Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Синдикален срам

Маја Томиќ

Синдикатот си ја сака Владата. И си ја почитува. Кое би било вистинското време да се покаже таа верна љубов, ако не една недела пред изборите. Моментот е избран, топ. Друштвото, уште повеќе. Лично премиерот и уште некои првенци од неговиот Кабинет, заедно со првите луѓе на трите синдикати, Сојузот на синдикатите на Македонија, Унијата на независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати. Ни помалку ни повеќе, место на средбата - „Александар палас“. Се' синдикалец до синдикалец и тоа „политички неопределен“. Така барем ја уверуваат (читај лажат) јавноста. Пред неколку дена претседателот на ССМ, Живко Митревски, изјави дека до завршувањето на изборите нема да зборува ништо јавно, ��а не му се залепела политичка етикета. А уште завчера се премисли. Се вадеше дека не било тоа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, туку со премиерот Никола Груевски. И уште рече: „Јасно е дека ние сме неопределени, независни и неполитички“, рече тој. Ма, јасно е како бел ден, нема збор. § откри на јавноста дека разговарале за минималната плата, а премиерот ветил дека неговата нова влада сигурно ќе ја утврди. Ајде де! Вистинска новост. Па, веќе ни чади главата од - минимална плата, минимална плата, минимална плата... тоа што Синдикатот го бара 20 години наназад, ама и претходните и оваа Влада не сакаа ни да слушнат. Сега одеднаш се создаде интерес.

За разлика од минималната непријатност во ликот на Митревски, претседателот на Унијата, Слободан Антовски, беше послободен во изјавите. Човекот нема од што да се плаши. Отворено си кажа: „Се надевам дека оваа Влада ќе остане бидејќи никоја од досегашните не најде време за да седнеме и да разговараме“. Да не сакаше да рече, му посакувам на ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите? Ама да не биде потоа како песната „О, љубов неверна, дали помниш една пролет...?“

Крајна оцена, средба за срамота. Синдикати јавно да влезат во функција на политичка кампања. Се срамат и претседателите на гранските синдикати во ССМ, оние што лани го тргнаа Ванчо Муратовски дека бил политички етикетиран за да го седнат „независниот“ Митревски во неговата фотелја. Тие вчера испратија анонимно писмо со кое се оградуваат од неговите постапки. Велат, не се потпишале, им било страв од реваншизмот на Митревски. Пишуваат дека Митревски кажува ставови што не се донесени на Претседателство. „Да, минималната плата е важен дел од синдикалната борба, но ветувањата треба да се остават за по изборите“, коментираат неистомислениците, со ставен извичник на речиси секоја реченица што значи дека биле ептен возбудени кога го составувале текстот. Накрај прашуваат - дали Митревски коалицира со власта затоа што и' е должен за некои услуги.

Митревски, Митревски, додека ти си се дружиш со власта, гледаш ли колку градежни работници што турбо работат на владините објекти, со месеци не зеле плата, знаеш ли колку од нив загинаа, а работеа на црно, познато ли ти е дека има над 300 илјади невработени, дека 90 отсто од вработените преживуваат со 200 евра плата, дека социјалци умираат затоа што немаат пари за лекови, дека мобингот ги задуши вработените и во приватниот и во државниот сектор, и што ли уште не... Еден синдикален лидер треба да се занимава со овие проблеми, а не со политички подлизувања. Пардон, сакам да речам, еден вистински синдикален лидер.


#
Статијата е прочитана 1222 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 01.06.2011 00:23:22
Predstavuvaat li nekogo ovie sindikati? Po kolku clenovi (clenovi koi sto placaat clanarina) imaat. I kolku od clenovite se aktivisti: onie sto nesto dobrovolno rabotat i se borat za interesite za sebe i svoite drugari? Koga ce pomislam deka ovie luge bea samoupravuvaci! Ne ni cudo sto sistemot propadna kako trula kruska. Vakva bedna masa ne go zasluzuva. Gazdite razbraa so kogo imaat rabota pa ce gi gnetat i krvta ce im ja ispijat a oni ce vikaat "Uste sakam"
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 00:27:42
А дали во РМ постои синдикална организација?Тоа што гледавме на медиумите ,тоа се послушниците на мистер мр Рејтинг,кои си играт синдикалци.Николај ги разбудил од зимскиот сон и сакал да им каже дека ќе има избори и многу му се потребни.А синдикатот дали е за работниците или работодавците.Кој работник од нивна страна е заштитен.Дали овие кои се мета како глинени голуби.На овие кои се нарекуват синдикални лидери им треба училиште а ако треба со левак и акал ке им дадеме.
Од: Johnny
Датум: 01.06.2011 02:03:32
Sindikalni lideri?Ovie misevi od luge ne smeeja popreko ni da go poglednat Grujo,ne li pak da mu prerecat nesto,da braat,protestiraat ili da mu sprotivstavat za nesto.Na 300000 nevraboteni,na 700000 siromasni,namesto da frlaat so jajca kon sedisteto na VMRO i vladata,tie se postroija pred Grujo,se ispomockaa i ispokakija v gaki,mu bacija raka i si otidoa.Falese uste Grujo da rece: ve barav nasekade da vi dadam minimalna plata,ama ne ve najdov,nikade ve nemase,vie ste si krivi.Ili trebase toa "liderite" da go recat.So ubavo.Grujo e spremen se da veti (osobeno pred izbori) i se da ispolni za rabotnicite,ama nema koj da bara,pa treba duri i da gi vika liderite kaj sebe,da mu dojdat na noga,ne toj da odi vo sindikat.Segata nastrana,se znae zosto i kako se organiziraat ovie sredbi i pod koi i kakvi uslovi.
Од: kole
Датум: 01.06.2011 07:21:28
КУКАЈЦИ!!!!! Што би рекла баба Митра............
Од: Нашата реалност
Датум: 01.06.2011 08:24:38
Секоја Мафија си има свој Синдикат. И, тоа и не е така страшно. Но, кога, истата таа Мафија има и Држава, тоа е страшно. И, кога „работничката класа“ е утртана и спремна да преживува со „солца и лепче“, тек тогаш работата е тропа! Е, тоа е нашата реалност. Дали, во нешто, не сум во право?
Од: suada
Датум: 01.06.2011 09:07:06
me interesira dali sive ovie komentatori placaat clenarina vo mocniot sindikat. ako placaat nemaat pravo da pisuvaat. a za sindikatot moze da se kaze deka e najgolemiot PARAZITARIUM na dunjava. tuka se ispileni tri MEGA-PARAZITI (negovite pretsedateli) koi samo se debelat od maloumnosta na clenovite kako krlezi. sega go gledame onoj mega dembel od bitola, ofarban vo kosata kako palamudi nesto. zosto na niv ne im se proveri finasiskata sostojba pred i posle.
Од: екс
Датум: 01.06.2011 10:18:59
Го пропуштивте СОНК; во 2008 кога просветари те штрајкуваа, беше крајно непожелно да си член на СОНК. Тоа јасно се ставаше на знаење на сите просветари вработени на определено време; ако некој и членуваше во СОНК, истапи уште за време на штрајкот,-толку беа силни тие притисоци.Сега пак од пред половина година, не препорака,-наредба е да се членува во СОНК Ама сега СОНК е “добар“ синдикат, што би рекол Груевски - “реформиран“. Како што впрочем,нели требало да биде и СДСМ за Груевски да го заса ка.
Од: sime
Датум: 01.06.2011 10:41:20
Jadni sindikalci,kako ne se bar malku zasramat.
Од: Karokan
Датум: 01.06.2011 11:25:44
И овие што ги видовме пред камерите заедно со премиерот и други “високодостојници“ се водачи (првенци) во Синдикатот!!!Тие и такви,какви што ги гледавме се заштитниците на работниците и борците за нивните права!!!!!!!! Тие се “вистинските“преставници на “славниот“ и “библиски“ народ-МАКЕДОНЦИ.И сега јас треба да копам и гребам за мојот “македонски“ идентитет и со тоа да се идентификувам со таква “багра“.Благодарам,г-да синдикалци,ама јас не сум еден од Вас и не сакам да се идентификувам по етнички код како Вие.Наречете ме како сакате,определете ми каков сакате етнички код,но никако ист со вашиот.Не сум во состојба ни во сон да замислам дека луѓето од мојот етникум се такви-со основни карактеристики што се испод нивото на некои развиени животински суштества.Грците ни го рушеле името!!!Кое име??? Тоа што треба да биде обележје на такви сатрапи кои во коренот ни го рушат духот. Тој дух што живеел во нашите предци и кога не знаеле кои се!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: stojko
Датум: 01.06.2011 12:11:41
Kakov sindikat ikakva drzava za ovaj maloumen makedonski narod uste treba ova e malku dodeka narodot koj zasega e glup ne zemi stapovi i ne udri8 uste ke bidi ugnetuvan od pilistari koi samo gledaat za sebe a za narodot ic ne gi, boli taka mu treba na ovaj seuste ne osvesten maloumen makedeonski narod ne ne biva za drzava sramota
Од: забеган.
Датум: 01.06.2011 13:30:44
Маја-Жално но вистинито нема со мали букви (мажи) отидоа 1941 год.Овие ко мачорине само пуштиле бркови.
Од: Do site komentari
Датум: 01.06.2011 17:04:57
Lele koi sitni dushi polni so omraza(posebno Karokan)! Shto vi e bre lugje a i avtorkata so vas?Ovde se raboti za neshto povazhno od bilo koj politichar ili vlada, t.e. minimalna plata, i toa vo vreme na surov kapitalizam!!!Poteknuvam od rabotnichka familija, i gi poddrzhuvam rabotnicite da se izborat za min. plata, i bash mi e gajle koga se videle so bilo koj, koj kje im dade isto poddrshka!! p.s..mislam deka ova ne e presudno dali nekoj kje go bira N.G. ili ne
Од: bezanec
Датум: 01.06.2011 17:07:10
Каков народ таков синдикат. Не сака да плаќа членарина а сако некој да го брани а смиот член не излегува на протест. На запад синдикатот не преговара ни со влада ни со работодавецот. Правилата на иггар се утврдени и тие не се менуваат,било кој да е на власт,дали бранко,грујо ,љубчо и т.н.ако не ги спроведува т.е.не го плаќа работникот,му се запленува целиот движен и недвижен имот и сите сметки,се раздужува спрема работниците и државата ако остане за него ако не на улица,па нека повторно краде,не плаќа,давачки и работници,ако има смелост нека работи така.
Од: Бок Сер
Датум: 01.06.2011 17:25:30
Хм!Да,ние сме независни,но сепак е најубаво да гласате за партијата која го овозможи работењето на црно на илјадници работници,со паролата „гwадиме“станови за Шерифот!Welcome To Nikola Gruevski http://nikolagruevski.com !Читајте Внимателно!Се продава сајтот,но според адресата,посигурно е дека се продава дури и државата!

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „��олта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""