги мотивира), или би посакале тие да се канализираат во модерни автостради, опремени болници и современи градинки и училишта. Имаме ли желба во индустриските зони да се сместат фабрики на реални, здрави и афирмирани мултинационални компании, кои ќе апсорбираат дел од драматичната невработеност или претендираме немо да посматраме како не' напуштаат и оние малку странски инвеститори, кои пред неколку години дојдоа да работат во Македонија. И, конечно, сме или не сме за демократија. Сакаме ли граѓани што мислат со сопствена глава и дејствуваат раководејќи се од личниот избор или послушни и исплашени поданици. Бараме ли слободни, критички и непристрасни новинари или уживаме во оваа вулгарна и исцрпувачка медиумска битка што секојдневно без грам вкус се одвива пред нашите очи, а која не ја изрежира никој друг, туку самата власт, на која и тоа колку и' одат на рака ваквата раскараност и омраза.
Доколку се обидеме искрено да си одговориме на овие дилеми, веројатно, ќе осознаеме барем за кого не би требало да гласаме. И убаво ќе разамислиме кој ја заслужува нашата доверба за следните четири години бидејќи е веќе крајно време да почнеме и ние достоинствено да живееме.
Некои од старите вмровци деновиве неволно признаваат дека партијата е зрела да премине во опозиција и дека таквото искуство би било одлично и здраво за неа и за нејзиното „чистење“ од сета негативна енергија што ја акумулираше во овие неколку години апсолутистичко владеење. Но, исто така и тврдат оти врвот воопшто не е подготвен да ја отстапи власта и ќе се обиде да ја зачува уште еден мандат по секоја цена. Од СДСМ, пак, бараат трета шанса. Велат, учеле на грешките од минатото и се колнат - сега знаеле како треба. Ако ја добијат и ја упропастат, веројатно, нема да има нова.
И други играчи овој пат ударнички се натпреваруваат на изборната сцена. Нови, старо-нови или реафирмирани, сеедно, тие секако ќе матат сметки на овие избори, и не само тоа, туку и сериозно ќе заматат нечија комоција. Ќе биде интересно, навистина интересно. А ние да се преиспитаме за кого „не“ и за што „да“ треба да гласаме. |
#
|
Статијата е прочитана 1924 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 01.06.2011 00:20:17 |
|
ДА за демократијата,просперитетот и градење на иднината на нашите деца.НЕ за диктатурата и криминалот за фамилијата на Николај. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 01.06.2011 00:41:04 |
|
Jas sum eden od onie koj isto taka ne veruvaat deka nesto konkretno ke se promeni,no ne se otkazuvam ni od nadezda deka nesto sakale-nejkele ke mora da promenat.Ako Sekerinska pobedi,ke mora da dokaze deka ke menuva nesto, pa toa ke ja natera i da sprovede nekoj"noviteti".Ako pa ostane na vlast Gruevski,i toj ke mora da menuva nesto,bidejki valjda svati i vide koj greski gi napravi,pa ke mora nesto da promeni.Za mene najvazno e da se zapocne so promeni/rascistuvanje so kriminalot i korupcijata,i site onie centri(a veke se znae koj se i od kade se kontrolira ova politicko kriminalno podzemje)koj go nametnuvaat toj nacin na rabota i vladeenje.Neznam kolku sili za toa imaat i Sekerinska a i Gruevski, no nekoj ke mora da se"obracuna"so toj centar.Sega za sega toj"centar"mu e vo koalicijata na Grujo,ama ne ke moze uste dolgo i on taka.No i Sekerinska nema da ostane"nenapadnata" od toj"centar".I nejze ke se obidat da ja vovlecat.Posle 5ti ke ima razni"obidi",a ke vidime sto ke se realizira. |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 01.06.2011 01:24:02 |
|
Najmnogu sto zastrasuva denes vo MKD e otsustvoto na demokratijata.Uste postrasno e toa sto ako Gruevski ostane na vlast antidemokratskite procesi ke bidat uste posilni i ponasilnicki.Zatoa ne smee i ne treba da ima neopredeleni.Ne mi se veruva deka posle 20 g. pluralizam i nezavisna MKD denes ke ziveeme vo ponedemokratsko opstestvo od porano,deka se uste ne prisluskuvaat,ucenuvaat,ni se zakanuvaat,deka lugeto gi e strav da kazat sto mislat.Mislev deka vo 11-tata godina od 21 vek ke bideme evropska drzava,slobodna,demokratska,razviena,pristojna kako sto velite,pocituvana.No dozvolivme da ne vladee edna garnitura koja po svoite diktatorski maniri gi nadmina nekolkukratno svoite ideoloski protivnici.Najzalno e toa sto taa garnitura e sostavena od pretezno mladi luge,kaj koi barem poradi godinite,borbata za sloboda i demokratija za site treba da bide dominantna.Ako Gruevski,Protuger,Gorcev,Jankulovska se vakvi na mladi godini,ne sakam ni pomislam kako bi praktikuvale vlast vo zreli godin |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleks |
Датум: 01.06.2011 04:04:47 |
|
SDSM nespremna vleguva vo ovie izbori.Istrosheni politicki faci,nemanje na soodvetna programa i sto e najopasno-marginaliziranje na clenovi i mladi sposobni lugje koi bi mozele vo golem obem da i pomognat i na partijata i na Makedonija.desnite ne predlagaat nisto novo osven sto gi zamenija chekorite so reformi-koi nikako da se vidat i osetat.Se na se turlitava.Ne se slagam so vasiov tekst i smetam deka momentalno nikoja od ovie tesnopartiski maten biznis sojuzi (partii)ne e sposobna da formira odgovorna vlada. |
|
|
|
|
|
|
Од: Корекција |
Датум: 01.06.2011 06:20:50 |
|
Нина, прво два збора, секоја чест! Знам дека тие што ќе се препознаат во негативните зборови може да се вознемират, но реакцијата на народот, како и реакцијата на медиумите е само огледало, па ако не им се допаѓа тоа што го гледаат, нека коригираат, а не да викаат дека огледалото не чини. И особено нека не пробуваат да ни ги замачкаат очите како што правеа овие неколку години постојано фалејќи се самите, туку доколку добијат уште една шанса, нека дадат се од себе да ги поправат грешките (упс, се разбира дека предуслов е да почнат вистински да слушаат што не е во ред, а не самобендисано да продолжуваат по старо). |
|
|
|
|
|
|
Од: Marshalov napad |
Датум: 01.06.2011 07:59:11 |
|
Avtorkata mozela da go skrati pisanieto, zatoa shto od naslovot blika za kogo naviva i ke glasa i toa e nejzino legitimno gragjansko pravo. Megjutoa, deka site bile isti e najgolemiot spin koj saka da mu se prodade na neopredeleniot korpus na glasachi!? Ako mozhat denot i nokjta da bidat isti, dobroto i zloto da bidat isti, togah i opciite shto gi zastapuvaat i predvodat Nikola i Branko mozhat da bidat isti!? Onie so podolgo pametenje mnogu dobro znaat deka ne e taka. |
|
|
|
|
|
|
Од: Не исти, разлика од земја до небо! |
Датум: 01.06.2011 08:38:50 |
|
ТАКА Е! Не се сите исти. Живеачката не се менува, многу, со промена на власта во Скандинавија, Германија. НО, кај нас, кога новава ПРОМЕНА ќе се случи, уште од 6 јуни, ќе се ПОЧУВСТВУВА дека промена почнала. Како прво, НАСИЛНИЦИТЕ, ќе почнат да се тргаат од јавната сцена. Како прво, ќе почнат да уринираат во цивилизациски определените места за тоа. А, и нивните шефови, ќе ги снема, ќе ги пакуваат куферите... |
|
|
|
|
|
|
Од: Perec Kifla |
Датум: 01.06.2011 09:29:29 |
|
Do Johnny: Ucat od Singo, i na stari godini ke bidat kako nego, a Makedonija feudalen posed. |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 01.06.2011 09:34:16 |
|
Kolku sme ispolitizirani i nesvesno staveni vo ,,sluz
ba,,na politicki interesi i licna korist na poedinci.Sto
pati iznevereni od nasite favoriti za koi sme glasale,
nemame vreme nitu modusi da se orientirame na
resavanje na teskite problemi vo zivotot(imacna bor
ba za gol opstanok-zivot ).Koga dadeniot glas na
site dosega odrzani izbori,bez isklucoci,e izneve-
ren,situacijava e sah-mat,a dilemata golema.Za koj da se glasa?!.Zato e e se uste i golem broj na
neopredelenite i na apstinentite.Zatoa i se zgolemuvaat rejtinzite na ,,neaktuelnite,oti nivnoto
vladenje kolku da ima dlaboki tragi e podzabora-
veno.Zatoa i ne mozam da se pomiram deka ziveeme vo zemja so utopisticki vizii i Don Kihotov-
ski maniri,ponudeni i deklarirani od ooilitickite
lideri.I konecno,zatoa,so pomos na Don Kihot i
Diogen,povtorno ke se bara ,,IZBAVITELOT,,.Ne
sakam,glasackoto livce da mi go popolni nekoj
nedoblesen,slep partiski poslusnik-potocno
sousnik,lakej na tesnogradi interesi i apetiti. |
|
|
|
|
|
|
Од: Битола |
Датум: 01.06.2011 09:41:32 |
|
Не можам да разберам како е можно после 21 година плурализам сеуште да се тврди дека нема демократија и дека ќе се определуваме (без разлика за кого) за демократија или не. Не знам луѓето како ја разбираат демократијата, денес кога има толку медиуми толку слобода да се изгради некој став мислам дека не е во ред да се тврди дека нема демократија дури и да се тврди дека има диктатура. Се сложувам дека има голем простор некои работи да се променат на подобро, но до тоа ќе дојдеме ако постојано како граѓани ја потсетуваме власта (која и да е) за нејзината задача да му служи на народот |
|
|
|
|
|
|
Од: Sonja |
Датум: 01.06.2011 10:14:57 |
|
DA za reformite,NE za kriminalot i tranzicijata na B.C..
DA za Gruevski !!!!NE za jadnjeto zivi luge,za promenata na administativcite i za unistuvanjeto na narodot!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 01.06.2011 10:43:37 |
|
Blaze si vi sto razmisluvate na politikata so vozviseni emocii i cuvstva! I jas razmisluvam kako so budzet od 1 Evro dnevno , da obezbedam sredstva za da pijam kafe u Solun koe cini 3 evra! Politikata ne me interesira, ili pak taa stana samo sport za bogatite?! |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 01.06.2011 10:54:22 |
|
APSTINENCIJA od glasanje e POTKOPUVANJE NA DEMOKRATIJATA! Togash postojano isti ke ostanuvaat na vlast, a toa e najchesto agresivnata desnica koja gi vodi zemjite vo propast. Ne e tochno deka partiite se isti: ednite ne napravija kandidat za EU a drugite ne vrakjaat nazad |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 01.06.2011 11:43:36 |
|
Еве разбравме за кого не би гласала г-ѓа Фидановска,но не разбравме јасно за кого би гласала иако се назира во пишувањето.Инаку околу учењето од грешките од минатото,некако опозицијава изгледа како ученик-повторувач.Па така кредитот изборен од Комерциална го подтури како донација,лидерот а насети пораз веднаш пред себе истура друг да тој пораз го истрпи а тој так нормално се појави како принц на бел коњ кој ќе ја спасува Снежана(читај партијата).За џуџињата не вреди да се пишува тие се ,,пратеќи декор,,. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 01.06.2011 11:45:16 |
|
Незнам дали се сите исти или различни. Но нашиот омилен водач е драстично поразличен од сите. Полош во Македонија ниту имало ниту ке може да има! |
|
|
|
|
|
|
Од: Mudrec |
Датум: 01.06.2011 12:33:14 |
|
Nina, zosto ti e kosmar problemot sto nekoj drug go ima so naseto ime? Zosto se pravis kako da ne si od tuka i i kako da ne znaes deka postoenjeto na Makedonski narod e problemot za grcija, a ne imeto? Go cuvas li uste sramnoto pismo objaveno pred nekoj mesec so koj go molis noviot premier da go smeni imeto? Sramota !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Миле - Охрид |
Датум: 01.06.2011 13:40:46 |
|
Да, за одбраната на името Република Македонија. Да, за зачувување на правото на Македонците да се нарекуваат онака како тие одлучиле. Не, за промена на името Република Македонија. Не, за бришење на последното преостанатото обележје кое го поврзува македонскиот народ со неговата единствена држава. Не, за подржувачите грчките шовинистички уцени, кои пред вистинските европејци, правдољубци и човекољубци креираат слика дека македонскиот народ , всушност, не сака да си го зачува името и ги одвраќаат во намерата да ни помогнат. Не, за собирачите на аргументи за грчките позиции во спорот со нашето име, кои се обидуваат да ја дестабилизираат државава и да ги ослабат нашите позиции во борбата на Македониците за своето право да постојат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Што ли јаде Мудрецот? |
Датум: 01.06.2011 14:13:14 |
|
Грција имала проблем со нашето име?! Значи,затоа не ја примаат Грција во НАТО и ЕУ и затоа и помагаат да излезе од кризата!Знам дека лукавите јадат лук,што ли јаде нашиот мудрец?! |
|
|
|
|
|
|
Од: Karokan |
Датум: 01.06.2011 14:27:07 |
|
Г-дине Фелих,нешто како да не ти е по волја содржината во текстот на г-ѓата Нинеска.А,замисли само до пред 5-6 месеци нејзините писанија беа твоја омилена лектира,посебно тогаш кога бруталниот упад и напад во А1 ТВ се случуваше пред нашите очи,со образложение дека истата не е предмет на
контрола на УЈП и финансиската полиција.Но,тогаш,нели таа пишуваше и од “ниски мотиви“,кое изгледа единствено се релевантни за твоето “книжевно ниво“.Е па види,јас уште тогаш реков дека тие “ниски мотиви“ ќе ја следат долго,долго во мојата перцепција и по различни текстови,полоши или поарни,постојано ми се наметнуваат како лајт-мотивот кај врвниот поет.
п.с. Едно “молбено“ прашање до г-ѓа,г-ѓица Sonja:Од каде толку памет кај тебе??? Каде го купи,жити се???Ќе мора да е од некој козметички салон,вешто спакуван во мало шише,место парфем!!!Само што тој “парфем“ (пардон-памет) не мириса.Која црна администрација ќе ја заменуваш,кога треба да ја поткастриш за едно 90000 до 100000 лица-умна моја!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|