Рики Мартин
Латиноѕвездата сака да се венча во Порторико

Пејачот Рики Мартин изјавил дека би сакал да му се даде можност со својот партнер да се венча во родното Порторико. Мартин во британскиот „Гардијан“ раскажал дека нема конкретни планови за венчавка со партнерот, со кој е заедно четири години и со кој има посвоени близнаци, кои им ги родила сурогат-мајка.
„Смешно е што никогаш не сме разговарале за тоа, а сега тоа прашање постојано ми се поставува во интервјуата“, навел пејачот и додал дека „се' уште“ не планира брак, туку остава да го стори тоа „кога ќе дојде време“.
„Би сакал да ми се даде можност да се венчам во својата земја, но, за жал, таа можност се' уште не постои за нас... Се надевам дека ��е го доживееме тоа, дека моите деца тоа ќе го дочекаат“, рекол Рики Мартин. |