Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Гинекологија отворена само за сликање

Вчера беше пуштена во употреба само зградата, но не и клиниката, која беше полуопремена

Јасмина Јовановска


Новата Гинекологија ја отворија само за сликање, а за пациентите, како што тврдат здравствените власти, ќе биде пуштена за околу 40 дена. По првиот циркус пред околу еден и пол месец кога сакаа да ја пуштат клиниката без технички прием, вчера во употреба беше пуштена само зградата, но не и клиниката, која беше полуопремена. Од пет ката зграда, ако се собере целата опрема, прашање е дали имаше опрема само за еден кат. Во амбулантите беа ставени само гинеколошки столови и по еден компјутер, без да има инструменти. Рафтовите беа празни. Во операционите сали, пак, исто така, имаше опрема колку да се рече, по некој операционен стол и неколку инкубатори. Централниот систем работеше само во примениот дел. Струјата се исклучуваше, а вода немаше на сите катови. Важно е дека работеа лифтовите.

Недоопременоста, веројатно, беше и причина зошто новата Гинекологија сакаа да ја пуштат без поголема помпа. Дури немаше ни официјални покани од клиниката до медиумите. За настанот, медиумите беа известени од Владата, која беше само гостин на свеченото отворање на клиниката. А дека сакаа молчешкум да се отвори клиниката, покажува и тоа што само еден час пред отворањето се местеа цвеќиња и се бараше црвен килим.

И покрај ова, директорот на Клиниката за гинекологија д-р Саша Јовечевски, тврди дека целата клиника ќе проработи наскоро. „Технички прием е направен и добивме употребна дозвола за зградата и за лифтовите“, рече д-р Јовчевски. Според него, нема проблем ни со доводите за гасови. „Ќе имаме најсовремени доводи за гас - во несвест да паднеш“, ни изјави д-р Јовчевски. По свеченото отворање на зградата ќе се земат брисеви, и дури потоа ќе биде пуштена клиниката, додаде Јовчевски, одговарајќи на прашањето дали клиниката има санитарна дозвола.

Првиот лекар во државата, Бујар Османи, пак, вети, дека од денеска ќе почне клиниката да се сели дел по дел, и за 40 дена треба да се преселат сите оддели во новата зграда. Но, како ќе функционира полупразната клиника, не одговори. Тој призна дека имало одредени недоразбирања и недоречености при градбата на зградата, но дека не сакале да пуштат нова зграда со стара опрема. „Не дозволивме новата клиника да им стар инвентар и кревети, од кои дел се набавени од општествено одговорни претпријатија и донации. Ги освеживме и протоколите за лекување, а вработивме и доволно кадар и дадовме и специјализации“, додаде министерот Осамни.

Новата Гинекологија се градеше повеќе од 10 години. Нејзината вредност се проценува на околу 10 милиони евра, и тоа само зградата. Има пет ката, пет операциони сали и 176 болнички кревети на 12.000 квадратни метри. Градењето почна со јапонска донација од 5 милиони долари. Колку чини опремата, не кажаа ни раководството на Гинекологија ниту Министерството за здравство.


#
Статијата е прочитана 2414 пати.

Испрати коментар

Од: Mane
Датум: 01.06.2011 00:13:57
Со секоја ваква манипулација и навредување на народот, се‘ повеќе губат гласови
Од: naste
Датум: 01.06.2011 00:45:43
neznam za sto bila otvorena, samo edno znam deka ovaa vlada gradi !! narodot ke si izbere na 5ti ;)
Од: cir
Датум: 01.06.2011 00:51:59
BRAVO !!!
Од: Кутлеш
Датум: 01.06.2011 01:01:53
Значи малце луѓе може да се пожалат на нешто позитивно. Како досега да беа секојдневно отварани по неколку клиники, па ова е секојдневие и ваквата клиника е промашување ... Да не се залажуваме, добро би било пообјективно да се обајвуваат вестите! Доколку сакаме пристрасност, ќе гледаме А1 телевизија!
Од: koj
Датум: 01.06.2011 01:02:36
ginekologijata konecno go dobi svojot sjaj.. bravo za vladata. samo napred
Од: ja provociraat makedonskata intelegencija
Датум: 01.06.2011 01:04:26
Saakaat da ne pravat glupi.. nisto ne napravija osven sto potrosija mnogu mnogu pari na spomenici, stadion i skopje2014 se na se 2.4 milijardi. nisto produktivno nema vo potrosenite pari. i segaa ke otvarate i secete lenti 3 dena pred izbori. rezil neviden. ja mojte deca i mojte vnuci ke go vrakame dolgot sto go napravite vie so rasipnickoto trosekje. vnucite moj ke plukaat sto sme vi dozvolile da bidete na vlast i vakvi ovci da pravite od nas makedoncite.
Од: trpe original
Датум: 01.06.2011 01:38:05
Zarem ima uste glupav, neucen narod sto veruva? Zarem ne bese dovolen eden sram? Sepak mora da se raboti za umobolni, iskopleksirani licnosti koi veruvaat isklucivo vo svoite lagi. Ako si zamislile deka crno e belo, nema Gospod koj moze da gi razubedi. Od takva bolest nema lek.
Од: jasko
Датум: 01.06.2011 01:43:37
VMRO-DPMNE bese i ke bide najdobrata partija za makedonskiot gragjanin!
Од: makedonec
Датум: 01.06.2011 02:09:04
pa dobro be do koga ke go rugate? covekot gradi za dobroto na site, a vie prodolzuvate i prodolzuvate da go rugate.. tolku li ve zaslepi toa kounjarskoto vladeenje . ve zalam :S
Од: Od mene
Датум: 01.06.2011 05:19:52
Da kritikuvas nekogo sto izgradil nesto e sepak podobro odkolku da se ligavis po nekoj sto zad nego nema ostaveno nisto...ama bas nisto!! Mrtva ekonomija,ranofeudalno proizvodstvo,i generacii izgubeni vo tranzicija...
Од: marin jordanoski
Датум: 01.06.2011 07:08:00
TOCNO GINIKOLOGIJATA CE CE GO DOBIJA SVOJOT SJAJ ,AMA POSLE 5 JUNO,KOGA CE POBEDI SDSM
Од: Шваба
Датум: 01.06.2011 07:52:21
оф мори мајко, само да се плукало по нешто, без разлика дали е веста позитивна или не, плукни по владата после сдс ќе ти надокнадат
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 08:32:10
По површина ова гинекологија е доста голема.Но по ова предизборно што го отворија дали некој се прашал колку веќе приватни ги има низ земјата во сите градови.Затоа и немат доктори гинеколози,тек ке ги специјализират.Ова е само еден од предизборните маркетинзи.Бидејки овде нема лопати,овој кој ја отворил требало прв да седне на солчето.
Од: petre
Датум: 01.06.2011 08:41:05
Dosta ja kritikuvate vldata , deka gradi e fakt , ednas da ja pofalevte i za vas ke bese podobro Bravo za ginikologija ,toa e golem cekor, vladata napravi mnogu i zatoa ke prodolzi , narodot ke gi podrzi reformite
Од: koleshka
Датум: 01.06.2011 09:10:59
Ova e golema navreda za site zeni, koi odvaj chekaat da pochne so rabota novata bolnica Ne e prikluchena vodata, a se apravi najvaznoto, bea presecheni lenti pet dena pred izbori?!Tolku providno! Vazno e da se dobie nekoj glas, a pacientkite i ponatamu ke si plakaat ekstremno visoki ceni vo privatnite bolnici... Site ke bideme svedoci, deka objektot nema da bide staven vo upotreba vo dogledno vreme.Steta, sekoja chest za personalot koj najprofesionalno si ja vrshi rabotata vo nikakvi uslovi! Pozdrav do ass. d-r Stojchevski i ostanatite vraboteni vo oddelot.
Од: koki
Датум: 01.06.2011 09:44:41
На овие глупости се палат само ВМРО-вските цепеници.........толку разбираат сиротите.......
Од: Nikola
Датум: 01.06.2011 10:13:22
Pred destina dena se potpisa dogovor za izveduvanje na dopolnitelni gradezno-zanaetciski raboti vo novata Ginekologijavo vrednost od 450.000 evra. Pa kako moze so tolkav obem na nezavrseni raboti, da se pusti vo upotreba? Ili e Potemkinovo selo, ili dogovorot e fiktiven i ovie pari ce otidat kaj Familijata? Odgovorete, vie, sto velite, Vladata gradi!
Од: Gordan
Датум: 01.06.2011 10:16:10
Zasto se zalite od nesto sto e napraveno za dobroto na site? Jas imav moznost da vlezam vo bolnicata, takvo nesto nemalo kaj nas osven Sistina koja e privatna! BRAVO
Од: skopje
Датум: 01.06.2011 10:30:52
do makedonec: kako da ne go rugame koga so nasi pari gradi pardon kradi nekakvi si bezlicni kic objekti, sto centarot na skopje go napravi edno najkicerajsko mesto, sto na sekoj graganin mu se odmiluva da seta niz plostadon od "zeleni" spomenici. A na kraj sto e najzalosno sto nie seto toa ke go plakame, i toa li e gradenje pocituvan makedonec. Vo sekoja demokratska zemja za vakvi"ne dela" se znae kaj se lezi,
Од: Jovanka
Датум: 01.06.2011 11:14:17
Kolku sakate zborete i rugajte, Vladata gradi !! a i vie komujarcinja sto ste isfrustrirani od tolku vreme vo opozicija ne drndajte mnogu bar nesto gradime, vie neznam so sto mozete da se pofalite od vaseto vladeenje?
Од: mene
Датум: 01.06.2011 11:34:16
А зошто прво не ја изграделе целосно болницата, а спомениците да ги оставеа незавршени. Кој треба да има приоритет? пациентите (луѓето) или каменот?
Од: Гwујокио Худиновски
Датум: 01.06.2011 12:12:22
Кој вели дека не гwадиме?Овој гинеколошки стол и оној параван,се единствениот инвентар на новата клиника,која се гради повеќе од 10 (Десет) години!Гvедате ли нешто друго внатре!?Не!?Па,нормално!Не,во ред ви се очите,но магијата е голема!Сега го гледате - утре не!Така и со парите од државната каса,сега ги гледате,а утре Гwујокио успешно ги мултиплицира во својот џеб!Не верувате?Еве,дури и сајтот му дојде на распродажба: http://nikolagruevski.com Внимание,патиоти!!!Прочитајте ја адресата,на дното:Florida,United States!Чесно и гордо,нема што!Уживајте во „барокот“,додека не сте почнале да се лекувате пред спомениците на „пwеwодбата“!Тик-так,тик-так...Уште само неколку денови до крајот на Кошмарното јаве!
Од: deli
Датум: 01.06.2011 12:39:19
..se mestea cvekinja i se baraše CRVEN KILIM..."
Од: ana
Датум: 01.06.2011 13:10:59
sestra mi e trudna i bukvalno nema kade da se porodi, site lekari se izbegani vo sistina i sl. za da odi vo Sistina i trebaat 2 000 evra. Ovaa vlada kompletno go unisti zdravstvoto. Svaka cast za biznisot sto go napravija so Orce Kamcev.

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""