Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Се троши ситнеж од европската помош

Се' уште се трошат парите од ИПА од 2007 и од 2008 година, па и тие со притисок од Брисел

Тамара Грнчароска



Речиси една милијарда евра европски пари дадени за Македонија стојат неискористени од Владата. Ова го тврди СДСМ во предизборната кампања, напаѓајќи ја владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека дозволува да стојат непотрошени 270 милиони евра од ИПА-фондовите од 2009 до 2011 година и 733 милиони евра од финансиска поддршка на ЕК што треба да бидат потрошени до 2015 година.

Иако не е на врвот на дебатите на политичките партии во предизборието, ваквиот податок, сепак, ја отвори темата за претпристапните фондови на ЕУ и колку тие се користат за европска стандардизација на земјава. Радмила Шеќеринска-Јанковска, поранешна вицепремиерка за европски прашања, вели дека Македонија во изминатите три години имала на располагање од европските фондови вкупно 270 милиони евра, од кои досега е потрошен мал дел, главно, на странски консултантски услуги, што потпаѓа под првата компонента од ИПА за јакнење на институционалните капацитети. „За овој период подобра искористеност на средствата има кај компонентата за прекугранична соработка, пред се', поради коменаџирање од страна на ЕК“, вели Шеќеринска. Според неа, и тие пари што биле искористени, биле потрошени поради притисокот од страна на ЕК. Таа наведува дека македонската страна досега не направи проект за конкурентност на македонските фирми или, пак, обука за вработените во македонските компании, што како пример можеше да се земе од Ирска - прво нешто што таа го направи за искористување на европските фондови. Според Шеќеринска, причина за тоа е лошата администрација, нејзината партизираност и непрофесионалност, но и немањето интерес од власта, бидејќи европските пари ќе мора да се трошат под строгите правила и контрола на ЕК, и само за тоа за што се наменети.

Проблемот со искористувањето на европските фондови е во тоа што траншите, доколку не се искористат во одреден период, неповратно се губат. Инаку, според проекциите, европските пари наменети за Македонија идните четири години во сите пет компоненти од ИПА изнесуваат вкупно 462 милиона евра. Но, поради доцнењето со користење на средствата од 2009 до 2011 година, може да се доцни и со нивното искористување.

И во Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) сметаат дека Македонија слабо ги користи фондовите, пред се', поради незнаење на администрација да изготви проекти и да аплицира на тендерите. „До јуни 2010 година искористивме само 50 проценти од парите доделени за 2007 година од првата компонента на ИПА за институционална надградба, што е околу 25 милиони евра“, информира Лидија Димова од МЦЕО. Остатокот се троши преку имплементација на проекти дури сега. Од фондовите за 2008 година, па досега само се склучени договори за пет-шест проекти, чија имплементација допрва треба да следува и тоа во делот на јакнење на институционалните капацитети на судскиот систем, менаџирање на децентрализацијата, реновирање полициски станици во делот на гранично управување, поддршка на граѓанскиот сектор. Според неа, голем дел од средствата се потрошени на странска експертска помош за изготвување и аплицирање на тендерите за европските пари. За 2009 година и за 2010 година, според Димова, се искористени минимални пари од ИПА, само за финансирање на ЕУ - Инфоцентарот.

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, оценува дека „неколку македонски влади, од различни политички провиниенции, покажаа дека Македонија може да ги искористи европските фондови, како и дека македонската администрација е способна да изработи квалитетни проекти доколку постои јасна политичка волја што го води овој процес“. Притоа, Боцевски наведува дека тој како вицепремиер ја постигнал стратегиската цел за целосна акредитација на институциите задолжени за ИПА-фондовите. „Меѓутоа, како резултат на засилената партизација на институциите, во последно време гледаме сериозен застој во овие процеси“, наведува Боцевски. Тој гледа решение во целосна административна реформа на институциите вклучени во интегративниот процес за да се овозможи искористување на најмалку 95 проценти од средствата што и' стојат на располагање на државава. Според него, законски треба да одговара секој политички и административен раководител на која било институција што нема да успее да повлече најмалку 95 проценти од средствата од претпристапни фондови.


#
Статијата е прочитана 1155 пати.

Испрати коментар

Од: „Слободен пазар“
Датум: 01.06.2011 08:18:57
Па, дечките не сакаат да работат со пари за кои има КОНТРОЛА, како се трошат. Дечките сакаат, слободен „пазар“, по нивни терк: Ја тебе, ти мене, тој, ако е наш, и за него. А, за државата, народот, кој ги е_е!
Од: bitola troa skolovan
Датум: 01.06.2011 09:17:08
Za cija spremnost da zboruvame za koristenje na parite od tie fondovi ,na decistava sto si igraat so mobilni telefoni?Ajde Vi se molam .Tuka treba da zastanat ludje koi nema da krenat glava od rabota koja treba da se zavrsi,premnogu vreme i pari potrosivme za jaknenje na administrativnite kapaciteti sega se bara realizacija.
Од: petre
Датум: 01.06.2011 09:49:28
Parite se trosat domakinski a toa sto ne se potrosile ne znaci deka nema da se iskoristat Ke se koristat tamu kade sto treba a ne bez vrska kako sto pravea prethodnite Bravo za sekretarijatot i negoviot minister

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""