Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Интервју

Ќе разговараме и со СДСМ и со ДПМНЕ

Љупчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-Народна

Ова ВМРО-ДПМНЕ е диверзија, историска диверзија
на сето она што било ВМРО во историјата на македонскиот народ

Светлана Унковска


Господине Георгиевски, во кампањите велите - тука сме да ја кренеме Македонија. Толку ли е ничкосана Македонија, па сега треба да ја кренете?

Има нешто што се нарекува реален живот. Кога ќе разговарате со бизнисмени, земјоделци, да не зборуваме за онаа огромна структура од над 30 проценти невработени, тие го чувствуваат тоа. Меѓутоа, не е само тоа проблемот. Проблемот е во тоа што и перспективите не се добри со оглед на фактот дека оваа В��ада, практично, без никаква грижа на совеста се задолжува. Ако нешто не можам да и' простам на оваа Влада, тоа е што толку бесрамно и безобразно ја задолжува Македонија.



Според вас, идната влада мора итно да го реши прашањето за името за брз влез во ЕУ и во НАТО. Нели сте прекомотен околу ова прашање, кое навлегува во идентитетот, поради што можете да бидете обвинети дека сте еден од предавниците?

Секогаш кога зборувам за проблемот со името во првата реченица сакам да истакнам дека Грција апсолутно не е во право и ја злоупотребува својата позиција на вето и во НАТО и во ЕУ. Но, таквата ситуација веќе 20 години трае и можеме ли ние Македонија и натаму да ја држиме во заложништво? Сметам дека можеби сега е идеално време да постигнеме максимум од договорот со Грција зашто е во тешка економска ситуација. Но, мораме да знаеме и да бидеме свесни дека одбраната на уставното име Република Македонија за меѓународна употреба веќе е просто невозможна. Не гледам никаков проблем за идентитетот ниту за каков било национален интерес за име со географска одредница од типот Северна или Горна Македонија.



Прогнозирате распад доколку Македонија не влезе во ЕУ и во НАТО. Врз што ја темелите оваа констатација и по која оска би се распаднала?

Можеби зборот распаѓање е малку прегрубо за оваа фаза, но можам да кажам дека невлегувањето на Македонија во ЕУ и во НАТО не' доведува во несакана, во една тотална некомотна ситуација, а дури потоа доаѓа онаа груба констатација дека има опасност од распаѓање. Во 2012 година Хрватска ќе влезе во ЕУ, Албанија и Црна Гора најверојатно ќе почнат преговори со ЕУ, Црна Гора, исто така, може да влезе во НАТО, а Србија по Младиќ, најверојатно, ќе го забрза својот европски пат. Остануваат само Босна и Херцеговина и Косово со Македонија во друштво. Затоа велам, политички е неодговорен секој оној што ќе ја остави Македонија да биде во ова друштво и секој што има и малку политички резон не треба да му се објаснува што значи ова.



Во кампањата сте најгласни кога се во прашање ЕУ-перспективите на Македонија. Како ВМРО-Народна излезе од патриотското и националното крило и се претвори во посветен евроатлантист.

Тука има два момента. Првиот е, да речеме, моето лично искуство, а вториот момент е нешто што се нарекува реална анализа. Во поглед на проблемот со Грција, јас не гледам никаков заговор ниту од ЕУ, уште помалку од НАТО, а најмалку од САД. Напротив, тие во својата намера да ја внесат Македонија во НАТО и во ЕУ во овој момент се многу сериозни. Сакам да ја отворам таа тема, да размислуваме заеднички, зашто ова не е прашање ни на Никола, ни на Бранко, ни на Љупчо, ни на Ахмети, ни на Тачи. Ова е општомакедонско прашање. Затоа ме нервира кога на последните два избора ДПМНЕ го злоупотреби ова прашање и мислам дека убедливата победа над СДСМ се должеше само на тој фиктивен патриотизам, дека тие го бранат името.



Зошто Македонија дојде до ваков економски колапс? Владата не знае да работи, министрите се лоши или, пак, приоритетите и парите беа погрешно насочени.

Сите влади досега, нормално, беа критикувани, меѓутоа, со сите грешки успеаја да задржат низок степен на надворешна задолженост. Пред доаѓањето на оваа Влада, бевме една од најнезадолжените земји во Европа и тоа беше можеби еден голем адут за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ максимално го злоупотреби тој адут и практично го дуплираа националниот бруто-долг. На 15 септември 2002 година долгот на Македонија кон странство беше една милијарда и шестотини милиони долари, а сега е 6,4 милијарди долари. Значи, колку што сите влади до своето доаѓање ја имаат задолжено Македонија, толку оваа Влада за пет години го дуплираше целиот долг. Таа ги направи и историски најголемите буџети. Во 2001, сосе водење војна, буџетот беше 1,1 милијарда евра, сега е 2,4 милијарди евра. Предимензионираната буџетска политика беше насочена да се остават споменици на нивното време, што е дел од оваа катастрофа на македонската економија.



Велите дека на изборите ќе освоите 15-ина пратенички места. Врз што ја темелите ваквата процена, на анкетите не котирате високо?

Морам да кажам дека Љупчо Георгиевски и ВМРО-НП никогаш немала рејтинг во анкетите. Во 2006 имавме 0,3 отсто, па освоивме 6 пратеници, на последните локални избори воопшто не' немаше на рејтинг-листите, па освоивме 43 илјади гласа, така што ако веќе сега ни даваат 3-4 проценти рејтинг, логично е да очекуваме да ја достигнеме таа бројка од 15 пратеници. Во Македонија никогаш не било позрело времето отколку што е сега да се гласа за малите политички партии за да се разбие монополот на власта, затоа што се покажа дека кога една партија има монополска позиција, едноставно, не знае да функционира на демократски начин. Затоа сметам дека 15 пратеници на ВМРО-Народна партија се основна демократска потреба во овој момент и ние се гледаме како коректор и гарант на демократијата.



Што си помислувате кога ги гледате Вашите поранешни соработници што ги доведовте во партијата и ги унапредивте како фрлаат дрвја и камења против вас?

Ете, јас не знам од каде тој систем во денешното ВМРО-ДПМНЕ. Еден голем дел од нив работеле со мене и тие многу добро паметат дека никогаш не сме се заканувале, уценувале спрема никого, ниту, пак, имало притисоци. Системот на заканата, уцената и пресијата како да е веќе системска категорија вградена во оваа политика. Честопати го цитирам Черчил, кој има речено - за да ја видите демократијата на една држава, видете ја нејзината казнена политика, а ние имаме најжестока казнена политика во Европа. Вториот елемент на таа политика на репресија го гледам преку системот на закани и уцени, кој стана разработен метод во ВМРО-ДПМНЕ.



Како од оваа временска дистанција гледате на Вашата поддршка што му ја дадовте на Никола Груевски за да застане на чело на партијата? Се каете ли денес кога ја гледате оваа ВМРО-ДПМНЕ?

Зборот каење можам да го употребам за многу кадри во овие 20 години, а можеби и за многу потези.



Како да се покажавте лош кадровик

Да, апсолутно, го признавам тоа секаде дека кадровската политика ми е промашена. Но, во тоа време проценив дека јас не сум личноста што може да и' донесе на ВМРО-ДПМНЕ уште една победа. Се повлеков зашто навистина сметав дека Никола Груевски може да биде личноста што ќе ја донесе победата. И од аспект на геостратегијата не сум згрешил, тој победи, но од аспект на човечките релации и од аспект на многу други елементи, очигледно сум згрешил. Никола Груевски што го знаев беше единствен човек кого не го интересираше дневната политика, а уште помалку можевте да го најдете во некое друштво каде што дискутиравме за историјата на Македонија. Мислам дека основната грешка му е што отиде во сегменти, кои вештачки ги спои со неговата економска платформа и мислам дека тука се изгуби.



Во кампањата Груевски не Ве напаѓа премногу. Мислите ли дека со тоа Ви ја остава вратата подотворена по изборите. Имате ли вие свои услови?

Тоа што нема фронтален напад директно од Груевски не значи дека и кога Латас и компанија напаѓаат не го препознавам потписот на актуелната Влада. Второ, кога нивните кадри одат и ги напаѓаат нашите претседатели и членови на комитети со најразлични бесрамни понуди, исто така, се работи за една смислена политика. Кога зборувам со моите комитети и ги прашувам со која партија сакате да одиме по изборите, убедливо најголем процент кажуваат дека СДСМ им се поблиски од ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради тој однос што тие луѓе се секој ден малтретирани од локалните началници, локалните директори од локалните партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ.



Доколку по 5 јуни бидете партијата што ќе го одредува парламентарното мнозинство, што ќе биде пресудно за да се свртите кон ДПМНЕ или кон СДСМ.

Ќе има разговори и со едните и со другите. Вратите не ги затвораме за никого, но сметам дека прво треба да се постават некои односи. Со СДСМ имаме само политички, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме и идеолошки теми. За нас еден од приоритетите е подготвеноста на политичките партии да го затворат проблемот со името и да влеземе во ЕУ и во НАТО. Тоа ќе биде едно од приоритетните прашања што ќе ги поставиме на маса.



Претходно велевте дека практикувате хедонизам, пред некое време рековте дека сте средно богат бизнисмен. Кој беше мотивот што се вративте во политиката?

Од самиот почеток јасно кажувам дека и кога не се занимавам со политика, јас сум хомополитикус. Моментот на враќање во политика треба да се гледа исклучиво преку политичкиот предизвик. Три политички предизвици се - првиот е што навистина чувствувам дека демократијата во Македонија е загрозена. Вториот момент е оваа „политика на ној“ со Грција, која сметам дека Македонија ја фрла надвор од сите процеси во кои треба да се движиме и третиот предизвик е самата политика на ВМРО-ДПМНЕ. Ова ВМРО-ДПМНЕ не можам да го гледам, не можам идеолошки да сфатам што се случи. Ова ВМРО-ДПМНЕ е диверзија, историска диверзија на сето она што било ВМРО во историјата на македонскиот народ. Тоа се тие предизвици што едноставно ме кренаа од пред телевизор.


#
Статијата е прочитана 4087 пати.

Испрати коментар

Од: Apostol Pavle
Датум: 01.06.2011 00:21:54
Interesno e sto covekot LJUBCHO GEORGIEVSKI..se pojavuva sekogas koga Istoriski hronoloshki i Sudbonosno e Najvazno za IDNINATA i ISTORIJATA NA MAKEDONIJA !!! taka bese vo 1990, potoa vo 1998 i sega koga praktichno Makedonija se naoga pod istoriski Gordiev jazol..koj ocigledno e deka "NOVIOT ALEKSANDAR MAKERDONSKI" ne Smee da go pazresi ili Ne saka da go presece jazelot...
Од: provokator
Датум: 01.06.2011 00:58:51
Od diplomiran na jugoslovenska knizevnost preku nevraboten,vodac na nacionalnata partija,do premier,zemanje provizii za prodazba od telekom i OKTA,sopstvenik na golem broj drzavni firmi frleni vo stecaj,dobivanje bugarsko drzavjanstvo,iznesuvanje na kapitalot od Makedonija na negovi privatni smetki,bezgrizno postpremiersko ziveenje,covek koj sega se deklarira kako sredno bogat biznismen a site biznisi mu se na granicata na kriminal,covek zelen za uste malku vlast i privilegii od drzavata,taka jas go gledam Lj.G.ednas ti veruvav i nikogas poveke a vie narode kako sakate.
Од: Кутлеш
Датум: 01.06.2011 01:11:14
Па не бил само Бранко опседнат со Груевски! И така Георгиевски наоѓа само забелешки на Груевски, многу несериозно е и да помислува да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ! И самиот пред десетина дена кажа дека 70% од членството биле за коалиција со СДСМ! а според програмата што ја нудат и угледот кој го имаат, тешко дека НП ќе бидат од интерес за било која партија за коалицирање!
Од: jasko
Датум: 01.06.2011 01:44:29
VMRO-DPMNE bese i ke bide najdobrata partija za makedonskiot gragjanin!
Од: makedonecot
Датум: 01.06.2011 02:12:12
Ke si dojdes ti kaj nas taka mi ide mene rabotava .. ke si dojdes kaj reformite ;)
Од: Dusan
Датум: 01.06.2011 06:30:27
Golema doblest e kaj sekoj covek da go promeni mislenjeto da se nadgraduva i da gi pepoznae greskite koj gi napravil.Vo makedonija nemame visioner site mozat da bidat politichari ama visioneri ne zatoa Georgievski e vo pravo koga go opravduva negovoto vrakanje vo Politikata.VMRO_DPMNE sem ubavo sto zvuci za uvo e se samo demokratska partija na Makedonsko nacionalno edinstvo zato sato me potsekaat na Miloshevik vo vremeto da ismislat sto poveke neprijateli na makedonija . Patriot e onoj koj ke napravi poveke prijateli a ne neprijateli po nivnite arsini pola Makedonija se predavnici samo DPMNE se patrioti sto nema nikakva podloga.Makedonija zivee po demokratijata kako Severna Koreja pa za toa li sme vo srceto na evropa da ziveeme so diktatori .A dali se ziveelo podobro vo Vremeto na Georgievski tuka e nepobiten fakt standardot na gradjanite zadolzenosta na drzavata i nevrabotenosta.
Од: свето
Датум: 01.06.2011 07:04:19
Еден од ретките реални политичари во земјата. Поздрав и голем успех на изборите
Од: Aco
Датум: 01.06.2011 08:16:39
persona no grata tvoeto mesto e vo Bugarija nema sto da baras vo MK eeeee Narode gledajte pa glasajte ...
Од: petre
Датум: 01.06.2011 08:34:25
Ajde neka si odi so SDSM ,so mafijasite ,tamu mu e mestoto Sram da mu e, ke ja prodade drzavata
Од: fitipaldi
Датум: 01.06.2011 08:56:36
kadrovskite resenija mu se povekje od odlicni blagodarenie na niv seuste e mnogu mnogu aktuelen i popularren na politickata scena identicno kako i vo slucajot kaj levicata. No smetkite ke se isporacaat vo prvite 12 meseci posle ovie izbori......so srekja....
Од: Svetle
Датум: 01.06.2011 09:39:29
Ah Ljubco .. kakvi 15 dobro e ako vlezete ti i Dodovski za se drugo e stvarno senzacija.. slepi ste po gradovite kakvo e raspolozenieto za ona sto go ponudivte?.. simpaticno da ne vasiot glas e vreden za 15 pratenici.. imate vo np clenovi koi ne gi stavivte na lista oti imaat pogolem rejting od vas.. pa kako togas do rezultati.. dosta vi e eden ili 2 pratenici toa e premijata vasa.
Од: patriot
Датум: 01.06.2011 09:41:27
ako vi preci toa sto Georgievski e realen-toa e vas licen problem, no i samite znaete deka NIKOGAS vo vakvo predavnicko gnezdo nema da se vrati Georgievski. A toa sto samo so zakani uceni i lagi terate izbori i REFORMI ke vi izleze rezultatot na 05 juni-ke dobiete crven karton od narodot na drzavata nasa a pred se od vasite clenovi
Од: saso kumanovec
Датум: 01.06.2011 10:09:12
samo Ljupco ja zboruva istinata za momentalnata sostojba vo Makedonija za koja narodot ke vidi deka e taka no ke bide kasno. osven zadolzuvanja i kriminalni dejstvija od strana na gruevski makedonija nema da dobie nisto drugo. narode osvesti se i pogledni ja realnosta.
Од: Maxi
Датум: 01.06.2011 12:17:00
ej, bre luge ovoj uste li veruva deka makedoncite mu veruvaat??? ovoj e tazzen lik samo pluka po protivnicite i nisto ne pravi drugo!!! ljubco, aj vrati se vo sofija v'majka blgarija., so zdusa i srce te chakaat tamu...
Од: realen
Датум: 01.06.2011 12:18:00
Dodovski sigurno vleguva vo idniot Parlament , Lj.G. ke bide na granicata od osvojuvanje na mandat , a ostanatite od NP neka si ja probaat srekata na narednite izbori posle 4 godini. Aj so sreka!
Од: Lida
Датум: 01.06.2011 12:46:24
ZA provokatorot edno malo potsetuvanje-Koga Ljubce zemase provizii i prodavase sto mu doslo do raka keseto mu go drzese tvojot Nikola G. E se nauci covekot i si go pribra keseto za sebe-zosto da zema troski koga moze kako ucitelot da si zeme kolku mu treba - cist komunizam,. А be,кako na vas ne vi e sram za cesnost da zboruvate- milioni,ma milijardi evra spiskaa ko da im se nasledstvo. Mrs!!!!!
Од: лирија
Датум: 01.06.2011 13:01:08
Георгиевски е единствениот политичар и човек кој заслужил подршка,зошто има визија како најбезболно да се реши спорот со името и влезот во ЕУ,барем е најпаметниот од досегашните веке видени и неуспешни актери
Од: Kole
Датум: 01.06.2011 13:17:11
A ke glasa li negoviot milenik Vanco Mihailov za nego?
Од: Jovanka
Датум: 01.06.2011 13:28:30
Si ja gleda narodot realnosta i nikogas nema da glasa za ovoj bugarofil koj uste od pocetokot na izborite znae deka ke vleze vo koalicija so sds (ke ja predade svojata rasa, a i najvise za toa go biva - predavnik) a i vakvi ne ni trebaat vo vmro
Од: do provokator
Датум: 01.06.2011 13:42:48
lider se raga,ne se stvara.bravo lubco.
Од: дпмневчиња
Датум: 01.06.2011 13:54:11
Сите до пред некоја година се колневте во Љупчо,а сега го плукате по наредба.Утре пак ќе се колнете во него.а ќе го плуката Грујо!Тоа се вика дпмневче!
Од: Borg
Датум: 01.06.2011 14:01:20
Војводата Љубчо Георгиевски е десет класи над својата конкуренција. Напред војводо, ќе ги распаднеме на 5-ти јуни!!!
Од: Istocna Makedonija
Датум: 01.06.2011 14:40:42
Licno doziveano!.Koga Ljubco go forsirase za ne- gov naslednik vo partijata Gruevski,kontra konku- rentot M.Gorcev 2003 godina,zapocna eden proces na eliminacija na starite VMRO-vci.Klucnite pozicii gi zemaa dojdenci od DA,LDP,duri i od SDS|M.Ova bese uste poizrazeno 2005-06 godina da go znaat nekoi megafoni kako Jovanka i dr.koi i ne znaat ili im e naredeno da ne znaat koj ja formiral VMRO- DPMNE.Ne znaat ili se pravat na gluvi koga eden nas aktuelen ministr so ljubov govori bugarski i ko ga mnogu od niv gi imaat i pasosite i drzavjanstva- ta.Edinstveno e grev ako Ljubco ima bugarski pa- sos,a drugite mozat da imaat bugarski,srpski,ces- ki i.t.n.Nekoj nov-neo tip na ednoumie-besumie vo ,,naseto,,VMRO-DPMNE.Ako ne si so mene,si protiv mene.Tuka n ema prosperitet,tuka nema pomos.A najsmesni se finite,skoro dojdeni koi zi- veat vo oblaci i se ponesuvaat kako se da pocnuva od niv,se izmislile,a se ograniceni metar na metar.
Од: Nekoj
Датум: 01.06.2011 14:55:19
За организмите - без’рбетници учевме по предметот биологија дека се наоѓаат на најдолните скали од живите организми, како примитивни животни. Во литературниот јазик со такви ги нарекуваме оние кои немаат цврсти ставови. Љубчо е еден таков. Бугарофил, човек со бугарско државјанство, а сега се спрема на преговори со СДСМ. Ова е едно размислување за оваа личност. Втората е дека тој е сеирџија, злобен човек, кој континуирано дава смислено контрадикторни ставови, со цел да ги меша плановите на левите и десните. Господе заштитија Македонија од политичари сеирџии, злобници, луѓе со ладни и грабливи срца, луѓе кои своите налудничави идеи ги објавуваат како национални идеали. Господ да ја благослови Македонија.
Од: bezanec
Датум: 01.06.2011 16:54:24
До идната влада на Македонија. Четирите букви ВМРО,кои се предзнак,на историската борба за самостална обединета Македонија,со закон да се забранат и да останат во историјата,за да не бидат злоупотребувани. Бидејки од тие свети четири букви произлегоа многу партии со предзнакот ВМРО. Крајно време е со злоупотребата,бидејки цела Македонија е ВМРО .
Од: VP
Датум: 01.06.2011 18:52:43
За сите оние кои брзаат да испратат Л.Г. на пензија во Бугарија - не се толку хабете - ќе го прифатиме - нема да биде првиот Македонец кој ќе има шанси за претседател или примиер-министер на Бугарија.
Од: tocnoto vmro
Датум: 01.06.2011 19:02:38
Ljubco, ima soliden plan na ekonmski aspekt, planot za amnestija na drzavniot kapital i of sor zonata mu e poveke od odlicna idea. Covekot ednostavno si ja brani ideologijata i ne luta.

Најди! во Утрински
Насловна
Му фрли око на Надал
Стигна вистината за хеликоптерската несреќа кај Блаце
Славата, митот и крвта на ВМРО (3)
Се троши ситнеж од европската помош
Стевчо и Љубе го плашат премиерот
Сега им текна на зелениот картон
За што „да“ и за кого „не“?
Поголеми гради од бабите и од мајките
Гинекологија отворена само за сликање
Синдикален срам
Некогашната ќерка на Шер ја отвори душата
Стимул за матни пари
Се чувствува како фрлено книжно марамче
Време за карикатури
Прилепската фавела - Три Зла
Пандев
Завршува пријавувањето на немоќни и болни гласачи
Стојан од Крупиште произведе најдобра „жолта“ во Европа
Во Сирија убиени најмалку 30 деца
Цената на нафтата скоро 103 долари за барел
Во петок прво појавување на Младиќ пред судиите
Онлајн вести

"""