Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Стимул за матни пари

Катица Чангова

Кампањата го достигнува зенитот. Партиските карвани ја премеруваат државата и по должина и широчина. На патиштата калабалак, едни на север, други на југ. Политичарите митингуваат по градови, гратчиња, села, од утро до вечер. Испорачуваат големи ветувања, целата е да убедат што повеќе гласачи на 5 јуни да го заокружат нивниот број. Така се стигнува до удобната фотелја во законодавната и во извршната власт. Сите ресурси ги ставија на располагање, дури и сопствениот глас, со ризик да го изгубат. Некои лидери и кандидати последниве денови се обраќаат со непрепознатливи мутирани гласови.

А митинзите, тоа се главни емисии на каналите. Не можат да се избегнат. Кој не бил лично таму, за казна ќе гледа на телевизија. Дури и серија не може намира да се одгледа. Наеднаш упаѓа спот, дел од разговор, платена политичка програма...

Солено чини целиот овој циркус со изборните кампањи. Пак остана нејасно од кои куферчиња и чекмеџиња се вадат милиони евра за да се потрошат во дваесет дена? Пред антикорупционерите стигна првиот отчет од партиите. Ситуацијата, многу матна, а така и најдобро се лови. Потрошиле повеќе отколку што примиле. Меѓу нив оро води коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, пропагандата ги чинела десет пати повеќе од спонзорствата.

Кој ги финансира и им подарува толку пари на партиите нема ни сега да дознаеме бидејќи информацијава со децении е државна тајна. Ни топ не го разбива големиот сив простор исклучиво поволен за политичка корупција. Нетранспарентноста им одговара на сите партии и на финансиерите. Кога нема кој да дише во врат, а законските дупки се доволно длабоки, тогаш стимулот за вложување и за трошење е уште поголем. Користа обострана. Ќе ги фати ли некој политичарите и бизнисмените во љубовна прегратка? Досега никој не го можеше тоа.


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: Mane
Датум: 01.06.2011 00:15:23
Она што ме загрижува е што ДПМНЕ троши народни пари, кои ќе треба сите да ги враќаме
Од: Johnny
Датум: 01.06.2011 02:09:22
Koj ja finansira vlasta za kampanja?Pa se znae.Ja finansiraat fizicki lica i firmi koi vrakaat dolgovi kon partijata za premizuvanje za neplatenite danoci,a najgolemi donatori sme nie obicniot makedonski narod,preku kaznite od nekolku iljadi evra so koi ne kaznuvaat a najpoveke od kreditite so koi Grujo ne zadolzi do gusa,koi si gi trosi toj so negovata banda,a treba site da gi vrakame.Toa se tie krediti za koi Stavrevski rece deka gi zemal za zlo doba i za vonredni okolnosti.Ete toa se donatorite.
Од: petre
Датум: 01.06.2011 08:26:41
Sto kritikuvate za finansiranjeto, kritikuvajte go toj sto barase izbori
Од: Сметководителот од Дебармаало
Датум: 01.06.2011 08:29:10
Море луѓе, што е за вмровчињата Милион евра?! Секој од нив, да се пребара по џебовите ќе извади и толку и повеќе, ако треба. Тоа се „чесно заработени“ пари. ДОБРО е, доаѓа време за „отварање на сметките!!!“.
Од: ivo
Датум: 01.06.2011 11:05:27
Vlogovite i investiciite na partiite, donatorite, simpatizerite, podrzuvacite, poznatite i nepoznatite , vidlivite i nevidlivite sekako deka e golem! Enormen bi se reklo! No, kolku potoa ke profitiraat ? Zamislete kolku pati investicii, tenderi , jadenja, pienja...!Zamislete kolku rabotni mesta ke bidat prodavani, za kesh, kupuvani za kesh, trguvani za kesh? Vo zemja na nevraboteni kade se e so mito i korupcija, Partiite se "industrija No1" koja ke trguva so rabotnite mesta a tie se skapi! I Vprocem i da ne e samo kesh vo prasanje, ke se najde nacin za sekakvi, daj mi go, na ti go kompenzacii ! Ne se "ludi" politicarite! Znaat tie deka investiraat vo svojata idnina! I narodot ne e "lud" pa znae sto ke pravi na denot na izborite! Ke investira vo idninata na politicarite , zasto tie "znaat" kako treba !
Од: Regan
Датум: 01.06.2011 12:34:37
Грешката на Груевски е што се реши да му ја задоволи суеатата на б.ц. кој има,во тоа и се колни,единствена цел - да го победи сегашниот премиер па макар по цена и на овие непотребни трошкови,а можеби и повисока цена(како 2001-ва).
Од: До Петре
Датум: 01.06.2011 15:29:18
Абе Петре.... Секој може да бара предвремени избори но само власта може да ги изведе, ако сака. Ти си очигледно вмроовец штом оваа проста вистина твојот интелект не може да ја долови.

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""