Поголеми гради од бабите и од мајките
Во последните 50 години жените се подебели, повисоки и со поголеми гради, констатираа британските научници
Женското тело за половина век значително се проширило. Телото на просечна жена денес во споредба од пред 50 години драстично се променило, а за тоа најмногу се заслужни развојот на прехранбената индустрија, промената на прехранбените и животните навики, како и минималното движење, објаснуваат британските научници. Тие утврдиле дека женските гради во просек пораснале за цел еден број, а индексот на телесна тежина се зголемил од 20,85 на просечните 25.
Се проценува дека жените во 50-тите години од минатиот век при извршувањето на домашните работи во просек трошеле околу 1.000 калории, додека денес поради машините за ми��ње садови и слични апарати, трошат околу 550 калории. Жените некогаш своите бицепси и трицепси ги обликувале полирајќи го дрвениот мебел или со носење продукти од дуќаните, а денес се возат со автомобил до теретана или до супермаркет, објаснуваат стручњаците.
Внесувањето масти, шеќер и алкохол во изминатиот половина век значително се дуплирал, додека истовремено двојно помалку се јаде овошје, зеленчук и сложени јаглехидрати.
ПОГОЛЕМИ ГРАДИ
Според податоците на производителите на женска долна облека, женските гради во просек пораснале за еден број, што е придружна појава на порастот на внесување масти во телото. Затоа денешните жени имаат повеќе облини отколку нивните мајки и баби.
ПОВИСОКИ
Просечната висина на Британките пред 60 години била 157 см, а денеска е 162 см, која, освен со подобра исхрана во детскиот период, може да се објасни и со промената на условите во околината, почнувајќи од подоброто станбено прашање и лекарска грижа до вештачките хормони што се наоѓаат во индустриските производи. |