Гејл Кинг
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Опра Винфри не е веќе во добри односи со пријателката Гејли Кинг, за која медиумите шпекулираа дека е во лезбиска врска.
Според пишувањето на „Нешенел екваер“, оваа двојка не е повеќе во добри односи затоа што на Гејл и' пукнал филмот чекајќи ја Опра да реши на која страна ќе замине.
Гејл се чувствува како фрлено книжно марамче и како што пишува овој таблоид, најмалку од се' очекувала Опра вака да ја предаде. Имено, популарната водителка се пресели во Калифорнија со своето долгогодишно момче Стедман Грахам, кој, пак, секогаш се чувствувал вишок во друштво на двете жени.
Опра и Гејл се најдобри пријателки повеќе од 30 години, а во 2006 година во интервју со Барбара Волтерс, Оп��а низ солзи го објасни овој однос - како со грижлива сестра или мајка. |