Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Стевчо и Љубе го плашат премиерот

Спомнувањето затворска казна е дежурна тема на митинзите на опозициските партии и од левицата и од десницата

Билјана Јовановска


Стевче Јакимовски, носител на листа на СДСМ во Третата изборна единица, завчера во дебатна емисија на ТВ Алфа најдиректно го прозва премиерот Никола Груевски за зделките поврзани со Националната платежна картичка, најавувајќи дека по 5 јуни, „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде во затворот во Шутка“.

Спомнувањето на затворската казна е дежурна тема и на митинзите на опозициските партии и од левицата и од десницата. Јакимовски и на митингот во Штип, говорејќи за наводниот криминал на актуелната владејачка гарнитура, порача дека сите актери ќе одговараат, директно посочувајќи дека „цела Шутка ќе биде вмровски затвор“. Тој обвини дека само за НПК „криминалот тежи три милиони евра, а оној за ОКТА 3,3 милиони долари“. Љубе Бошковски, пак, секоја вечер од митинзите најавува дека и тој ќе бил благонаклонет кон Груевски: „Од премиерската плата ќе му плаќам топол затворски оброк, исто како што и тој се грижеше за мене додека бев во затворот во Хаг“.

За ваквите обвинувања вчера се обидовме да добиеме коментар од ВМРО-ДПМНЕ, конкретно од Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации, но тој не одговори на ниту еден телефонски повик. Затоа, пак, Стевче Јакимовски и во изјавата за „Утрински весник“ беше директен: „Груевски нема каде да оди. Се' што говорам е документирано, и за Националната платежна картичка и за случајот ОКТА. Неговата директна вмешаност е чиста како солза бидејќи на скандалозните, криминални документи стои неговиот потпис. Се работи за огромни износи пари, а Никола Груевски, кој во тоа време беше министер за финансии, конечно, ќе мора да одговара. Ќе мора да објасни за што тој го употребувал воениот данок во 2001 година кога се случуваше конфликтот и кога ни гинеа луѓе на Карпалак. Исто како што ќе мора да ја појасни целата постапка за трансферот на државни пари, кој е правен преку фирмата на синот на Благородна Дулиќ. Според мои сознанија, иако во случајот нема ништо спорно, целата постапка ја закочи јавниот обвинител“.

Јакимовски нагласува дека СДСМ не се служи со монтировки, како што тоа во континуитет го прави Владата на ВМРО-ДПМНЕ, туку само ќе инсистира да продолжи постапката за предметот што го предаде Антикорупциска комисија во Јавното обвинителство уште во 2005 година.

И тогашниот претседател на Антикорупциска комисија, Драган Малиновски, вчера ни потврди дека за нив случајот бил многу јасен. Ниту еден од членовите на ова тело кога го разгледувале случајот за Националната платежна картичка, како што тврди, немал дилеми дека постојат докази за сторено кривично дело.

Малиновски во телефонски разговор појасни: „Кога го разгледавме овој предмет, поведовме иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актерите што беа поврзани со аферата. Го доставивме целиот предмет во 2005 година и во повеќе наврати баравме, се интересиравме зошто не се постапува по наодите. Тоа беше една од причините за жестокиот судир што го имавме со јавниот обвинител Прчевски, кој не постапуваше според нашите набележани наоди. За нас антикорупционерите ништо не беше спорно, констатиравме злоупотреби по повеќе основи, но најголемите беа направени преку фирмата ’Вистапроцесинг‘ на синот на Благородна Дулиќ. Само за неиспорачаните автомати за платежните картички, откривме финансиски злоупотреби во износ од над три милиони евра што беа префрлени, односно авансно платени со профактура за набавка на банкоматите“, вели Малиновски.


#
Статијата е прочитана 5320 пати.

Испрати коментар

Од: eu
Датум: 01.06.2011 00:09:28
narod vo mkd zivee mizerno samo izgleda moldavija e poloso no eve zosto kradat na golemo i rasipuivat pa izmisluvat spomenici da kradat uste povece zatoa nema ni za bolni ni za siromasi i nevraboteni makedoncinja osvestete se.....
Од: jovan
Датум: 01.06.2011 00:14:16
Zivi bili,pa videli.Site obekavaat rascistuvanje so kriminalot, a potoa site se dogovaraat i pregovaraat so kriminalcite, a sto e najtazno pa gi pribiraat i vo "koalicija".Site onie koj trebase da se sudat i apsat, i koj razbeguvaa i se kriea, sega povtorno se najgolemi biznismeni, dobivaat tenderi, drzat ministerstva, upravni odbori, funkcii...Nekako se si mislam deka pak sve isto ke si prodolzi.Nikoj od nikogo ovde ne se plasi. Sekoj so sekogo se dogovara.
Од: Јане
Датум: 01.06.2011 00:17:23
Па а ко му е чиста совеста, зошто се плаши?
Од: Johnny
Датум: 01.06.2011 02:21:38
Ove ne e nisto,Kolku aferi i kriminal ke se otkrie posle 5 juni od gospon premier i njegovo lepo drustvo.ne ste svesni.E togas ke vidime na delo kakov vsusnost bil "reformatorot" ni i "prerodbenicite".
Од: Кутлеш
Датум: 01.06.2011 03:02:29
Колку ефтини трикови. Ако има докази, зашто чека да поминат изборите? Откако СДСМ ќе ги изгуби изборите, дали ќе ги чека следните, за да ги видеме доказите?
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 01.06.2011 05:40:26
Никола Гр��евски за зделките поврзани со Националната платежна картичка, најавувајќи дека по 5 јуни, „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најде во затворот во Шутка“.! Eee Ova trebase da ja pokrie prvata strana na Utrinski :Vaka se propagira! A,Utrinski Sramezlivo,po malku i Sokriveno.Naucite! Propaganda Nee; ako Kuce Griznalo Covek,Propaganda e ;Ako Covek Griznal Kuce!
Од: Шваба
Датум: 01.06.2011 07:58:08
некој сака некого без судски процес да пикне во затвор, ама нема да дојде на власт за да го направи тоа, пусти желби предавнички
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 08:04:40
Многу е јасно зошто мистер мр Рејтинг гризе на ред како ранета зверка.А за јадење ги остава за покасно.Но нема да му се пружи шанса.Џабе ке биде ако опозицијата кога ке дојде на власт не ја истера правдината на дело.Се знае чии се јавните обвинители.Само Прчевски не бил последната будала,имало и други.Ке има многу работа за јавните обвинители .
Од: kolera
Датум: 01.06.2011 09:19:32
Velija ke go pustime od zatvor, bidejki e nevin i cist, sin mu ke go pomiluvame, a Grujo ke go besime... so vakov pamet, a toa e pametot sto BC vi go ubrizga, vrakjanje na vlast 2045 minimum...
Од: Milkshake
Датум: 01.06.2011 09:33:07
Posle 5 juni sdsm se raspagja kako partija, potocna treba da se reformira! A za kombe partiite na Ljube i Ljubco nema potreba da se komentira! Site zname deka najgolemiot kriminal vo R. Makedonija se sluci vo 90-te koga na vlast bese tokmu SDSM!
Од: Jas
Датум: 01.06.2011 10:12:19
Gruevski od nikoj ne se plasi,uste ne razbravte??? I toj sigurno pobeduva.Da zivee VMRO DPMNE!
Од: b
Датум: 01.06.2011 10:17:08
Стевчо и Љубе го плашат, од Љубчо е смртно уплашен, Шекеринска му е ноќна мора, а Бранко му е кошмар. Ова е некаков лидер или мало забегано диктаторче?
Од: PredatorMk
Датум: 01.06.2011 11:27:36
Само на луѓе со измиени мозоци можете да им продавате вакви небулози. Кој беше на власт 2005... токму обвинетиот за тенковските делови и заради кој судот беше под невиден притисок и опсада. Зарем да имаше ваков докажан криминал, со докажан партиски јавен обвинител (последната будала во Македонија), и со Ленче Софрониевска, која дрмаше во судската власт, Бучковски ќе му простеше на Груевски?! Или тогаш имале дил, а Груевски подоцна го изумил тоа?! Прикаски за мали деца.
Од: Y
Датум: 01.06.2011 11:29:46
Сериозни закани од страна Стевче Јакимовски, па дури и ќе судел!? Тоа беше во времето на СДСМ, кога беа и тужители и судии и егзекутори! Тоа време нема да се врати(за среќа на македонскиот народ)! А Љубе Бошковски може само да сонува за премиерска плата, па може и за пратеничка да сонува, за да има послатки сни...
Од: jasko
Датум: 01.06.2011 12:01:03
Ni Stefco ni Ljube go plasat, mislam deka e obratno, Stefco i Ljube se plasat od Gruevski, Napred Vmro-Dpmne, pobeduvame!!!
Од: NIGHTMARE
Датум: 01.06.2011 12:05:52
ПА ДОБРО БЕ КЕ ОДГОВАРА ЛИ НЕКОЈ НЕКОГАШ ВО ОВАА ДРЖАВА СЕ КЛЕПТОМАН ДО КЛЕПТОМАН ГНАСИТЕ СЕ ПЕРЧАТ СО НАШИТЕ ПАРИ ГРУЕВСКИ ПЕРЕЛ, БРАНКО КРАДЕЛ А БЛЕСАВ НАРОД, СЕ СТЕГНАЛЕ ПО НИВ КАКО ОВЦИ НАКАЈ ВОЛКОТ МАВТАТ ЗНАМИЊА И МАИЧКИ СИ НОСАТ. ПА СЕ ФРЛААТ ГРУЈО ПРАЕ, БРАНКО НЕ, РАДА КЕ ПРАЕ, ГРУЈО У ЗАТВОР МА НЕМОЈ, ГЛЕДАМ ЗАТВОРИТ СЕ ПОЛНИ СО ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ.
Од: borce
Датум: 01.06.2011 12:13:44
koj i da dojde ke bidi uste beter nema pravda iste se site
Од: Jован АН
Датум: 01.06.2011 12:45:19
Опозицијата зборува за стравовлада,а ваму на секој начин сака да втера страв: ќе апсиме,ќе тераме од работа од чистачки до министри,ќе рушиме споменици,ќе ги истераме сите вработени во МРТВ и потоа ќе примаме само преку конкурс,ќе ги смениме сите судии,ќе ја замениме антикорупциска,итн,итн...
Од: vistina
Датум: 01.06.2011 13:10:53
Najdobro rechenie e narodot da se spasi od ovie dve najgolemii Makedonski partii koj i nanesoja na Makedonija najgolemo zlo da se smestat tamu kade chto im e mestoto vo Idrizovo.Dosta trpevme i dvete partii e unichtija drzavata.
Од: забеган.
Датум: 01.06.2011 13:34:25
Овој коментар од Б ме бендиса.
Од: jas
Датум: 01.06.2011 19:22:49
Moze do utre da se falite ama stravot se gleda gotovo e sdsm pobeduva a vie mislete mu ja za drugoto

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""