Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Витраж

Време за карикатури

Катерина Богоева

Предизборие, вистинско време за карикатури во главниот град во кој паралелно со пролетните температури деновиве се подига и температурата на партиските митинзи. Двете изложби на карикатури отворени минатата недела, 39.Светска галерија на уметноста на хартија - Карикатура 2011 во галеријата „Остен“ и „Соочување со климата“ во Музејот на град Скопје се совпаднаа со последните денови на предвремено организираните парламентарни избори, така што постои можност до 5 јуни, денот на гласањето, да се зголеми бројот на посетителите што ќе ги видат делата на карикатуристите, бидејќи фреквенцијата на граѓаните-митингари низ центарот на Скопје деновиве е зголемена. Којзнае.

Во галеријата „Остен“ каде што е презентиран избор од пристигнатите 880 карикатури од 408 карикатуристи од 64 земји годинава, светот може да се доживее преку големите човекови теми за војната, социјалните разлики, бракот, потрошувачките општества, медиумите, еколошките катастрофи, домашните миленици, туризмот, спортот.

„Колку повеќе ги набљудувате тие карикатури, сфаќате дека тие, всушност, се огледало на нашата цивилизација низ кое ги гледаме сите неправди, односно парадоксот на животот на Земјината топка“, ќе забележи Зденко Пухин од Хрватска, годинешниот претседател на жирито на Светската галерија на карикатурата, напоменувајќи дека глобализацијата ги доближи случувањата и авторите од различни места на светот. Иако посетителите на оваа изложба и по речиси една недела од нејзиното отворање, за жал, ги нема во очекуваниот број, сепак, со секое ново издание на обновената манифестација, која три години беше во мирување, се зголемува и бројот на карикатуристите. Тоа и се очекуваше, бидејќи станува збор за една од најстарите и најголемите манифестации од овој вид во светот.

Нејзиниот директор Мице Јанкуловски е задоволен од нагорната линија по која манифестацијата се движи, а за една од многуте потврди за респектот што го ужива овој македонски бренд, ја смета и соработката со познатото Графичко биенале во Варна, каде што и претседавал со жирито на тамошната изложба отворена овој месец.

Во оваа прилика е добро што галеријата „Остен“ и Музејот на град Скопје не се многу оддалечени една од друга. Првата се наоѓа спроти зградата на Матица на иселениците на Македонија, а втората во објектот на Старата железничка станица. Оваа информација не е лошо да се повторува затоа што и многумина од граѓаните што живеат во Скопје, а во центарот не поминуваат само за време на митинг, не ни знаат каде се наоѓаат двете галерии.

Во втората галерија, значи во Музејот на град Скопје, до 8 јуни ќе биде отворена изложбата „Соочување со климата“, со карикатури на автори од Шведска и од Балканот. Поставени во централната изложбена сала, нив со карикатурите во галеријата на „Остен“ ги врзува една заедничка тема: проблемите со загадената животна средина што предизвикуваат се' подрастичната промена на климата.

Добро е посетителите да знаат дека изложбата е дел од се' поинтензивните напори на Шведскиот институт за промовирање на одржливиот развој, но и дека цели кон поттикнување дискусија за заштитата на животната средина. Тие имаат можност да запишат ако сакаат и свои забелешки на поставената табла, одговарајќи на поставеното прашање за сопствениот придонес за климата или, пак, да нацртаат нешто. И да ги видат и карикатурите на студентите од претходно одржаната работилница на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Комплетно, двојно добро доживување на актуелните светски тенденции во карикатурата и потврда дека светот може да се гледа низ разни очила. Очилата на карикатуристите се остри, но многу привлечни.








#
Статијата е прочитана 635 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 01.06.2011 11:22:14
E, nemam vreme za po Galerii da gledam karikaturi! Si gledam predizborni spotovi! Toa si e moe demokratsko pravo i nikoj nemoze da mi go odzeme! Jas sum toj sto izbiram sto ke pravam! Ako treba predizborni programi ke gledam i vo I i vo II i vo III i vo IV izboren cirk, runda ili krug! A i poveke od toa, predizbornite faci, slogani, spotovi, se posmesni! A ostaj drugo, karikaturite se za inteligenten narod, a predizborieto e "za site"! Koj saka moze da glasa za karikaturite u Galeriite! Mojot izbor e da gledam Vesti i kampanji! Priznavam deka sum od onie "glupavite i neprosvetleni" sto ne se razbiraat vo umetnost , ama imam pravo da izberam ! Karikaturi, pa karikaturi...E, vise...kako od niv da mi zavisi drzavata, standardot, idninata....!

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""