Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Сега им текна на зелениот картон

По две и пол години тактизирање, ВМРО-ДПМНЕ, пет дена пред изборите вети поевтинување од 30 отсто

Соња Маџовска



ВМРО-ДПМНЕ пушти срце. Вети дека доколку оваа партија формира нова влада, уште на првата седница ќе го намалела зелениот картон за 30 отсто. По две и пол години анализирање и тактизирање, на само пет дена пред изборите, министерот за финансии Зоран Ставрески вети дека по изборите, конечно, ќе се намали високата цена на зелениот картон. Ако се држат до ветеното и ако ја освојат власта, тоа значи дека картонот, кој за еден месец сега чини 2.450 денари, би требало да падне на 1.700 денари, а за една година наместо 9.840 денари, ќе се плаќаат 6.888 денари.

Оваа информација од Финансии доаѓа откако Србија завчера објави дека од 2012 година возачите од оваа земја ќе можат да патуваат во речиси сите европски држави, без да им биде потребен зелен картон. „Владата направи анализи на состојбите во осигурителните друштва. Имаме и завршни сметки за 2010 година, кои покажуваат дека има простор за намалување на цената на зелениот картон. Можам да најавам дека на првата седница на владата која ќе ја формираме, ќе донесеме одлука за намалување на цената на зелениот картон и очекувам тоа да не биде помало од 30 проценти и за транспортерите и за граѓаните“, изјави вчера Ставрески.

И вицепремиерот Владимир Пешевски, сега кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, не толку прецизно, но најави дека ова прашање ќе биде отворено по изборите. „По изборите ќе се разгледа моделот на осигурување. Повторно ќе кажам, немаат другите земји поевтин зелен картон, туку кај нив осигурувањето за штети во странство е вклучено кај сите осигуреници. Погрешно е да се кажува скап или евтин, туку треба посебно или заедничко осигурување за штети во земјата или странство. За оваа работа мораат и Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањата да имаат координиран став“, изјави Пешевски за „Утрински весник“.

Инаку, оваа Влада повеќе од две години размислуваше дали има простор да поевтини зелениот картон и до пред почетокот на изборната кампања немаше решение. Дали српскиот потег им даде идеја и ја натера и таа да даде ветување за намалување на цената на зелениот картон ? Така, на Србите ќе им треба зелен картон само за влез во Македонија и во Босна и Херцеговина, додека со Хрватска и со Црна Гора оваа држава има посебен билатерален договор.

Од СДСМ велат дека станува збор за матрица на однесување на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период.

„ВМРО- ДПМНЕ, кога беше проблемот со стечајците, потпиша договори по минатите избори. Но, и до ден денес, дел од нив фрлаат со јајца по Владата поради неисполнување на барањата. Втор пример беше минималната плата, а ова со зелениот картон е третиот случај“, вели Зоран Јовановски од СДСМ. Од оваа партија ветуваат дека доколку тие ја освојат власта, централна работа со уредувањето на зелениот картон ќе биде тој да се обезбеди низ максимално ниска цена и да биде достапен на што поголем број граѓани. Тие велат дека ќе преземат прво мерки нерегистрираните возила да влезат во системот за да се зголеми и безбедноста.

Транспортерите го поздравуваат ветувањето на Ставрески, но сметаат дека можело многу порано да се реализира, а не да се чекаат изборите.

„Во секој случај, го поздравуваме ова ветување бидејќи на него работевме повеќе од две и пол години. Од тој пакет беше и либерализацијата на увозот на стари возила. Очигледно, сега по објавувањето на завршните сметки на осигурителните компании, се гледа дека нивната заработувачка е многу поголема. Во предизборен период доаѓа ветувањето, но нам ни е важно да се реализира, иако сметам дека можеше и многу порано тоа да се стори“, вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

Инаку, големиот број нерегистрирани возила, чија бројка се движи од 30 до 50 отсто, и досега беше еден од главните аргументи зошто осигурителните компании не даваа да се измени начинот на плаќање на зелениот картон, односно тој да се плаќа при регистрација на возилата. „Сегашните пресметки за цената на зелениот картон се прават според вкупниот број на возила и бројот на регистрирани. Во земјава има околу 500.000 возила, а се регистрираат околу 300.000. Ние како АМСМ немаме улога во цената на зелениот картон, само сме овластени продавачи на осигурителните компании“, вели Зоран Бундалевски, оперативен директор на „Мобилити брокер“, како дел од АМСМ.

Македонија сега се' уште има најскап зелен картон.


#
Статијата е прочитана 3237 пати.

Испрати коментар

Од: Mane
Датум: 01.06.2011 00:28:04
навистина. Што чекаа 5 години? И залуден им е овој предлог веќе. Видете ги србите. Тие ќе го укинуваат зелениот картон
Од: provokator
Датум: 01.06.2011 00:28:30
Ama ubavo ni doagaat predvremeni izbori koga nekoi raboti ke se resat pobrgu od ocekuvanoto(redovni izbori).Sepak 30% i okolu 7000 den.za godisno osiguruvanje pravi razlika vo semeen buget ama ne e dovolno.Mozebi model za koj site vozila pri registracija ke dobivaat i zelen karton i ke ne cini okolu 1500 den poveke e podobro resenie.Ovie od VMRO DPMNE mnogu pretpazlivi i realni so predizbornite vetuvanja,ne vetuvaat nesto so ne ke mozat da go ispolnat,da bese B.C. sega ke ni kazese deka graganite ke dobijat besplaten karton.Sepak ostanuvam nezadovolen od vetenoto.
Од: mite
Датум: 01.06.2011 00:35:18
bolje sega nego nikogas.. na vas sto ne vi tekna na vremeto ili pak sega da go vmetnete vo t.n. vasa neznam dali da ja narecam programa !
Од: ric
Датум: 01.06.2011 00:51:15
Mora ednas da se namali !!! i sekoj momet e pozelen za namaluvanje na cenata ...i nikogas ne e docna za namaluvanje !!!! Bravo za ovaa inicijativa !!!
Од: laptop
Датум: 01.06.2011 00:59:24
Sega dojde vreme za toa ;) otkako nemozevme 5 godini da se opravime od dupkite sto gi napravi sdsm vo nivnoto vladeenje.. sega poleka poleka se ke so dojde na svoe mesto
Од: kiki
Датум: 01.06.2011 01:16:45
''Samo" dve i pol godini analizi Im trebale da gi namalat cenite.Mnogu se efikasni.
Од: jasko
Датум: 01.06.2011 01:43:15
VMRO-DPMNE bese i ke bide najdobrata partija za makedonskiot gragjanin!
Од: Johnny
Датум: 01.06.2011 01:45:00
A pa sega pred izbori i koga znaat deka im gori pod nozete,tie i kicmite bi gi podvitkale,i remenite bi gi otkopcale,troa.
Од: makedonec
Датум: 01.06.2011 02:06:41
pa poubavo sega nego nikogas.. na sdsm ova ni na kraj pamet nemase da im tekne da go namalat
Од: Реалист
Датум: 01.06.2011 03:47:30
Проблемот со нерегистрирани возила во земјава може наголемо да се менаџира (но не и целосно да се совлада) со една многу едноставна метода: Налепници на ветробранските стакла. Така, полицијата многу побрзо и поефикасно ќе може да ги идентификува и казни оние кои возат нерегистрирани возила. Да не јадам бурек, стварно не ми е јасно зошто никој не вовел налепници веќе 20 години!!!
Од: Mrsul
Датум: 01.06.2011 03:53:53
Ova vistinska vlada sto misli na gragjanite Nisto ne e docna. Samo taka neka prodolzat.
Од: nikolce nz
Датум: 01.06.2011 04:23:28
Kasno stize Marko........!
Од: Mitko
Датум: 01.06.2011 05:32:39
Sekoja cest konecno mu tekna na nekoj da ni pomogne i na nas vozacite! Podobro kasno nego li nikogash!
Од: Шваба
Датум: 01.06.2011 07:51:03
ништо не ви чини на вас, никој до сега не го направи тоа, сега оваа влада го прави, не се радуваме оти поефтинило, се буниме оти е пред избори, а никогашш ако не се случи?
Од: rolo
Датум: 01.06.2011 08:08:11
Kako ne im e sram. V o cel svet ili e bez pari ili po 5-10 evra zeleniot karton, a tie ke go namalile za 30%, toa znaci godisno mesto 99000 denari ke bide 7000 denari. Stvarno e ova glupav narod ako i na ova nasednuvame.
Од: Децата си играат
Датум: 01.06.2011 08:15:20
Лага. како и се друго! После 5 години малтретирање на тутунари, млекари, болни, сега им текна да ги решаваат нивните маки. Пардон, им ветуваат, дека ќе ги решат. Исто како улиците. Исто како се, само голема лага. Кој не гледа, нека му стои, кој гледа, нека излезе да гласа.
Од: Hari
Датум: 01.06.2011 09:06:46
Ocigledno im gori pod nozete, sto uste li nema da vetat , ama narodot se razbudi od rozeviot son osven nekolkku pisuvaci na komentari koj lebot si go zarabotuvaat na ovoj nacin.
Од: dragan
Датум: 01.06.2011 09:56:35
Namaluvanjeto e za dobro samo sepak se manipulira so grakanite.Samo ne mi e jasno kako site okolni zemji mozat da napravat realno presmetuvanje na plakanjeto na zeleniot karton a nasite nemozele.A najgolema glupost e deka imalo mnogu neregistrirani vozila so sto osiguritelnite komp.si pravat alibi.Da se vovede so registracija i da bide simbolicno inaku pak e skapo
Од: zifi
Датум: 01.06.2011 10:09:42
abe duplo neka poskapi samo dagi snema sega se setile i baraat slamka na sred more dase spasat dosta lagi i prazni vetuvanja pozd.
Од: Gordan
Датум: 01.06.2011 10:12:55
Da predvremeni izbori sekoi 2 godini a vie napinjate za diktatura.. isfrustrirani ste od tolku vreme u opozicija duri ne znaete sto zboruvate veke.. inace bravo za vladata za ovaa inicijativa so zeleniot karton
Од: trevor
Датум: 01.06.2011 10:53:36
Срамота Цела Европа без зелен картон вози,цел Балкан без зелен картон вози Хрватска, Србија, само Македонија и Босна се ПРОТЕКТОРАТИ. Само ние мора по 150 Евра да плакаме за да излезиме од државата. Срамота за сите што до сега дозволија да тапкаме и да назадуваме.
Од: светле
Датум: 01.06.2011 10:57:30
Добредојдена е секоја иницијатива. Но зошто Пешевски и неговите не го прифатат вториот пакет на зелен картон, односно 10 евра при регистрација на секое возило. Така секој ќе има шанса за можно патување во странство. Вака за сиромашниот исто му оди, пак за богатите поефтино ќе им дојде. За разликата ќе се почастат едно кафе или софра.
Од: Jovanka
Датум: 01.06.2011 11:12:16
ne da se isfrustrirani, a i koj ne bi bil posle tolku vreme vo opozicija ;) tolku e od vas komunjarcinja izgleda ke si ostanete vecna opozicija.. Inace bravo za vladata za ovaa inicijativa !!
Од: licomeri
Датум: 01.06.2011 11:40:46
ova e uste edno golemo cudo pokraj drugi milioni cuda sto se slucuvaat vo makedonija . nikade vo zapadna evropa zeleniot karton nese plaka samo vo makedonija i na balkanot !!! toa znaci lopovite se ucat megu sebe kako da go kradat sopstveniot (?) narod
Од: EE
Датум: 01.06.2011 12:02:48
Е баш штета сто ке немате можност да го реализирате намаливањето за 30 %,требаше порано да го награвите тоа. Bye bye..vmro-dpmne
Од: Интелектуалец
Датум: 01.06.2011 13:14:45
како не им е срам на тие од ДПМНЕ? Па две години лажат за зелениот картон. Вие бе луѓе без мозок ли останавте па колективно не се сеќавате дека уште лани кажа дека дефинитивно до нова година ќе ги намалиле картоните.Вие читате или само разгледувате вести?
Од: Трпе
Датум: 01.06.2011 13:46:41
Сега пред избори ако треба и панталоните ке ги симнат.Ама ако добијат на изборите,држете му се јако.Долговите направени на нивно име мора од некаде да се плакат.
Од: Daniel
Датум: 01.06.2011 14:44:52
Лажат, лажат и само лажат. Колку што се сеќавам јас пред 4 години зелен картон за 1 месец беше 1.450 ден што значи дека владата ја покачи цената за над 32% и сега продаваат магла дека прават анализи за 30% поевтинување. Каква е тоа анализа што трае веќе 2 години... Ај ви се молам. Најчудно ми е од коментаториве што викаат браво за ова иницијативе хехеех сокакви луѓе живееме...
Од: marko
Датум: 01.06.2011 14:55:01
kako se palite vie VMRO-vcite na eftin populizam, 5 godini ve rabotat na sitno i vas i cela drzava pokraj vas
Од: Zevzekmen
Датум: 01.06.2011 15:20:55
добро си беше скап Зелениот картон, нека не рчкаат. Тие што си тераат бизнис си вадат годишен и не им смета. На ситните риби, што одат еднаш годишно на одмор со кола, во Грција или Албанија, поважно им е да нема таму гужва, бидејќи ако мима гужва и малтретирање на секој корак и цените на апартманите и другите работи ке рипнат. Значи подобро поскап Зелен картон и помалце туристи таму, поефтино ке си поминеш.
Од: skopje
Датум: 01.06.2011 15:57:00
sum videl glup narod, ama poglup narod od makedonce nemam videno, srbite ke go ukinuvaat zeleniot karton vo cela evropa toj cini od 5-20 eur, a kaj nas glupo makedonce se raduva sto ke go namalat za 30% i toa na 5 dena pred izbori, Celi 5 godini se na vlast ne im teknuva sega pred izbori, Najverojatno e i ova uste edna laga na bokserot Grujo, ama za kratko na 5 juni ke dobie takov nokaut sto ne ke znae kako se vika.

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""